За оваа неуспешна сезона виновни се сите, од играчки кадар, Управата,Медицинскиот тим, итн.
1.Играчки кадар.Летниот трансфер рок, се купија Диего, Мело, Гросо, Канаваро, и Касерес. Сите го сместуваа Јувентус заедно со Интер како главен претендент за освојување на Скудетото. Диего беше еден од најдобрите играчи минатата сезона, играше на високо ниво, а сметам дека воопшто не игра лошо во Јувентус,секогаш е од играчите кои најмногу трчаат и најмногу се трудат, а познато е дека Италијанската лига е поквалитетна од Германската, и потешко е да се снајди играч. Мело во Фиорентина покажуваше одлични игри, а беше брилијантен на Купот на Конфедерации. Управата на Јуве доживеа доста критики за ангажманот на Канаваро, па и за Гросо.
2. Управата (заедно со Липи). Пред почетокот на летниот трансфер рок, Блан на неколку пати беше виден во друштво на Марчело Липи. Марчело Липи беше иницијатор на враќањето на Канаваро во Јувентус, иницијатор на ангажирањето на Фабио Гросо, а не му успеа иницијативата за Џузепе Роси и Гаетано Д`Агостино, поради превисоките суми кои ги побараа Виљареал и Удинезе. Липи беше иницијатор на поставувањето на Чиро Ферара на клупата на Јувентус, и таа иницијатива му беше прифатена од Управата.Чиро на пријателските натпревари одлично го водеше тимот,и сите од Управата, а и навивачите беа убедени дека Чиро има капацитет да го води клубот. Но по катастрофалните натпревари и резултати, Чиро беше сменет од Закерони.Веќе се поизвесниот голем ремонт на Јувентус наредново лето треба да почне од Управата. Блан и Секо може да останат (Блан задолжен за финансиите, Секо може да се врати на позицијата на која што беше пред да стани Спортски Директор). Јуве треба да ангажира Спортски директор, еден од: Пјерпаоло Марино (поранешниот Спортски Директор на Наполи кој во моментов е без ангажман, Бепе Марота од Сампдорија, а се споменува и Франко Балдини (aсистентот на Фабио Капело во Англиската Репрезентација) кој би дошол ако Капело дојде во Јувентус. Бетега одлично си ја врши работата (успеа да се ослободи од Тиаго и Молинаро, а го ангажираше Кандрева кој досега се покажува како одличен потег). Потоа, за Претседател треба да биде назначен Андреа Ањели. Ако биде назначен Липи за Претседател, мислам дека наредната година Јуве нема да земи звучно име за тренерската позиција, бидејќи добро е познат Липи дека сака се да биде по негово, и ќе сака да има тренер на Јуве што ќе му биде послушен(токму тоа беше проектот со Чиро Ферара).
3.Медицинскиот тим (заедно со Управата) се горе-долу најголеми виновници за огромниот проблем што Јувентус го има сезонава со повредите, проблем кој многу влијае врз прикажаните резултати.За споредба, на полусезона Интер имаше 27, Милан 21, а Јувентус 55 повреди.На Управата дури пред една недела им текна дека климата и земјиштето на тренинг центарот во Виново не се многу погодни за тренинг, нешто што Капело го посочуваше уште во 2005 година, и на уште неколку пати на спортски емисии на Скај Спорт токму за тоа е дебатирано. На Управата на Јуве дури сега им текна да испратат стручни лица кои ќе ја испитаат цврстината на земјиштето на тренинг центарот, и веќе влето да го направат попогодно за тренинг со вградување на подземни цевки кои ќе ја омекнуваат земјата.Пример, Маркизио,Јакинта и Буфон (минатата сезона и Амаури и Трезеге) се правеа потполно иста операција на колената, што се премногу операции за да се верува дека се случајни, а 90% од вкупните повреди на Јувентус, се повреди на мускулатурата на играчите.