Малце ќе забегаме од темата ама да ти кажам една случка кога бев во Америка. Го прашувам едно дете од 9-10 години, колку е 3,5 и 1,5? И детево знаеш што ми вика? Ќе видам утре во школо на компјутерот и ќе ти кажам. И му викам а ако е расипан што правиме? Ми враќа со - ќе донесат нов.
Значи таму ако прикажуваш афинитети кон нешто те изолираат од други предмети и си учиш само тоа што те бива. И не си ја тупиш главата со нешто како што е градба на лист, градба на стебло (ватафаак) што нема ни да го памтиш после. Таму секој си е насочен на тоа што сака да си го учи и си го тера неговото. Зошто да учи историја кога да му треба нешто ќе оди да се консултира со историчар, ако му треба цвеќар ќе се консултира со цвеќар наместо да тупи глава за градба на цвеќиња и растење на мицелиуми во средно/основно. Така е кај нив тоа. Тука кај нас мораш се да учиш и да си експерт за се зошто ко прво така ти налага системот бубаторско - комунистички а како второ мораш да ги имаш очите 5 банки отворени да не те заебе и тој што го консултираш за совет, било градежник, било банкар, било лекар.
Така е и на техничкиве факултети, повеќе ме замараа во прва тие по физика и електротехника па и теориите математика него сега некои предмети што се интересни. Па и тоа интересното/корисното го збутуваат во 5 минути а 40 минути гњават со не толку потребни ствари.