Фамилијарно стебло/дрво

D

Deleted member 12196

Гостин
Може да најде, зошто да не може. На пример баба ми во едно тефтерче ги имаше запишано поголем дел од имиња на предците од нејзина страна, додека дедо ми од негова страна. Таа имаше околу 140, додека дедо ми околу 160. Порано ги запишувале за да ги спомнат имињата кога ќе одат на гробишта.
Не е баш така едноставно. Порано малкумина биле писмени. Оној список што го има баба ти (и дедо ти) колку е стар? Дали некој пред неа имал таков список? Оти баба ти лично ги знае своите дедо и баба, пред тоа сè се сведува на предание од колено на колено. Колку е точно тоа предание? Вратено назад стеблото се шири, со секоја генерација се дуплира. Тешко дека може да се памети ако не е запишано, а нагласив дека писменоста била на ниско ниво.

Како некоја апликација ќе открие дека имаме заедничко стебло? Кај тебе постојат Петко и Трајко, кај мене исто. Но дали се работи за истите личности?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ова претпоставувам би било ефективно во Америка, не гледам како би имало ефект кај нас. Како успеа да најдеш 600 имиња? :D Јас ни најблиските не ги знам.
Не се сите имиња. Има некои (голем процент), на пример, сини коцкички со 3 прашалници во нив, зашто знам дека имаат машко дете, ама поим немам како се вика. :pos: Па ти викам, тоа се всушност 4 стебла, од 4 различни фамилии: 1 - дедо по татко, 2 - дедо по мајка, 3 - баба по татко, 4 - баба по мајка. И плус, одев се распрашував по роднини, прибирав податоци...
Автоматски споено мислење:

Како некоја апликација ќе открие дека имаме заедничко стебло? Кај тебе постојат Петко и Трајко, кај мене исто. Но дали се работи за истите личности?
Таму се додаваат и слики, датуми на раѓање, датуми на стапување во брак, датуми на смрт... Ако некој од тие податоци се поклопува, сајтот те прашува - дали е тоа тоа.

Или само по име и презиме: јас имав дедо Миливој Блажевски. Исто такво име се појавило во годините додека тој бил жив во статија во весник во Америка. И баш ми се појави такво прашање: дали е ова можеби твојот дедо? Секако, ако не е, го одбиваш и нема да има никакво влијание врз твоето стебло.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Јас некаде 150 години наназад ги знам скоро сите, од усни преданија! Пред тоа малку потешко, плус знам дека нашиот сој е доселен од Кратово или околината во О.Поле, ама слабо со време да истражам. Се се спремам и до Штип до архивот да отидам и никако да се оствари тоа мое патување.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Инаку, има и еден интересен момент: можат да се вкрстат стеблата. На пример - јас имам втор братучед на татко ми кој е во брак со прва братучетка на мајка ми. Таа истовремено ми е и стрина и тетка, тој истовремено ми е и чичко и тетин. Е сега, на стеблото не се додадени два пати едниот, два пати другиот, туку таму се спојуваат двете стебла - има опција да споиш некого со некој друг кој веќе го има меѓу другите личности.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Има и бесплатни апликации и сајтови за креирање на генеалошки стебла. Јас имам на FamilyEcho.com стебло со 6 генерации од мојата фамилија, и тоа и по дедо од такова страна, и по баба од таткова страна, и по дедо од мајчина страна и по баба од мајчина страна. Вкупно преку 600 имиња имам додадено.

Има сајтови, како MyHeritage.com кои се далеку понапредни од FamilyEcho, па така, ако твоето стебло се совпадне со стебло на друга личност креирано таму, имаш можност да ги споиш стеблата, и на тој начин да ги најдеш роднините со кои имате изгубено контакт (јас успеав да најдам братучед од Смедерево, Србија, од една страна од мојата фамилија за која никој не знаеше ништо, дури ни дали има некој жив). Но проблем е што бесплатно можеш да додадеш само 300 личности, за повеќе мора да се плати премиум пакет. На премиум MyHeritage може и да се додаваат фотографии, или да се преземаат од база архивски фотографии и фотографии од весници, па сајтот ти нуди и опција да препознае некој лик од архивска фотографија кој има сличности со некоја твоја, има опција да ги обои црно-белите фотографии (оваа опција лани за време на карантините ја направија бесплатна, ама сега пак е дел од премиум пакетот). MyHeritage нуди и такви ДНК тестови за утврдување од каде потекнуваш, и еден куп други можности. Ептен е кул сајтот за тие кои се интересираат, само за жал, мора да се плати.
na ova FamilyEcho ima li nachin da go priakze celosnoto steblo, vaka samo direktnatija za mene ja prikazuva.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
na ova FamilyEcho ima li nachin da go priakze celosnoto steblo, vaka samo direktnatija za mene ja prikazuva.
На тој на кој ќе кликнеш, неговата директна линија ја покажува. Ако кликнеш на тој што е највисоко, значи на најстариот предок, ќе го покаже цело стебло. Јас дури си го имам и испринтано: на 5 листа A4, споени еден за друг, landscape свртени.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
24
Од страна на мајка ми имам фамилијарно стебло кое досега до 1700 година. Еден амбициозен братучед од Полска истражувал по архиви и го составил стеблото а сестра ми го исконтактира и се закачи на тоа стебло. Вакво нешто може да се направи само под услов на благородничко потекло, бидејки само за благородниците има записи во архивите (се работи за Полска)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Има и бесплатни апликации и сајтови за креирање на генеалошки стебла. Јас имам на FamilyEcho.com стебло со 6 генерации од мојата фамилија, и тоа и по дедо од такова страна, и по баба од таткова страна, и по дедо од мајчина страна и по баба од мајчина страна. Вкупно преку 600 имиња имам додадено.

Има сајтови, како MyHeritage.com кои се далеку понапредни од FamilyEcho, па така, ако твоето стебло се совпадне со стебло на друга личност креирано таму, имаш можност да ги споиш стеблата, и на тој начин да ги најдеш роднините со кои имате изгубено контакт (јас успеав да најдам братучед од Смедерево, Србија, од една страна од мојата фамилија за која никој не знаеше ништо, дури ни дали има некој жив). Но проблем е што бесплатно можеш да додадеш само 300 личности, за повеќе мора да се плати премиум пакет. На премиум MyHeritage може и да се додаваат фотографии, или да се преземаат од база архивски фотографии и фотографии од весници, па сајтот ти нуди и опција да препознае некој лик од архивска фотографија кој има сличности со некоја твоја, има опција да ги обои црно-белите фотографии (оваа опција лани за време на карантините ја направија бесплатна, ама сега пак е дел од премиум пакетот). MyHeritage нуди и такви ДНК тестови за утврдување од каде потекнуваш, и еден куп други можности. Ептен е кул сајтот за тие кои се интересираат, само за жал, мора да се плати.
MyHeritage го паметам една година беше главен спонзор на Евровизија и тогаш актуелно беше на некој од евровизиските учесници имаше да се види нивното потекло.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom