Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
6 октомври 2019
Мислења
38
Поени од реакции
62
Дали некој што сега ќе биде трета година по новите програми знае дали може да запишуваме за изборни и предмети од 7ми семестар или само од 5ти? Дека прочитав нешто во групата на фб тие од 7ми уште не биле активирани дека претежно се нови и ќе се активираат во четврта година а ние сме прва генерација по нова програма и нема никој што е четврта моментално. Ако е така тогаш не знам зошто се ставени на листата предмети за зимски ако е точно дека не смееме да ги земаме т.е не се активирани.
Еве за што зборам: https://www.facebook.com/groups/finki/permalink/3579495635404494/
 
Член од
10 јули 2019
Мислења
90
Поени од реакции
67
Дали вреди да се запишува напредно програмирање во 4та година?
 
Член од
14 септември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
4
Здраво колеги, бидејќи не положив Калкулус од прв семестар и не можам да запишам Веројатност во трет, дали би било паметно со молба за 6ти предмет да земам 3 изборни наместо 2?

Целата идеа е надокнадување на испуштените 6 ЕКТС кредити и во best-case scenario ако од сега натака се положувам во предвидените рокови да не морам да запишам дополнителен семестар на крајот од студиите.

Исто така ако може да ми кажете предлог изборен предмет (освен Напредно Програмирање и Економија за ИКТ инженери) кој би бил прилично лесен за положување но притоа да не биде и ептен бескорисен (баланс меѓу корисност и лесност :) ) Фала однапред.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554
Здраво колеги, бидејќи не положив Калкулус од прв семестар и не можам да запишам Веројатност во трет, дали би било паметно со молба за 6ти предмет да земам 3 изборни наместо 2?

Целата идеа е надокнадување на испуштените 6 ЕКТС кредити и во best-case scenario ако од сега натака се положувам во предвидените рокови да не морам да запишам дополнителен семестар на крајот од студиите.
Можеш да запишеш веројатност ако пуштеш молба за запишување предмет без исполнет предуслов и ти одобрат
 
Член од
14 септември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
4
Можеш да запишеш веројатност ако пуштеш молба за запишување предмет без исполнет предуслов и ти одобрат
Ова е информација директно од Продеканот за настава Lameski.png
 
Член од
12 декември 2018
Мислења
7
Поени од реакции
5
Некој што го слушал Системи на знаење да ми каже нешто повеќе за каков предмет е ??
 
Член од
16 септември 2020
Мислења
8
Поени од реакции
0
Бидејќи презапишувам два предмети од зимски семестар,морам двата да ги запишам или можам само еден?
 
Член од
22 јануари 2019
Мислења
71
Поени од реакции
56
Бидејќи презапишувам два предмети од зимски семестар,морам двата да ги запишам или можам само еден?
Ако се задолжителни мораш двата!
Автоматски споено мислење:

Кратко објаснување за тие што прашуваат како се презапишуваат предмети и како можат да запишат. Кога презапишуваш задолжителен предмет, најголем приоритет има тој кога се запишуваат предмети од нов семестар. Значи не те прашуваат дали сакаш да го остаиш за наредна година туку е клучно да го запишеш. Потоа следуваат задолжителните од новиот семестар, ги запишуваш тие за кои исполнуваш услов или одобрена молба инаку предметот се запишува во наредна година доколку се исполни условот. На крај се запишуваат изборните доколку остане место за изборен бидејќи се со најмал приоритет. Дополнително ако изборниот го паднеш во сите сесии наместо да го презапишеш истиот можеш да избереш друг изборен. Ова го пишувам од искуство бидејќи досега презпишав неколку предмети, се надевам ќе ви помогне да се одлучите како ќе си ги комбинирате предметите доколку заглавите со повеќе презапишани предмети. :)
 
Последно уредено:
Член од
26 август 2018
Мислења
79
Поени од реакции
33
Дали некој што сега ќе биде трета година по новите програми знае дали може да запишуваме за изборни и предмети од 7ми семестар или само од 5ти? Дека прочитав нешто во групата на фб тие од 7ми уште не биле активирани дека претежно се нови и ќе се активираат во четврта година а ние сме прва генерација по нова програма и нема никој што е четврта моментално. Ако е така тогаш не знам зошто се ставени на листата предмети за зимски ако е точно дека не смееме да ги земаме т.е не се активирани.
Еве за што зборам: https://www.facebook.com/groups/finki/permalink/3579495635404494/
Не може да се земат предмети од 7ми семестар во 5ти ако се нови. За предметите што ги има и во новата и во старата програма не знам. И не ми е јасно зошто не се известуваат студентите за ова и ваков тип на информации не се објавуваат некаде.
 
Член од
12 јануари 2018
Мислења
212
Поени од реакции
121
Некој што го слушал Системи на знаење да ми каже нешто повеќе за каков предмет е ??
Прилично лабав предмет. Се полага теорија и задачи посебно. Има лабс кои треба да се направат за потпис(барем 1 тест пример да работи, не мора сите задачи да излегуваат 100%). Теоријата се полага на courses, додека задачите се на exam. Се учи python и материјалот се поклопува некои 50% со материјалот по Вештачка Интелигенција. Асистентки годинава беа Мартина и Фросина, супер предаваат и имаат многу добар однос со студентите.
 
Член од
26 август 2018
Мислења
79
Поени од реакции
33
Некој да сподели повеќе информации за предметот Веб програмирање?
 
Член од
28 јануари 2020
Мислења
146
Поени од реакции
20
Kako da se upise semestar koga seuste na iknow sum po stara programa bidejki menav smer?? Dali nekoj ima info za ova?
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554
Kako da se upise semestar koga seuste na iknow sum po stara programa bidejki menav smer?? Dali nekoj ima info za ova?
Почекај да ти сменат смеро па тогај ќе запишеш, а треба да сменат најкасно утре до задутре оти до 23ти е роко.
 
Член од
13 ноември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Може да се завери семестар без потпис по 1 предмет?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom