Првиот оригинал дрес што го имам од Јувентус е на Маркизио. Дефинитивно најомилен играч.
Но реалноста е таа колку и да е црна. Подобро да замине отколку да дреми на клупа. Факт е тоа, непобитен колку и да ни се допаѓало тоа. Тој сака да игра повеќе првотимски фудбал, а Јуве не може тоа да му го пружи. Како што и самиот си напиша на Инстаграм, тимот е пред се и над се. Така да свесен е дека покрај Пјанич, Емре Чан, Матиуди, Кедира па и Бентакур (за кого беа одбиени солидни понуди) тешко дека ќе дојди до игра.
Така да мене лично повеќе жал ќе ми беше да го гледам постојано закован за клупа отколку во друг тим. Сам си кажа дека нема да игра покрај Јувентус во друг Италијански клуб, па сега ќе видиме. Мое мислење е дека ќе замини во Америка.
Нека му е со среќа и се најдобро.