Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Толку од јаката одбрана на Бари
30 и некоја минута: 3-0 од Рома
Играат и Раночиа и Бонучи
Па одбраната на еен тим зависи од сите играчи вклучувајќи ги и напаѓачите а не само одбранбените, и ако примат гол/ови и право слаби се за вас
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Доколку Ханданович нема свој ден лесно ќе ги победиме Удинезе. Али доколку Словенецот се разбрани тогаш може да биде доста напорно. Како и да е , со Сисоко и Мело во средината треба да ги изгазиме ... добрите одбрани на голманот зависат од тоа колку ќе бидат добри нашите шанси и удари.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Ајде момци вечер да си земеме планирани три бода и да го одржиме чекорот со Интер. Не очекувам ништо да оставиме на случајот и да се случи нешто непредвидено како со Наполи.
Алекс и се е можно верувам во уште поголема промена на играта на целиот тим
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Не зезај брат дека со Удинезе бодовите не се планирани уште пред почетокот на сезоната. Ако екипа од рангот на Јуве стигнала на ниво да не планира бодови со екипа од рангот на Удинезе, тогаш што останува за мечевите со некој далеку посилен тим. Сето тоа што ни го направиле во изминатите две сезони било само обично изненадување и ништо повеќе од тоа. По твојава логика и со Реџина до лани не биле планирани бодовите затоа што 2-3 сезони по ред и бевме редовни муштерии на гостувањето. Сите тие се мали екипи за Јуве и само лузерот Раниери наоѓаше изговори од типот дека противникот ни бил квалитетна екипа, сме немале среќа и ред други слични глупости. Јас во името на Удинезе не гледам квалитетна екипа, барем не за да се споредува со Јувентус и вечер се освен наша сигурна победа би било огромно изненадување, рамно на сензација.
Плус, доаѓаат со доста ослабен состав во Торино. Не игра најдобриот поединец на Удинезе оваа сезона, Ди Натале, исто така го нема и Пепе, и уште неколку играчи. Како што изјави и Киелини, вечерашниот натпревар е од огромно значење за Јуве, и од огромно значење е да се забележи победа. Сепак, треба да се обрне внимание на Д`Агостино кој најверојатно ќе даде се од себе да се докаже токму против Јувентус.

Во тимот се врати Дел Пиеро, исто така и Сисоко најверојатно ќе биде стартер и се надевам дека тандемот Сисоко/Мело ќе ја повтори играта со Сампдорија. Ако Јуве игра на ниво, нема да има никаков проблем да забележи победа над Удинезе.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Ханданович,Запата,Баста,Инлер,Д'Агостино,Санчез,Пепе,Флоро Флорес,Ди Натале
Имаат девет добри играчи. Освен натпреварите со Интер,Милан и Рома нај незгодни се Удинезе,Палермо,Џенова и Сампдорија. Снајдер ги спасваше Интер 93 минута против Удинезе. Лани на почетокот на втората полусезона против Удинезе го изгубивме чекотор со Интер. Јас очекувам мноооогу тежок меч
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Ханданович,Запата,Баста,Инлер,Д'Агостино,Санчез,Пепе,Флоро Флорес,Ди Натале
Имаат девет добри играчи. Освен натпреварите со Интер,Милан и Рома нај незгодни се Удинезе,Палермо,Џенова и Сампдорија. Снајдер ги спасваше Интер 93 минута против Удинезе. Лани на почетокот на втората полусезона против Удинезе го изгубивме чекотор со Интер. Јас очекувам мноооогу тежок меч
Имаат добри играчи, но тројцата што ги болдирав во твојот пост нема да играат, така да ослабени се Удине вечерва, што е голем плус за нас. Доколку одбраната не им изигра на ниво, нема да имаме тешка задача.

Од друга страна, кај нас се враќаат клучни играчи (Дел Пиеро, Сисоко...), што е уште еден плус за нас. Најверојатно ќе почнеме со 4-2-3-1 формацијата, а Дел Пиеро ќе има предност пред Себа на позицијата лево крило. Не знам колку е подготвен Алекс за 90 минути, но ако не е, добро би било и Џовинко да добие минутажа.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Некаде прочитав дека Сисоко не е во probable постава. Мело/Маркизио беа. Мислам дека е подобро да игра Поулсен на оваа позиција. Сепак повеќе тепање треба
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Некаде прочитав дека Сисоко не е во probable постава. Мело/Маркизио беа. Мислам дека е подобро да игра Поулсен на оваа позиција. Сепак повеќе тепање треба
Маркисио не е ниту повикан. Ако не стартува Сисоко , на негово место ќе биде Поулсен во тандем со Фелипе Мело.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Некаде прочитав дека Сисоко не е во probable постава. Мело/Маркизио беа. Мислам дека е подобро да игра Поулсен на оваа позиција. Сепак повеќе тепање треба
Maркисио нема да игра, не е повикан. Најверојатно Сисоко ќе игра, ијако и Поулсен да биде во стартние 11 не би било лошо, имам доверба во човекот, сезонава супер игра. Како и да е, Момо ќе добие одредена минутажа вечерва гарант.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Maркисио нема да игра, не е повикан. Најверојатно Сисоко ќе игра, ијако и Поулсен да биде во стартние 11 не би било лошо, имам доверба во човекот, сезонава супер игра. Како и да е, Момо ќе добие одредена минутажа вечерва гарант.
Доколку е спремен Момо, јас сум за тој да игра стартер и да добие шанса пред Поулсен.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
ајде Бјанконери уште вие останавте да тепате за ова коло :helou:

зафркнат противник се Удинезе тоа е јасно али дома играте, мора да го задржите чекорот со Милан и Интер :smir:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Доколку е спремен Момо, јас сум за тој да игра стартер и да добие шанса пред Поулсен.
Секако дека Сисоко има предност, но доколку не е спремен целосно, може да почне и од клупата, па доколку е потребно, да влезе. Но сигурен сум дека и Поулсен да биде стартер, одлично ќе си ја врши работата. Првата утакмица во Серија А (ваљда прва му беше.. :)) ја изигра токму против Удинезе, и супер се покажа.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Според Tuttosport Мајсторот ќе ја почне утакмицата на клупа, а во прв состав ќе игра Џовинко заедно во линија со Диего и Каморанези. Позади нив Мело и Поулсен.
Значи Алекс и Момо стартуваат од клупа најверојатно. Цики ќе оди на испробана варијанта :wink:

FORZA JUVE, io aspetto una nuova vittoria!:tv:

Едит:
Live статистика од утакмицата

Дефинитивно Алекс на клупа, ми изгледаше малку лут додека пристигнуваше во стадинонот, Момо прв состав.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Сисоко ќе стартува на местото на Поулсен , а Дел Пиеро на клупа .

ЕДИТ ... Сепак изглеа Поулсен ќе стартува
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Сисоко ќе стартува на местото на Поулсен , а Дел Пиеро на клупа .

ЕДИТ ... Сепак изглеа Поулсен ќе стартува
Да, го свртија на линкот што го постирав погоре.
Чекам потврда на Sky Sport 1 за официјалните состави.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom