Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Здраво, сакам да прашам, дали факултетов станува полесен, ако изгураме прва година, слушав муабети дека следните семестри биле полесни ако се помине добро на првиве, на смер софверско инженерство сум.
Факултетот станува потежок, ама ти стануваш поодговорен и развиваш техники и навики за редовно учење, па секој тежок предмет со добро посветено време, ќе го чистиш без тешкотии. Структурно ми беше кошмарен предмет во прва година, ама сега да го вратам времето, со моменталното знаење, не сакам да размислам за оценка подолу од 10. Со ова, сакам да ти кажам дека со трудот, си доаѓа и наградата. Најбитно, не учи за да положиш шаблонски, учи за да разбереш. Подобро падни го испитот, ама разбери го материјалот, отколку неколку години покасно да се враќаш на материјалот и да ги учиш основите.
 
Член од
21 септември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
2
Некој да сподели искуства за предметиве?
Податочно рударство
Електронска и мобилна трговија
Сервисно ориентирани архитектури
 
Член од
24 февруари 2020
Мислења
20
Поени од реакции
2
Како некој што се мисли за Финки, Често слушам дека студенти од Финки наогаат работа дури во втора година и го оставаат факултетот за да работат.

Од тие што направија ова, би сакал повеке информации, како:

- Што уствари повекето луге не знаат за ова (како лоши страни или замки).
- Како стигнавте до ваква ситуација за да добиете пракса/работа.
- Кои предмети/вештини се најважни да се научат за да некој биде спремен, и колкави вештини бараат да се знае пред да се оди на интервју.
- Колку време пракса требало за да ве вработат потоа.
- Колкава е вообичаената плата во овој случај.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Здраво. Јас сум 4-та година и размислувам да се запишам на Финки на СИИС. Ме интересира дали е потребно да имам предзнаења од програмирање или се почнува од нула па ќе можам да се снајдам? (Математика знам супер, ама информатика и програмски јазици во средно не работиме скоро ништо)
Доволно е само 3 збора да напишиш на youtube и ќе добиеш мал милион туторијали. Би те советувал прво да видиш што значи програмирање, моја препорака основи на програмскиот јазик C (бидејќи тоа ќе го учите на почеток на ФИНКИ), па доколку те интересира, запишувај се.
Како некој што се мисли за Финки, Често слушам дека студенти од Финки наогаат работа дури во втора година и го оставаат факултетот за да работат.

Од тие што направија ова, би сакал повеке информации, како:
- Што уствари повекето луге не знаат за ова (како лоши страни или замки).
- Како стигнавте до ваква ситуација за да добиете пракса/работа.
- Кои предмети/вештини се најважни да се научат за да некој биде спремен, и колкави вештини бараат да се знае пред да се оди на интервју.
- Колку време пракса требало за да ве вработат потоа.
- Колкава е вообичаената плата во овој случај.
На ФИНКИ се запишуваат околу 1000 студенти секоја година, па нормално е да имаш и такви што ќе работат во втора година.

Што уствари повекето луге не знаат за ова (како лоши страни или замки)
- Нема нешто посебно што треба да знаат, реално треба да си јак фраер за да ги завршуваш сите обврски на ФИНКИ и бидеш психички спремен да ги истуркаш наредните 2-3-4 години, а да си со part/full time job :)
Како стигнавте до ваква ситуација за да добиете пракса/работа.
-
Обично почнуваат на пракса, а дури после некој месец ангажман можеби и ќе бидат вработени во фирмата. Често на сајтот на ФИНКИ има огласи за пракса, исто така и во фејсбук групата. Има и ситуации каде што некои професори даваат препораки за одредени студенти во некои фирми, верувај тоа се ретки случаеви, а покрај екстремното знаење треба да имаш и други вештини со кои не секогаш можеш да бидеш горд. :D
Кои предмети/вештини се најважни да се научат за да некој биде спремен, и колкави вештини бараат да се знае пред да се оди на интервју.
- За она што најчесто се работи во Македонија, најважни предмети се секако програмирањата, иако многу од нашиот сектор на ова гледаат површински. Секако дека секој предмет е важен и има причина поради која е ставен во програмата, сепак предметите на кои се куца код се оние каде ќе научиш најмногу и стекнеш најдрагоцено искуство. Во текот на подоцнежните студии ќе имаш изборни предмети и многу од нив ќе зависи кој правец ќе го фатиш и колку ќе научиш. Одговор на вториот дел од прашањето нема ни смисла да добиваш, тоа ќе ти стане појасно после 1-2 години студирање за да можеш и самиот да ја измериш тежината на вештините.
Колку време пракса требало за да ве вработат потоа.
- За ова нема правило, зависи од политика и самата практиканска програма во рамките на фирмата. Обично траат од 2 до 4 месеци и прилино бараат студенти кои се скоро спремни за старт на џуниор позиција, така што мала разлика прави дали ќе успееш да фатиш пракса или џуниор позиција.
Колкава е вообичаената плата во овој случај.
- Платите се многу мали во 90% од фирмите за почетници, нешто ситно над минималната плата во Македонија. Не слушајте ги своите тетки и чичковци како нивните деца земаат по 2000 евра уште во рамки на првиот договор.
 
Член од
4 февруари 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво ме интересира дали при избор на изборен предмет во втор семестар подоцна ќе зависи кој ќе мора да го избереш во трет и тн семестар. Дали има некаква врска тоа или си бираш предмети што сакаш да ги полагаш
 
Член од
24 февруари 2020
Мислења
20
Поени од реакции
2
Prashanje samo poradi radoznalost:

Kolku godini maksimum moze da se studira vo Finki? Mislam so pagjanje. Koj e limitot? Zatoa shto na spisoci vidov lugje od 2012.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Prashanje samo poradi radoznalost:

Kolku godini maksimum moze da se studira vo Finki? Mislam so pagjanje. Koj e limitot? Zatoa shto na spisoci vidov lugje od 2012.
Добро ти одговори колегата погоре, ама според мене, доколку не го завршиш за 6 години или премногу си посветен на работа (каде имаш веќе неколку годишно искуство) и мислиш дека не вреди да се замараш повеќе или не учиш доволно. Јас заебав работа во прва година бидејќи не учев доволно и после секоја наредна бев малку поназад со задолжителните предмети иако пак ги положував од прв пат, само што подоцна ги слушав. Во четврта се вработив и малку влечев на крај ама пак 5 години ме фати и плус уште неколку месеци додека ја завршам и ми ја закажат дипломската. Секако имаш и опција со 3 годишни студии и 180 кредити. Ми се чини дека ФИНКИ е доста олеснет во последните неколку години, мислам дека повеќе замараа кога јас бев прва и втора година. Во прва по скоро сите предмети лабораториските беа на факултет, но со текот на времето се смени тоа и сега најчесто се работат од дома. А и онлајн полагањата по доста предмети моментално се многу полесни отколку што беа на времето.
 
Член од
9 октомври 2020
Мислења
33
Поени од реакции
21
Некој да сподели повеќе информации за предметот Сервисно ориентирани архитектури? Фала.
 
Член од
24 февруари 2020
Мислења
20
Поени од реакции
2
Што треба за да се направи плакање семестар на рати?

На колку рати може да се направи?

Претпоставувам првата рата се плака одма, а другите?

Фала однапред.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Што треба за да се направи плакање семестар на рати?

На колку рати може да се направи?

Претпоставувам првата рата се плака одма, а другите?

Фала однапред.
На молби финки пишуваш молба, одбираш 2 или 3 рати, ќе почекаш да ти одобрат.
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Може некое инфо за предметот компајлери доколку некој го има слушано?
 
Член од
29 јануари 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, некој да ми каже како оди процедурата за промена на смер,јас сум 2ра година ИМБ и сакам да сменам смер во почетокот на 3та.Дали ќе треба да запишам нови предмети од смерот иако сум положил се до сега?
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.633
Поени од реакции
3.646
Здраво, некој да ми каже како оди процедурата за промена на смер,јас сум 2ра година ИМБ и сакам да сменам смер во почетокот на 3та.Дали ќе треба да запишам нови предмети од смерот иако сум положил се до сега?
Тиа предмети шо ги има на тај смер на кој шо сакаш, а си ги немал до сега у твојо смер ќе мора да ги запишеш. Другото шо си положил си се пренесува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom