Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
28 јануари 2020
Мислења
146
Поени од реакции
20
Дали КМИБ може да се подели на испит да се полага само теорија или задачи? Како што беше на кол?
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Здраво, дали некој што слушал лани Бази на Податоци кај Велинов се сеќава колку беше границата за положување теорија?
50 беше лани ако добро се сеќавам.

Дали КМИБ може да се подели на испит да се полага само теорија или задачи? Како што беше на кол?
Да.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554
Некој да даде инфо за Објектно ориентирана анализа и дизајн и за Основи на веб дизајн.
Што се учи и слично ?
Основи на веб дизајн се уче HTML и CSS. Имаш 4 5 лабораториски вежби шо ќе треба да ги изработеш и се релативно лесни и би ти препорачал сам да си ги решаваш за да га научеш поубаво предмето. Порано полагањето било на прв колоквиум теорија само и ако имаш 80 или повише поени за втор колоквиум можеш да изработеш проект. Онака втор колоквиум е решавање задача, слично како на испит, имаш дадено HTML код и слика како треба да изгледа страната и треба у CSS да гу направеш како шо е дадено.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142
Некој да даде инфо за Објектно ориентирана анализа и дизајн и за Основи на веб дизајн.
Што се учи и слично ?
Објектно ориентирана анализа и дизајн изгледа лесен предмет ама колоквиумите/испитот се со комплицирани прашања.
Треба да извадиш на теорија поени за 7 за да можеш да дополагаш задачи диаграми за повисока оценка.
Aко извадиш поени за 6 не моеш да дополагаш диаграми за повисока оцена, ќе треба да преполагаш теорија.
Има 10 лабараториски кои мора да ги направиш во даден рок.
 
Член од
29 јануари 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво дечки, дали има некој материјали ООП и СП за учење да ми испрати? Би ви била многу благодарна :)
 
Член од
22 јули 2020
Мислења
11

А што всушност се учи на предметот ?
 
Член од
9 ноември 2020
Мислења
4
Поени од реакции
2
А што всушност се учи на предметот ?
На предметот се учат дијаграми (цртежи грубо кажано) за тоа како корелираат класите и нејзините функции во Објектно-ориентираното програмирање. Доста битна работа ако сакаш да си софтверски инжинер и предметот е боза.
 
Член од
2 февруари 2020
Мислења
45
Поени од реакции
17
Здраво колеги, сакам ако може збор два да ми кажете за предметите ОС и Софтверско инженерство. Ме интересира кај кој е најдобро да се слушаат, подетално за Софтверско инженерство, има ли практичен дел, дали е обемен и тежок предмет? Ме интересира за да знам кон која тежина на изборни предмети да се фокусирам. Фала ви однапред
 
Член од
6 октомври 2019
Мислења
38
Поени од реакции
62

Софтверско мислам дека е доста отежнат во споредба со минатите години во однос на положување и добивање на повисока оценка. Сите професори беа поделени и предаваа по неколку предавања, исто и асистентите. Предметот е теоретски и доста обемен, но материјалот е совладлив. Практичниот дел исто така не е тежок. Има 2 лабораториски вежби. Не знам дали пак ќе биде така ама оваа година полагањето беше поделено на три дела:
-Тест со зокружување и дополнување со материјал претежно од аудиториски и по некое теоретско прашање, се полага на себ и ако немаш минимум не може да продолжиш на следните делови
-Тест со заокружување во кој 90% од прашањата се од теорија
-Тест со есејски прашања и задачи (не е задолжителен, доколку ти фалат поени за положување или за повисока оценка дека со претходните два мислам дека максимум може да имаш 7ца)
Оперативни јас слушав кај Невена и ми се допадна како предава, имаше анкети на часовите за поинтерактивна настава и незадолжителен тест кој носеше дополнителни поени, единствено не ми се допадна што не ги снимаше предавањата. Асистентите беа поделени и секој предаваше по нешто. Ако те интересира нешто подетално пиши ми.
Автоматски споено мислење:

Здраво дечки, дали има некој материјали ООП и СП за учење да ми испрати? Би ви била многу благодарна :)
https://www.mediafire.com/folder/wzdaa8g18f7rw/ФИНКИ?fbclid=IwAR2WHQhRffrog_lCgguPYLY3xluOHIMqhDuoauiRx-khnaqy3u6C29iwC28
На линков има материјали по СП, ООП и по голем број на предмети, од пред неколку години се и не знам колку се сменети сега ама не верувам дека се премногу.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2021
Мислења
3
Поени од реакции
1
Zdravo nov sum na forumov i me interesira, godinava 2 semestar prilicno go zeznav i mozno e da ne polozham nisto . Me interesira zatoa sto vekje e pocnat 3 semestar i sledam predavanja, kako kje bide so zapishuvanje na predmeti vo 5 semestar? Sto predmeti bi imal togas? Regularni ili pak kje treba da cekam do 6 semestar za da mozam da gi zemam tie od 4ti?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom