Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Koj бабати така ти кажа или некој друг?Дај бе не биди пристрасен признај како стојат работите.Тим од калибарот на Јувентус во последните 20 минути да нема шанса и да му играат на сопствениот шеснаесетник како да бркаат гостите победа,а при нерешен резултат значи дека не штима нешто.Не го спомнувај зборот ТРЕБАШЕ.И јас требаше еднаш да ебам манекенка па не ебев:toe:Биди објективен
Затоа што Јакинта ви спаси две 100% шанси од пред гол шутнати од други играчи и плус уште неколку негови шанси што ги утна. Затоа што вие немавте ниту една конкретна шанса за гол.

Затоа!

Биди и ти објективен дека не изигравте ни вие ништо посебно.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Сисоко се пазеше од повреда. Влегуваше во дуелите многу слабо и најчесто ги губеше. Како да небеше 100 % спремен. Мило ми е за неговото враќање , али не сум презадоволен од она што го покажа. Не е тоа ради негова вина сепак, долго беше повреден и нема што да му се замери.

Туку остајте го Сисоко. Јас не го видов Мело во второ полувреме. Играше само првите 30 минути после тоа се изгуби целосно. Го немаше нигде. Затоа и немавме игра во средината. Диего исто така слабо. Ова не е ни 10 % од неговиот целосен потенцијал. Значи да резимираме со средината ... Мело ептен слабо , Диего слабо , Сисоко се пазеше и неидеше со жестина во дуелите со која сме навикнати да го гледаме. Поулсен беше најдобар од средњаците и по негова асистенција падна голот. ВО второ полувреме и тој се изгуби ... како многу пати досега , прво е добар , второ се губи.

Потребен ни е играч од типот на Дел ПИеро во нападот. Јакинта и Амаури кога играат се форсираат високи топки и најчесто се губат. Нема кој да задржи топка , да ја нагази , да изнуди фаул ... едноставно многу е тешко да играч со двајца чекачи во шеснаесетник ... а да имаш дрва бекови кои неможат да пратат квалитетен центаршут.

За да се уништо нашата игра при ваква денешна формација потребно е да се затвори само Диего. Тројцата деструктивци од средината се немоќни да направат нешто повеќе , а дрвата од бекови не се доволно квалитетни за да одговорат во ваква формација. Гросо ај трчаше , колку толку бар се трудеше ... али оној другион , делува како да има рахитис и нарушен мал мозок ... оној за рамнотежа. За голем мозок и да не зборам зошто очигледно зденката го нема. Туку остај он што го нема ... нема ни кој да согледа дека човекот неможе да одговори на предизвикот во екипа како Јуве. Така да колку е он крив , толку е крив и тренерот.
 

lamja25

Grande FIORENTINA !!!
Член од
5 декември 2007
Мислења
2.339
Поени од реакции
66
realen rezultat 1-1
Juve bese bolje vo 1pol, Fioretina bese bolje vo 2pol.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
За да се уништо нашата игра при ваква денешна формација потребно е да се затвори само Диего. Тројцата деструктивци од средината се немоќни да направат нешто повеќе , а дрвата од бекови не се доволно квалитетни за да одговорат во ваква формација. Гросо ај трчаше , колку толку бар се трудеше ... али оној другион , делува како да има рахитис и нарушен мал мозок ... оној за рамнотежа. За голем мозок и да не зборам зошто очигледно зденката го нема. Туку остај он што го нема ... нема ни кој да согледа дека човекот неможе да одговори на предизвикот во екипа како Јуве. Така да колку е он крив , толку е крив и тренерот.
Мислам дека не е проблемот до Диего. Проблемот е до пристапот на играта, и начинот со кој се обидува Чиро да му пристапи на натпреварот. Наместо да преферира игра со кратки пасови, и игра по средината, каде што може да се покажат најмногу квалитетите на Диего, Чиро практикува игра со високи топки до двајцата високи напаѓачи. Во ред ќе беше ако во Јуве играа Патрис Евра и Маикон на бековските позиции, но за жал во Јуве игра Григера. Гросо иако денеска беше слаб, сепак добро игра во одбрана, за разлика од Григера кој е антиталент во секоја фудбалска смисла.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Педерчињата водат на полувреме 0:2, епа наздравје 4 бода разлика кога требаше да бидеме први.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Tребаше да победиме, барем мое мислење. Ме загрижува ситуацијава, морам да признаам, а особено Ферара. Не знам што е со замениве на човеков, дури бетер се и од оние што ги правеше Раниери. Околу старните 11, не коментирам, бидејќи тој е тренер, тој е со играчите секојдневно и знае кој треба да е во стартниот состав. Но за замените морам да искоментирам. Замената Сисоко - Камо беше ок, сосема очекувана, но што беше поентата со замената на Јакинта со Де Чеље?! Ако некој требаше да влезе место Јакинта во таква ситуација каде што очајно ни фалеше соработка меѓу напаѓачите, тоа беше или Џовинко, или Трезеге. Ме загрижува и односот на Чиро кон Џовинко... Очигледно, само тој не сваќа дека доколку не го игра, ќе стане незадоволен, и најверојатно ќе си замине... Во ваков натпревар, мораше да влезе Џовинко место Диего, а Трезеге место Јакинта. Не ја сватив поентата со внесувањето на Де Чеље во игра, но што е тука е.

Играта беше ок, можеби бевме за нијанса подобри од нив, но сепак, повторно истите грешки. Примивме глуп и наивен гол по којзнае кој пат сезонава. Чиро велеше дека нема да се повторуваат грешките од изминатите слаби резултати, но константко гледаме како се повторуваат. Одбраната беше добра, освен Григера, кој констатно игра очајно. Зебина, па и Касерес сигурен сум дека подобро ќе изиграа по таа десна бековска позиција. Средината беше одлична. Секоја чест за Момо, Поулсен и Мело, ијако морам да кажам дека последниов почнува да ме иритира кога ја чува топката во свои нозе и пробува да изведе нешто пред нашиот шеснаестерец, наместо да ја избаци напред. Браво за Момо, одличен беше после толкава пауза, а исто така браво и за Поулсен. Одличен пас при голот, солидна игра во дефанзива...

Не кажав погоре, но кажав во еден друг пост. Ме загрижува преголемата желба за надигрување меѓу Амаури и Јакинта. Разбирам да имаат желба за постигнување гол, но толкава желба не е во ред. Јакинта се испречи пред Амаури кога овој вториот имаше доста подобра шанса за да постигне гол. После тоа следеше малечка вербална расправија меѓу нив... Едноставно, немаат хемија и разбирање меѓу нив. Трезеге да беше на местото на Јакинта, сигурен сум дека ќе ја оставеше топката (доколку не беше спремен како што беше случајот со Јакинта).

Редно време е Чиро да си ги свати грешките сериозно, додека не е предоцна. Сеуште сме при врвот на табелата, но нема да трае тоа долго ако продолжат ваквите резултати. Имаме доста тешки утакмици наредниве кола, па да се надеваме дека Чиро е способен да се справи со вакви кризни моменти...
 

viola

FORZA VIOLA
Член од
3 февруари 2008
Мислења
485
Поени од реакции
11
ve nadigravme, posed na topka 58% fiorentina 42%juventus
i poveke sansi imavme, aj vo firenza ke ve tepame !!
forza viola !!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Не кажав погоре, но кажав во еден друг пост. Ме загрижува преголемата желба за надигрување меѓу Амаури и Јакинта. Разбирам да имаат желба за постигнување гол, но толкава желба не е во ред. Јакинта се испречи пред Амаури кога овој вториот имаше доста подобра шанса за да постигне гол. После тоа следеше малечка вербална расправија меѓу нив... Едноставно, немаат хемија и разбирање меѓу нив. Трезеге да беше на местото на Јакинта, сигурен сум дека ќе ја оставеше топката (доколку не беше спремен како што беше случајот со Јакинта).
Се сложувам. На Јакинта ова не му е прв пат да се обидува да постигне гол а е во понеповолна ситуација од своите соиграчи. Истото го направи и на дуелот со Џенова, а и денеска против Фиорентина му зеде од нога чист гол на Амаури. Нормално е да постои желба кај него за постигнување гол, но резултатот на тимот треба да му биде многу поважен од тоа дали тој ќе постигне гол или не.
Ме загрижува и односот на Чиро кон Џовинко... Очигледно, само тој не сваќа дека доколку не го игра, ќе стане незадоволен, и најверојатно ќе си замине... Во ваков натпревар, мораше да влезе Џовинко место Диего, а Трезеге место Јакинта. Не ја сватив поентата со внесувањето на Де Чеље во игра, но што е тука е.
Се сложувам дека Џио заслужуваше да добие шанса на овој натпревар, но не наместо Диего, туку наместо Јакинта. Со тоа Јуве ќе добиеше далеку покреативен напад и со тоа ќе беше далеку поопасен по голот на Фреј, а со влегувањето на Џио да се сменеше и начинот на игра, наместо со високи топки, Јуве требаше да се обиде да нападне по средината на теренот, максимално искористувајќи го квалитетот на Диего.

Диего изјави дека е 110% фит, а и Чиро тоа го потврди и беше глупост што Чиро го извади Диего. Требаше Диего да го заврши натпреварот, а Јакинта да биде заменет со Џио.

Едно е јасно. Григера со онаква игра треба да заборави на стартно место во Јувентус, и Чиро мора да размисли да го употреби Касерес, кој можеби не е идеален за бек, но 3 пати подобро ќе изигра од Григера.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Диего изјави дека е 110% фит, а и Чиро тоа го потврди и беше глупост што Чиро го извади Диего. Требаше Диего да го заврши натпреварот, а Јакинта да биде заменет со Џио.

Едно е јасно. Григера со онаква игра треба да заборави на стартно место во Јувентус, и Чиро мора да размисли да го употреби Касерес, кој можеби не е идеален за бек, но 3 пати подобро ќе изигра од Григера.
и ја не можам да се изначудам на упорното форсирање на григера ... во една ваква ситуација кога убедливо најслаба точка на јуве е десната страна касерес дефинитивно заслужува шанса , офанзивно нема да понуди многу но дефанзивно одлично би ја завршил работата а гросо би орал напред (слично ко киву и мајкон) ... исто би може и киелени да го врати на бек па касерес/легро да бидат партнери на канаваро ... како и да е се е подобро отколку григера да игра
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Се сложувам дека Џио заслужуваше да добие шанса на овој натпревар, но не наместо Диего, туку наместо Јакинта. Со тоа Јуве ќе добиеше далеку покреативен напад и со тоа ќе беше далеку поопасен по голот на Фреј, а со влегувањето на Џио да се сменеше и начинот на игра, наместо со високи топки, Јуве требаше да се обиде да нападне по средината на теренот, максимално искористувајќи го квалитетот на Диего.
Се сложувам, но еве веќе кога реши да го вади Диего, требаше да го стави Џовинко, а не Де Чеље. Од друга страна пак, Трезеге требаше да влезе на местото на Јакинта. Де Чеље не мораше да биде ставен во игра, барем не денеска... Себа требаше да добие предност, доста покорисен ќе беше.. но тоа е.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
и ја не можам да се изначудам на упорното форсирање на григера ... во една ваква ситуација кога убедливо најслаба точка на јуве е десната страна касерес дефинитивно заслужува шанса , офанзивно нема да понуди многу но дефанзивно одлично би ја завршил работата а гросо би орал напред (слично ко киву и мајкон) ... исто би може и киелени да го врати на бек па касерес/легро да бидат партнери на канаваро ... како и да е се е подобро отколку григера да игра
Токму така. Касерес на натпреварот на Уругвај против Аргентина изигра одлично (иако доби црвен картон), но во секој случај подобро ќе изигра од Григера, веќе кога Зебина е оневозможен да игра поради честите повреди. Можеби и Молинаро е слаб фудбалер, но сепак се труди, трча, дава се од себе да му помогне на тимот, додека пак Јуве нема никаква полза од Григера. Центаршут - нула, одбрана - нула, проигрувања - нула, еден дуел не доби со Варгас и со Јоветич. Чиро можеби сметаше на Зебина, но за жал Зебина најверојатно има хронични повреди кои му се повторуваат и со оглед на стартот на сезоната, тешко дека може да се очекува поинаков развој на настаните ако е во прашање Зебина и повредите.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Мислам дека е време Чиро да размисли за оставка, особено ако направи некоја глупост со Макаби сеа, тогаш нема да има дилеми, но ако веќе во следното коло во Сериа А тогаш навистина слободен е, добро почна, тимот играше добро, но од натпреварот со Бордо ова веќе не личи на ништо, вистинска катастрофа сме, кој од кого послаб е, дури и Диего не игра како што знае но за ова мислам дека пак Чиро е виновен тактиката на Јуве е многу лоша, место секоја акција да помине преку него ние си играме со нафрлувања од Канаваро топката иде директно кај напаѓачите и нормално најчесто се губи.
 
Член од
8 февруари 2008
Мислења
693
Поени од реакции
10
po seto ova jas ke kazam samo edno denot po utroto se poznava taka ke bide i ovaa godina rano e ama ne e inter ne e za potcenuvanje dodeka na nas ni bese tesko so genova inter gledam gi pregazil, dodeka nie ovde si gi ceskame madinjata i si vikame na ovoj da mu trgne na onoj da mu trgne na onoj mestoto da mu se pogodi konkurentite vo ovoj slucaj igra i si gi ostvaruva poleka poleka no na sigurno zacrtanite celi za ovaa sezona. posle seto ova do sega prikazano ne veruvam deka na krajot ke ja osvoime i ovaa godina seria a, golemite ekipi imaa serija na nepovolni rezultati edna dve utakmici ne kako nas serija od pet sest natprevari. ciro mislam i deka treba da si dade otstavka ako ne da se namava ova veke ne go biduva vaka ova e podolga serija a za tim so sampionski ambicii vakvo nesto e nedozvolivo, i da ne dumam mnogu :pop: gospod neka e napomos:)
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Задоволен сум од својата игра - Диего

Ферара изјавува дека Диего бил спор и цело време му дофрлал да влегува во 16-ник и да отвара простор.

Дали тука има простор за некое разјадување меѓу овие двајца. Тоа би било најлошото нешто што може да се случи во моментов, ама ако продолжи Чиро да го вади на секоја утакмица мислам дека сигурно ќе пукне некоја караница со оглед на избувливиот карактер на Диего.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom