Прогноза од гоал ком за у 2010 година за Јуве.
Оваа статија излезе вчера.
Рибери - Факт е дека е еден од најдобрите играчи во моментов во светот, Баерн е еден од најбогатите клубови во светот што во никој случај нема да го пушти Рибери за помалку од 30 милиони нареднава сезона, со оглед на тоа дека договорот тогаш ќе му биде само уште на 1 година, инаку ќе беше повеќе 45 милиони..
Мексес - Се работи за еден од најдобрите дефанзивци како во Италија, така и во целиот свет..Mногу добро се снаоѓа во маркирањето на противничките напаѓачи, и за наредната сезона најголемото засилување на одбраната би бил токму Фелипе Мексес..Само што неговата цена нема шанси да биде помала од 20 милиони
Пандев - Според последните шпекулации во Италија, Пандев имал усмен договор за наредното лето да се пресели во Интер, тимот во кој ја почна Италијанската кариера.. Но со оглед на тоа колку шпекулации се напишаа во медиумите за Пандев,не ме чуди и да потпиши нов договор со Лацио..
Касано - Веројатно, Јуве би го добил за едно 20 милиони (доколку ги прикажува истите игри од минатата сезона) и мислам дека би бил одлично засилување во нападот на Јуве. Наредната сезона Дел Пиеро ќе има 35 години и ќе биде во залезот на кариерата, а Касано е еден од ретките фудбалери со истите карактеристики како Пинтуричио..
Роси - Одличен фудбалер, но со огромна, висока и сосема нереална цена..Виљареал изјави дека нема да се ослободи од неговите услуги ако понудата е помала од 35 милиони..Така да сметам дека е прескап, и со тие пари Јуве би купил играч кој ќе биде тро-дупло покорисен за Јуве..