Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Слуша некој теорија на информации кај Бакева , а и е бил денеска на предавање ?
Јас бев. Ми се преврте нешто во стомакот кога ги извади презентациите... во потполно ист изглед и боја како оние од Веројатност и Статистика :D. Значи колку тепаат по психа некои предмети, чудо еј :D
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Дечки заборавив еден предмет да додадам во електронското запишување и сеа пројде 00:00 и не можам веќе да додавам. Можам тоа да го направам во студентски, макар со казна од 500 денари така?
Секако, со казна се' бива.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Нешо не го сменале распоредов,многу ми е чудно.
 
Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
Јас бев. Ми се преврте нешто во стомакот кога ги извади презентациите... во потполно ист изглед и боја како оние од Веројатност и Статистика :D. Значи колку тепаат по психа некои предмети, чудо еј :D
Спомнаа нешто лабораториски и дека треба редовност ?
 
Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Нешо не го сменале распоредов,многу ми е чудно.

Ќе се менува викендов ... да се процесираат треба пријавите за да се формираат групи/изборни предмети и слично :)
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Ќе се менува викендов ... да се процесираат треба пријавите за да се формираат групи/изборни предмети и слично :)

Значи пак не сте on time. Можеше уписите да започнат порано,да се среди се и коа ќе се рече се почнува на 3ти, да почнеме стварно. А не сеа предавањата да се средат, па ауд.вежби, па лаб. ќе иаме 2 недели пред колоквиум. Али океј е, да беше инаку ќе ми беше чудно. :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Спомнаа нешто лабораториски и дека треба редовност ?

Да, услов за потпис се 20% од двата колоквиуми заедно, и 60% од лабораториските. Ова второво го направиле за да не полагаме практично на крај, како ВиС и ДМ.
 
Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Значи пак не сте on time. Можеше уписите да започнат порано,да се среди се и коа ќе се рече се почнува на 3ти, да почнеме стварно. А не сеа предавањата да се средат, па ауд.вежби, па лаб. ќе иаме 2 недели пред колоквиум. Али океј е, да беше инаку ќе ми беше чудно. :)

Уписот почна навреме - тоа што последниот ден чекаа повеќе од 1000+ студенти баш тогаш да носат документи пак друг е крив иако претходно цела недела немаше повеќе од 50 студенти дневно ... па уште имаше барања да почнете со настава 10.02.2014 демек ви требал одмор после испитите ...

Лабораториски вежби почнуваат од 17.02.2014 - третата недела од семестарот за да прва колоквиумска недела ви е некаде почеток на април ...

Еднаш вие студентите да сте навреме во извршувањето на Вашите обврски ... само се бараат продолжувања, оддолжувања и слично ... и после друг е крив - исто како што за поклопувања на предмети во различни семестри друг е крив иако нели вината е кај вас бидејќи не сте ги положиле наведените предмети кога требало (сте имале 3 сесии да го сторите тоа) ...

Да не дискутирам колку од вас оваа недела доаѓале на предавањата иако уредно има распоред за тоа ...
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237

Aj сега да бидеме реални. Петокот 31.01 се полагаше Бази на податоци на сите смерови, а саботата се полагаше АСП, Вештачка интелигенција и Микропроцесорски системи, можеби 3те најтешки предмети на факултетов. Дали стварно мислите дека некој ќе жртвува 3-4 сати да поднесува документи ден-два пред вакви испити наместо да остане дома и да учи. Велам, некој треба да се крене од Ѓорче, некој од Кисела Вода, некој од Радишани, да загубиш саат само по автобуси, да чекаш саат пред студентска служба, да се вратиш дома полн нервоза од чекање и туркање и да седнеш да учиш. Не оди тоа така. А да не спомнувам за студенти кои се од другите градови и учат дома, бидејќи во Скопје имаат проблеми со греење, со финансиски средства и слично. И тие треба да дојдат ден пред испит, да патуваат до Скопје за да запишат и заверат семестар?

Лесно е кога не размислуваш ко студент, кога имаш завршено и си велиш што го кошта да дојде во петок наместо во понеделник, ама ич не е така.

Не знам дали е изводливо и дали работите кон такво нешто воопшто да се укинат хартиените пријавувања. И така има iknow систем, воведете начин на плаќање преку телефонска сметка на пример. Ај ако не толку за заверка и за семестар, ама барем за пријавите може. Никогаш не можев да сфатам зошто кога пријавуваме онлајн, плаќаме таксена марка онлајн, оценките ни ги заведуваат онлајн, зошто пак мора да киснеме пред канцеларии на професори за да им оставиме пријава. Зашто не секој професор прифаќа пријава оставена во сандаче.
 
Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Никогаш не можев да сфатам зошто кога пријавуваме онлајн, плаќаме таксена марка онлајн, оценките ни ги заведуваат онлајн, зошто пак мора да киснеме пред канцеларии на професори за да им оставиме пријава. Зашто не секој професор прифаќа пријава оставена во сандаче.
Потполно се согласувам со мислењето. Јас неможам да се изначудам како толку едуцирани професори што на часови ни кажуваат како да менаџираме со толку комплексни ситеми и знаат да критикуваат се живо и диво како требело да се направи, тие истите да немаат организација за нивните одговорности , како што е внесување оценка во индекс и примање на пријави од студенти, нешто најосновно за нивата професија. Како тоа некои од професорите можат гордо да кажат "Јас не внесувам оценки во индекс", и истите никогаш неможеш да ги најдеш на консултации, - нешто што им е задолжително да го прават а истите критикуваат како некој не знаел , не работел како што треба.
Тоа со пријавите, па на човек со завршено само основно образование ќе му текне сандаче за пријави да стави и да е посвесен и поодговорен за времето на другите.
Или тука е уште полоша ситуацијата, професорите знаат дека студентите трошат безпотребно време заради нивната неорганизираност, но намерно не сакаат, не се залагаат да го решат тоа. Што ако некој нив им го торшти така залудно нивното време? Ќе збудалат!

@Bidikov Во никој слушај неможе да се каже и да се претставува дека цвета работата на факултетот од страна на организација и раководство. Се случува студентите да претеруваат во некои работи, јасно е тоа, ама сепак тоа е поприфатливо затоа што се суденти,неискусни, и треба да им се укаже од некој поискусен како асистентите ,професорите. Но, не е прифатливо професорите и асистентите,на кои треба да се огледуваат студентите, да се неодговорни, и погрешно да ги прават некои работи , особено за кои тие кажуваат како треба правилно да се направат.

И само да надополнам, во врска со предавањата, тоа што има грешки во слајдови во тек на презентација, грешки при презентирање од страна на професорите, незнање на делови или детали од материјалот на предавање од страна на професорите, е сосема неприфатливо. Неможам да се изначудам како не им е страм на асистентите а повеќе на професорите кога ќе им се случи такво нешто на предавање и така смирено и некогаш гордо и самоуверено го вртат следниот слајд. А се бара од студентите да го знаат сето тоа, бидејќи е во материјалот.
Нормално ова не се однесува на сите професори и асистенти, но многу ги има на кои се однесува.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Уписот почна навреме - тоа што последниот ден чекаа повеќе од 1000+ студенти баш тогаш да носат документи пак друг е крив иако претходно цела недела немаше повеќе од 50 студенти дневно ... па уште имаше барања да почнете со настава 10.02.2014 демек ви требал одмор после испитите ...

Лабораториски вежби почнуваат од 17.02.2014 - третата недела од семестарот за да прва колоквиумска недела ви е некаде почеток на април ...

Еднаш вие студентите да сте навреме во извршувањето на Вашите обврски ... само се бараат продолжувања, оддолжувања и слично ... и после друг е крив - исто како што за поклопувања на предмети во различни семестри друг е крив иако нели вината е кај вас бидејќи не сте ги положиле наведените предмети кога требало (сте имале 3 сесии да го сторите тоа) ...

Да не дискутирам колку од вас оваа недела доаѓале на предавањата иако уредно има распоред за тоа ...

Многу од колегите веќе одговорија, ама болдираното ми фати око.
Студенти сме, многу нормално е да презапишеме предмет.10 предмети се во година,некогаш не се стигнува се. Се случува на секој факултет,ама некако само на нашиов не знаат да излезат на крај со ситуацијава. Ама пак не ми е јасно ( не велам дека професорите се криви ), еве земам пример ВИС,нека го слушаат 1000 студенти ( мада се повеќе ),како е можно само околу 30-40 да положиле досега ? КРС првиот колоквиум го полагаа 1700 луѓе ( ова го слушнав директно од тебе). Мислам дека ако веќе сте се решиле да вршите некаква селекција паметно ќе е тоа да се случува при упис, а не само да примате 1000+ души во секоја генерација кои немате ни каде да ги сместите,па на колоквиуми/испити да ја покосите цела генерација. Ама пари се во прашање тука,нели :)
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
243
Поени од реакции
86
Уписот почна навреме - тоа што последниот ден чекаа повеќе од 1000+ студенти баш тогаш да носат документи пак друг е крив иако претходно цела недела немаше повеќе од 50 студенти дневно ... па уште имаше барања да почнете со настава 10.02.2014 демек ви требал одмор после испитите ...
...

Да не дискутирам колку од вас оваа недела доаѓале на предавањата иако уредно има распоред за тоа ...
Баш би било добро да проверите колку распоредот е уреден. На пример во ИНФО прва година сте ставиле АОК, а ние слушаме Компјутерски архитектури со ИКИ, и сега пола беа за џабе на АОК од сабајле и не им е јасно кога да одат на предавања. Или во ИКИ прва година сте ставиле Дискретна математика. Па ако почнуваме од 3ти, да почнеме како што треба, барем распоредот да беше во ред.
 
Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Повторно си одговарате како мислите дека треба и не сте во право - мојот коментар за гужвата беше бас за они кои не ги полагаа овие најтечки предмети според вас туку за студенти кои и немаат многу изборни предмети (да не речам само 1 изборен за 2 семестар)...

За пријавите, дали конечно ќе сватите дека тоа е законска обврска и дека само хартиената пријава уредно заведена од вашиот професор е валидна. Обидот да ви го олесниме административниот процес со воведување на iKnow e искрена намера кога законите ќе го дозволат тоа целосно да се премине на електронски пријави ... иначе колку што знам на колоквиуми се собираат пријави, а и секако морате да ја земете оценката лично од професор бидејки тоа е така предвидено во закон.

За буткањето немаше воопшто да дискутиравме ако навистина сите правилно го прочитаа упаството за пријавување/заверување и ако дадените денови согласно некоја културна распределба предизвукување они студенти кои веќе завршиле со испити (а да ве потсетам дека испитите од парниот семестар беа во првата декада на сесијата) дојдеа да поднесат документи навреме... пазете кога дискутираме бројки тоа се бројки на студенти кои воопшто не ни почнале порцес на упис во iknow - дали треба да ве оправдам со учење бидејки секако тоа се прави од компјутер ....

За тоа селекција при упис - пак неможете да забележувате повторно законот е тој што ги определува овие работи. За КРС или ти СП по ново извинете ама на испит ви беше дадено да пресметате главна и споредна дијагонала на матрица ... нејкам да дискутирам повеќе...

Совет за во иднина - користете ги механизмите кои ги имате за да наредниот пат имате подобар распоред на испити/колоквиуми и бидете агилни - само така ќе имате подобри услови... колку и да сака факултетот да ви излезе во пресрет морате да си ги сватите работите сериозно, а не само да копирате решенија по лабораториски и после да се жалите дека не сте можеле да положите одреден предмет преку коликвиуми и плус 3 шанси на испит. Викате 10 предмети во 1 година биле - ама тоа е 5 предмети по семестар и групо тоа доага вака (пример за зимски семестар): 2 предмети положуваш на колоквиуми, 1 февруари, 1 јуни, 1 септември .... истото по обратен редослед може за летен ...

Совет број 2 за во иднина - не им се нафрлајте на луѓето кои безрезевно се борат за вас студентите - не се такви многу на факултетот ама сепак се доволно доколку малце со својата агилност им дадете шанса ... само како пример: се пријавувате на ангета 30 стуендти за некој испит и некој вложува напори за да ви состави квалитетни и јасни задачи за да потоа на испит дојдете само 1/30. Што мислите после 3 пати ваква случка како ќе реагираат тие луѓе на вашите забелешки дека само вие сте го трошеле времето на глупости ???

Ако мислите да водиме продуктивни дискусии на темава - веројатно ќе продолжам да реплицирам ... ако мислите да ме убедувате во глупости без аргументи понатаму не дискутирам иако како влијателна личност на форумов сакам да се вклучувам во вакви дискусии ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom