Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
18 септември 2020
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво дечки, предуслов за запишување на предмет се 150 кредити, јас немам толку, но кога го ставам предметот на iknow не ми дава проблем, дали да го оставам или да го сменам за да не ми направат проблем? Предметот е изборен бтв
 
Член од
6 октомври 2019
Мислења
38
Поени од реакции
62
Мислење за предметите Информациска безбедност и Мултимедиски мрежи?
Информациска безбедност
Предавањата ги држи Весна Димитрова а аудиториските Христина Михајлоска. Предметот е интересен, на почеток се учи за основни криптографски поими и алгоритми, потоа подетално за автентикација и авторизација, протоколи, злонамерен софтвер, напади и безбедност на ОС. Теоријата не е многу тешка, даваат и по некоја задача од аудиториски. Аудиториските се подетално разработување на темите од предавања и практичен пристап. На часовите нема никакво кодирање, меѓутоа на лабораториски тоа се бара од нас и оставени сме целосно сами на себе и на снаоѓање со работи што ќе ги најдеме на интернет а тешко се наоѓаат. Исто така оваа година се бранеа лабораториските и имаше 3. За проектот важи истото, никакви насоки и целосно оставени сами на себе. Тестот носи 40%, лабораториските 10%, проектот 50%, а треба да се има освоено барем 40% од сите делови и 50% од вкупните поени. Искрено не би го препорачала предметот најмногу заради проектот бидејќи сите колеги што ги знам а и јас лично се измачивме со него многу, Христина најчесто не одговара на мејлови а на часовите не пренесува доволно знаење за успешно изработување на лабс и проектот.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Здраво дечки.
Вчера од ФИНКИ пуштија документ кој објаснува како да се упише новиов зимски сем. за 2021/22 год.
https://cutt.ly/hEt7aaZ
Ме интересира дали некој има слика од последниве 2 уплатници(дали воопште може да ги отвори линковиве) ? Дали овие се 2 различни уплатници од 750ден. или се скроз истите ?
1631866556658.png
 
Член од
15 ноември 2020
Мислења
1

Прегледај го приврзокот 307354
Мислам дека се овие:
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Koj e najdobar izbor za profesor+asistent za strukturno programiranje vo odnos na predavanje/ocenuanje?
Прилично задоволен од Ивица или Маџаров. Не ми текнува кои предаваа други(Не сум слушал СП кај Маџаров, ама од другите предмети, сигурно знае премногу).
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
36
Поени од реакции
8
Мислење во однос тежина за положување за 6
-Дигитализација
-Управување со техничка подршка
-Шаблони за Дизајн на кориснички интерфејси
 
Член од
18 септември 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Некој што направил промена на смер оваа година, го добивте ли тој документот спомнат во соопштението што треба да го потпишеме на email?
Ни мене не ми стигна. Ќе биде ли доволно само уплатницата за промена на смер да се прати?
 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
7
Поени од реакции
2
Некој да сподели мислење/искуство за изборните предмети:
- Дизајн и архитектура на софтвер
- Програмирање на видео игри
 
Член од
22 јануари 2019
Мислења
71
Поени од реакции
56
Некој да сподели повеќе инфо за предметот Компјутерска етика?
 
Член од
23 март 2012
Мислења
4
Поени од реакции
2
Некој да сподели повеќе инфо за предметот Компјутерска етика?
Ова инфо е од предметникот:
“Нема полагање колоквиуми ниту испити. Ова не е ни негативно ни позитивно Катерина го држи. Да малку е напорен бидејќи има доста проекти ама па се е на база на истражување на дадена тема. Има рок се прикачуваат истражувањата па се избира координатор кој го средува целиот текст и презентација и се презентира. За секој кој е спремен да пишува по 200-300 збора и по некој коментар на одредена тема да си го земе.“
 
Член од
22 јануари 2019
Мислења
71
Поени од реакции
56
Ова инфо е од предметникот:
“Нема полагање колоквиуми ниту испити. Ова не е ни негативно ни позитивно Катерина го држи. Да малку е напорен бидејќи има доста проекти ама па се е на база на истражување на дадена тема. Има рок се прикачуваат истражувањата па се избира координатор кој го средува целиот текст и презентација и се презентира. За секој кој е спремен да пишува по 200-300 збора и по некој коментар на одредена тема да си го земе.“
Ова го прочитав да, меѓутоа ме интересира подетално за проектите и другите активности како се одвиваат, распределба на поени, дали е too much предметов? Дали се само проекти(колку се 2, 3????) или има лабс, дополнителни домашни и сл. :D
 
Член од
14 март 2017
Мислења
12
Поени од реакции
0
како студент од што само што се запиша на финки, треба ли да правам електронско запишување на предметите од зимски семестар на IKNOW или ништо да не чепкам :гик:?
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
како студент од што само што се запиша на финки, треба ли да правам електронско запишување на предметите од зимски семестар на IKNOW или ништо да не чепкам :гик:?
Штом си 1-ви семестар, не би требало да запишуваш никакви предмети. Зш сите ти се задолжителни, немаш изборни сеа за сеа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom