Романо баш го следам и никаде не вика дека Дибала одлучил да остани. Туку дека во моментов се преговара и има некои точки кои треба да ги дискутираат како маркетинг правата итн...
Со носење на Лукаку изгледа дека Манџукиќ го редите на пазар и ние сме изгледа заинтересирани затоа што ќе ни треба бекап опција во нападот како него. Играч кој знае да игра со глава пред се и да има осет за гол. И за тоа се споменуваат цифри од околу 15м.
Како и да е, ќе се знае се во наредните денови...ама мислам дека едно е сигурно, а тоа е дека Лукаку има големи шанси да заврши кај вас. Интер се повлече од игра така да тоа дополнително говори дека дестинацијата ќе му биде Торино. Дали ќе биде чисти кеш, глава за глава со Дибала со евентуална наша доплата или некоја друга можност ќе видиме...
Мислам дека Погба кај нас има дадено џенталменски збор дека ќе остане уште годинава, а нашата соработка со вас би значело уште позатоплување на односите и ништо чудно тоа да води до ваше враќање на Погба следното лето. Моја претпоставка е ова сепак...