Факултет за информатика - Штип

Член од
11 јуни 2010
Мислења
230
Поени од реакции
74
Ме интересира нешто повеќе за овој факултет што е во склоп на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип. Дали се бара многу знаење од учениците (дали може со помалце учење да се заврши) и како се добиваат оценки (дека сушнав се добивало со поени од семинарски, праса, одење на часови....), и дали е полесен во споредба со ФИНКИ од Скопје и Св. Апостол Павле од Охрид?

Ако има некој што учи тамо или знае како е нека пише.... фала многу :)
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.021
Поени од реакции
1.282

Јас ќе студирам Бизнис информатика тоа е во склоп на информатика факултетот Штип.За полесно полесно е дефинитивно.Има учење за тие што сакаат,професорите држат консултации,вежби и се тоа.Објектот е опремен со цела опрема и е одличен.За поени добиваш на се живо.Како што кажа и ти семинарски, праса, одење на часови за се имаш.Ако си редовен и ако имаш семинарски имаш 6 прелазна а со малку труд и повеќе.
 
Член од
26 јуни 2011
Мислења
7
Поени од реакции
0
Многу полесно за разлика од Апостол Павле.. како што сум слушал, многу е лесно исто како во средно Информатика што се учи..
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Ме интересира нешто повеќе за овој факултет што е во склоп на Универзитетот "Гоце Делчев" во Штип. Дали се бара многу знаење од учениците (дали може со помалце учење да се заврши) и како се добиваат оценки (дека сушнав се добивало со поени од семинарски, праса, одење на часови....), и дали е полесен во споредба со ФИНКИ од Скопје и Св. Апостол Павле од Охрид?

Ако има некој што учи тамо или знае како е нека пише.... фала многу :)
Може да се каже дека е полесно, меѓутоа без никаков труд и учење нормално дека никој нема да ти стави добра оцена. Односот на професорите/асистентите кон студентите е доста коректен, помагаат во секое време, честопати закажуваат дополнителни термини за консултации/вежби така да мислам дека студирањето нема да ти биде некој поголем проблем. Релативно доста е опремен со секаква опрема, на располагање се 3 предавални (едната е со капацитет од 110 студенти, другите две се со капацитет од ~60 студенти) и истите се опремени со добри компјутери, проектори, интерактивни табли и други помагала како и амфитеатар (мислам дека собира некаде околу 120 студенти).
На овој линк имаш виртуелен приказ на факултетот, така да можеш да ја разгледаш внатрешноста и да се запознаеш со условите кои ги нуди. (за навигација, користи ги зелените стрелки).
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9
А подобар е од ФИНКИ, што е со смеровите, титулата?
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9
не ти го разбрав најдобро прашањево.. ај преформулирај го некако
По завршувањето на предвидените обврски од I до VI семестар и успешно одбранета дипломска работа, студентот освојува 180 ЕКТС и се здобива со академско звање: дипломиран информатичар.
Студентот има можност да продолжи со своето образование во VII и VIII семестар и да освои уште 60 ЕКТС (вкупно 240 ЕКТС) и да се стекне со академско звање: дипломиран инженер по информатика.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
По завршувањето на предвидените обврски од I до VI семестар и успешно одбранета дипломска работа, студентот освојува 180 ЕКТС и се здобива со академско звање: дипломиран информатичар.
Студентот има можност да продолжи со своето образование во VII и VIII семестар и да освои уште 60 ЕКТС (вкупно 240 ЕКТС) и да се стекне со академско звање: дипломиран инженер по информатика.
Значи, можеш да одбереш студирање со 3 или 4 години. Во зависност од тоа што ќе одбереш, таква титула и ќе имаш на крајот(дипломиран информатичар/ дипломиран инженер по информатика). Секој семестар ти носи по 30 кредита и во семестар најчесто имаш по 5 предмети. Еве ти ја студиската програма за сите четири години, па разгледај. Инаку, после 4те години можеш да запишеш и магистерски студии во времетраење од 2 години (4 семестри), а од оваа година се воведуваат и докторски студии коишто траат 3 години (6 семестри).
Разгледај низ сајтот, верувам дека ќе најдеш одговор на многу нејасни прашања.
 
Член од
18 мај 2006
Мислења
60
Поени од реакции
0
Дали треба да се биде редовен на предавањата. Во смисла, секој ден да бидеш таму по неколку саати. Проблемот е што сум од Скопје, па дали би требала да патувам секој ден за на факултет. Фала :)
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.021
Поени од реакции
1.282
Дали треба да се биде редовен на предавањата. Во смисла, секој ден да бидеш таму по неколку саати. Проблемот е што сум од Скопје, па дали би требала да патувам секој ден за на факултет. Фала :)
Па да пожелно е ако не си редовна тогаш можеби професорот нема да сака да ти се потпише на тие едни како листови за присутност што им се битни,заборавив како се викаат
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Дали треба да се биде редовен на предавањата. Во смисла, секој ден да бидеш таму по неколку саати. Проблемот е што сум од Скопје, па дали би требала да патувам секој ден за на факултет. Фала :)
За едно-две отсуствувања не верувам дека некој професор би ти правел проблеми, има некои што после секое предавање го читаат списокот со (не)присутни студенти а има и такви што воопшто не се замараат со такви работи. Се зависи од тоа каква среќа ќе имаш и дали ќе бидеш прочитана или не.
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:50 AM ---
Па да пожелно е ако не си редовна тогаш можеби професорот нема да сака да ти се потпише на тие едни како листови за присутност што им се битни,заборавив како се викаат
Исто така, дококлу не добиеш потпис од професорот тогаш за тој предмет се плаќа казна (100 денари од кредит), а скоро сите предмети се 6+ кредити (основи на програмирање/ооп носат по 8).
 
Член од
5 февруари 2012
Мислења
10
Поени од реакции
1
Јас сакам да се запишам на овој факултет :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom