Да сум јас на твоја возраст би играл: вонредно факултет во компјутерски науки (меѓународно признаен, или дисперзирани по Свети Николе, Штип ако сеуште постојат, или некој приватен), со што ќе си купиш академско пусулче (добро е да го имаш, ако ти затреба да одиш надвор од тука ќе ти го бараат), а во меѓувреме да се стегнеш со курсеви и да научиш програмирање.
Инаку одбери си патека која сакаш да ја следиш, и полагај ги сертификатите од
Microsoft (80тина долари по тест), или евентуално
Amazon како поскапа варијанта. Сертификатите нема да ти дадат знаење, но во најмала рака се интересни за компаниите, често се потребни за пред клиентите.
Инаку за почеток е многу тешко во моментот, има голема конкуренција со академиите, а воедно и со факултетите, па со бекенд јазик како пајтонот троа потешко од прв ден. Подобро испеглај javascript, html, css и некој фронтенд, или евентуално да разгледаш тестирање, или техничка поддршка, па со тек на време да се качуваш на скалата.
П.С колку помлад почнеш со практиканство, толку помалку ќе се разочаруваш, додека не фатиш 2 години искуство платата ќе биде смешна.