Премногу ми е сумлива работава со Дибала, првпат да видам да бркаат играч со сила после Дел Пиеро (ОК, Алекс имаше зрели 37 години кога го напушти клубот). Од нигде никаде испадна целава ситуација со Пауло... ова веќе не ми изгледа како мерење на курови со Интер, дека овие и официјално се одкажаа од Лукаку пред 2 дена, поточно неможат да дадат сума поголема од 70 мил евра.
Во цела оваа збрка, Сари е некако тивок... цело време викаше дека го планира Дибала у прв тим, а сега кога е пред трансфер во Јунајтед, нигде го нема со изјава. Ете денес ќе разговарал очи во очи со играчот
мене ми изгледа дека управава му кажала да не рачуна на услугите на Дибала.
А вака кога ќе размислиш, Дибала прошлата сезона беше единствениот играч кој изгледаше незадоволно од Алегри, и честопати неговите испади и однесувања беа предмет на дискусија. Може и тоа да е една од причините што решиле да го даваат, да нема дополнителни проблеми Сари со екипата.
А трета опција е што можеби има премногу крила во тимот: Коста, Роналдо, Бернардески и Квадрадо, па решиле дека овој ќе е непотребен. Или пак се отвара пат идната сезона да го капарисаат Киеза од Фиорентина, па тој да биде новата 10ка на тимот (дека е жабар)
Незнам, премногу прашања има овој случај... да видиме денес што ќе се деси на состанокот со Сари.
П.С. покрај Дибала, Паратичи е во Лондон за трансферите и на Кансело, Манџукиќ, Кеан, Кедира, Перин и евентуално Ругани ако стигнела мрсна понуда.