Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
13 јуни 2008
Мислења
92
Поени од реакции
0
Ама чекајте бе луѓе... Значи студентиве против нивна воља се пребацуваат на нов факултет, тие се запишале на ФЕИТ со цел тој факултет да го завршат. Зарем тие немаат право на избор што сакаат да студираат? Најпаметно ќе беше, ако веќе толку инсистираат, од септември да се отвори факултетот ама за нови генерации, ИКИ и ИНФО да се затворат, т.е. нема примање нови, а кој сака да може да се префрли таму. Само во Македонија изгледа никој не ги прашува студентите за нивните права.
убаво си пишува.. ИКИ, ИНФО и информатичките смерови на ПМФ, ќе продолжат да се спроведуваат на истите факултети(ФЕИТ и ПМФ). Студентите ќе треба да изберат дали ќе се префрлат на ФИНКИ или ќе си останат на ФЕИТ или ПМФ...
 
A

apidrone

Гостин
Сепак мислам дека наставната програма ќе им биде сменета... Не знам... со среќа нека им е.
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Се запишав јас диплома од ФЕИТ да земам, не од ФИНКИ ТИНКИ ВИНКИ ДИПСИ ЛАЛА И ПО.
Значи да објаснам јас како имам разбрано од информации блиски на владата/шпекулации од асистенти: институтот за компјутерска техника и информатика при ФЕИТ си останува, а со него и смеровите ИКИ и ИНФО, така да ФИНКИ си е веќе посебна институција. Кој си се запишал на ФЕИТ, може слободно да си остане таму
 
I

Intex

Ако остане ќе биде чорба, нема да знаеме кој каде да се запише.

Не знам шо е проблемот во тоа да бидеш иста струка, со исти предмети, со исти професори, само во друга зграда и со друго име.
 
A

apidrone

Гостин
Зошто се прави нов факултет ако се истите предмети? Кој гарантира дека тоа ќе биде успешен проект? Знаете ли колку ќе изгубите ако не дај боже пропадне се тоа?
 
I

Intex

Гостин
Зошто се прави нов факултет ако се истите предмети? Кој гарантира дека тоа ќе биде успешен проект? Знаете ли колку ќе изгубите ако не дај боже пропадне се тоа?
Поради тоа што на исти универзитет имаме два институти за информатика? Каде на друго место има така? Никаде.
Значи, ќе си има ИНФО, ИКИ, Информатиките од ПМФ, некоја струка може додатна, и толку. Ништо страшно, се е исто, само што ќе добиете диплома од Факултет за информатички науки и компјутерски инжињеринг. Во глобала се останува исто.:)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Ја мислам дека целта на ова што се прави не е да останеш на феит за да во дипломата ти пишува феит туку да ги искусиш промените и реформите и информатичките смерови да се спојат со што условно новиот факултет ќе се прелеат студентите и ќе се направи нов систем на функционирање. А пак не држи вода дипломата и нејзиниот назив држава НЕ гарантира дека ќе постои називот феит ни после Х години или откога ќе завршите дека нема да се промени како што веќе бил менуван во минатото од етф во феит. Мислам дека целта тука е друга.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Зашто да не се издвојат ПМФ и ИКИ и другите смерови од информатика на ФЕИТ и да друг факултет. Факт е дека на ПМФ ние од информатика сме највеќе и дека највеќе примања на факултетот одат од ИИ, а еднакво потоа се распределуваат средствата со другите институти. На физика има по 5 студенти и еднакво се финансира како ИИ.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Декан за настава ќе биде Данчо Давчев. Неофицијално, али така разбрав денес и како што ни кажа и самиот, многу се залагал за новиов факултет.

Владимир Трајковиќ, он ни пренесе дека новиот факултет ќе биде во округов каде што сега се електро и машински. Точно, уште незнаеле.

Што се однесува до идејава, БРИЛИЈАНТНА е и конечно им текна дека информатиката е таа што е најбарана и најцената кај нас, а воедно и тоа што најмногу фалеше на факултетиве. Самите знаете на кои смерови има најголем интерес. Доста не викаат електро, електро кога електро е умрено одамна, сите се палат на информатичките смерови, и чат пат ксиа и тк. И конечно време е да се одвоиме.
Само ако не издвојат нас, на феит ќе останат... колку? 50 студенти вкупно од другите смерови?:) На пмф колку ќе останат? 20 :) Реално, на тие други смерови се запишуваат студенти кои ги одбиле на атрактивните информатички смерови, а тие што стварно се одлучиле да студираат електроники сигнали чуда... мислам дека можат на прсти да се избројат.

Дипломата како за вас, така за сите ќе биде. Кога ќе отидеш да бараш работа, секој ќе знае што е финки и дека е во склоп на уким. Додека да дипломира првата генерација, сите ќе знаат што е финки.

Мене најмногу не ми се допаѓа тоа што не затекна на сред студирање и ќе биде каша попара... Професорот Владимир Трајковиќ рече дека ќе можело да сме бирале каде да сме продолжеле дали феит или финки... малце глупо ми е тоа, каша ќе настане ако едни идат на едното, други на другото... Али ќе видиме на есен тоа:)
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
^ Про-декан за настава мислиш ...
Ако Давчев учествува во пректов, може и ќе биде нешто од него ...
Последниве години, Трајковиќ беше најистурена фигура во приказнава, која сакаат да ја истуракаат одамна.
Јас сум скептик, мислам дека ако не се пресели 80% од кадарот од етф и пмф на финки, финки отиде ... :) ...
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Декан за настава ќе биде Данчо Давчев. Неофицијално, али така разбрав денес и како што ни кажа и самиот, многу се залагал за новиов факултет.

Владимир Трајковиќ, он ни пренесе дека новиот факултет ќе биде во округов каде што сега се електро и машински. Точно, уште незнаеле.

Што се однесува до идејава, БРИЛИЈАНТНА е и конечно им текна дека информатиката е таа што е најбарана и најцената кај нас, а воедно и тоа што најмногу фалеше на факултетиве. Самите знаете на кои смерови има најголем интерес. Доста не викаат електро, електро кога електро е умрено одамна, сите се палат на информатичките смерови, и чат пат ксиа и тк. И конечно време е да се одвоиме.
Само ако не издвојат нас, на феит ќе останат... колку? 50 студенти вкупно од другите смерови?:) На пмф колку ќе останат? 20 :) Реално, на тие други смерови се запишуваат студенти кои ги одбиле на атрактивните информатички смерови, а тие што стварно се одлучиле да студираат електроники сигнали чуда... мислам дека можат на прсти да се избројат.

Дипломата како за вас, така за сите ќе биде. Кога ќе отидеш да бараш работа, секој ќе знае што е финки и дека е во склоп на уким. Додека да дипломира првата генерација, сите ќе знаат што е финки.

Мене најмногу не ми се допаѓа тоа што не затекна на сред студирање и ќе биде каша попара... Професорот Владимир Трајковиќ рече дека ќе можело да сме бирале каде да сме продолжеле дали феит или финки... малце глупо ми е тоа, каша ќе настане ако едни идат на едното, други на другото... Али ќе видиме на есен тоа:)
50 студенти како шо ти викаш ќе има само од една генерација на КСИА. А тоа дека сите имаат мерак по програмирањата нека си остане како што ти мислиш оти немам намера да тепам полемики. Прашај ги ИКИ-евци зошто се запишале на ИКИ. Третина ќе ти кажат дека тато им кажал оти било актуелно. Поздрав и со среќа на ФИНКИ
 
Член од
26 февруари 2008
Мислења
305
Поени од реакции
61
Се запишав јас диплома од ФЕИТ да земам, не од ФИНКИ ТИНКИ ВИНКИ ДИПСИ ЛАЛА И ПО.
Зошто? Дали мислиш дека дипломата од ФЕИТ ќе ти биде поценета од таја што ќе ка добиеш од ФИНКИ, или чисто ради фактот дека ти се се мачела повеќе од некој од ПМФ а ќе земете иста диплома и слично.
Сега дали мислиш дека би било подобро да имаш опремени лаборатории за се и свашта и многу практична работа, него досегашната што и те како ми е позната и на ФЕИТ а и на ПМФ.Значи парите што ги земаат двата ФЕИТ и ПМФ би оделе во еден таканаречен ФИНКИ што по сите мои замисли би бил баш Факултет за Информатика.

Дали ќе биде каша попара? Да така мислам и јас.Не може сега им текна ќе се спојат, па ај тие што се затекнати да можат да бираат, другите да се запишаат одма таму и ова само по себе си носи многу прашања.Ама ваљда луѓето што работат на проектот испитале што е како е не лупаат сега од еднаш ќе се гради нов факултет.:toe:
 
A

apidrone

Гостин
Можеби сака да ти каже дека звањето сака да и' биде дипломиран инженер по електротехника - насока информатика, а не дипломиран информатичар. И како што гледам скоро сите предмети се тесно поврзани со програмирање, а упатените знаат дека информатиката е далеку од „само програмирање“.

--- надополнето ---

не се отвара...
Имаш акаунт на гмаил? Ако да, логирај се, ако не, ќе ја аплоаднам некаде.
Едит: пробај пак. Мислам дека го средив проблемот со sharing-от.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom