Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
6 октомври 2019
Мислења
27
Поени од реакции
49
Kolegi, za tret semestar mislenje za
Osnovi na komunikaciski sistemi
Upravuvanje so tehnicka poddrska
Koj e polesen i moze da se izvlece pogolema ocenka za prosek ?
Управување со техничка поддршка не е тежок предмет и може да се извади повисока оценка. На предавања се учи за ITIL и FitSM, а на вежби за Kanban и OTRS. 50% носи писмениот испит што е на заокружување и само со материјалот од предавања, имаш 40 прашања и 30 минути и се полагаше со SEB и со напредна идентификација (на рандом прашање се вклучува камера и микрофон и треба да го прочиташ дадениот текст). Повеќето од прашањата се од базата што е направена оваа година од онлајн полагањата и ја има во групата на фб ама имаше и прашања што буквално нигде не може да се најдат. Исто така предност е што по завршувањето на предавањата по предметот почнува полагањето и можеш да полагаш кога сакаш и колку пати сакаш до крај на септемвриска сесија, со ограничување дека мора да има 2 недели помеѓу обидите. Лабораториските носат 30%, имаше 8 и не беа тешки ама требаше да посветиш повеќе време на последните. Во секој случај со материјалот од аудиториски и некое јутуб видео се правеа и имаш рок до крај на втора колоквиумска да ги поставиш сите. Строги се за плагијати и неколку студенти беа казнети. Исто имаш и тимски проект што носи 20%, не е обемен.
 
Член од
23 август 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво дечки за упишување на трет семестар колку предмети треба да се положени и што ако немам положено ООП а треба за Алгоритми?
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.112
Поени од реакции
2.166
Здраво дечки за упишување на трет семестар колку предмети треба да се положени и што ако немам положено ООП а треба за Алгоритми?
Нема услов да имаш одреден број на положени предмети, а оти ООП е летен семестар, за да га земеш Алгоритми треба да ти е само слушан ООП.
 
Член од
1 септември 2019
Мислења
13
Поени од реакции
2
Здраво дечки.
Оваа година се запишувам на ФИНКИ на СИИС, искуства?
Велат веројатност и статистика бил тежок предмет? Колку математики се и на тежинска скала од 1-10 колку би ги оцениле?(подетално за секоја од нив)
Ви благодарам
Автоматски споено мислење:
Нема лесно на ФИНКИ :)
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
11
Поени од реакции
2

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
22.433
Поени од реакции
50.245
Kade tocno se naogja Finki?
Комплициран е одговорот :D
Познато е дека ФИНКИ нема своја зграда. Предавањата ги држат во просториите на Технолошко металуршки факултет и Електро/Машински (заедно со бараките нивни, црвената стрелка).
Деканатот на ФИНКИ е наспроти зградата на ТМФ. Студентската служба е во ТМФ на приземје.

1629903845991.png

 
Член од
14 март 2017
Мислења
11
Поени од реакции
0
Da da i koga nosev dokumenti isprintana
Јас не можам да уплаќам електронски и сеа не ми е јасно каков доказ да поднесам. Ги пополнив уплатниците и ги скенирав ама не знам дали е тоа доволно. Кога плаќам у банка првата страна со потпис и печат они си ја задржуваат, така што мене ми останува да ја поднесам само „бледата“ страна...
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
11
Поени од реакции
2
Јас не можам да уплаќам електронски и сеа не ми е јасно каков доказ да поднесам. Ги пополнив уплатниците и ги скенирав ама не знам дали е тоа доволно. Кога плаќам у банка првата страна со потпис и печат они си ја задржуваат, така што мене ми останува да ја поднесам само „бледата“ страна...
Доволно е и таа. Таква ти ја даваат од банка, таква ќе ја приложиш. Има потпис од службеното лице, има доле една линија од бројки и букви, која ја печати нивниот компјутер, и еден блед печат. Тоа би требало да е доволно.
 
Последно уредено:
Член од
14 март 2017
Мислења
11
Поени од реакции
0
Доволно е и таа. Таква ти ја даваат од банка, таква ќе ја приложиш. Има потпис од службеното лице, има доле една линија од бројки и букви, која ја печати нивниот компјутер, и еден блед печат. Тоа би требало да е доволно.
А во ред ли е ако по електронски пат ја пуштам скенирана само од горната страна со пенкало? Пошто утре планирам да уплатам а веќе направив скенови од се.
 
Член од
26 август 2021
Мислења
9
Поени од реакции
4
Со 87 поени дали би можела да поминам во државна квота на СИИС?
 
Член од
27 ноември 2020
Мислења
5
Поени од реакции
0
на 31.8 и 01.09 е прв уписен рок. јас утре (27.08) ја праќам електронската пријава, што треба да направам на 31 и 01? фала ви.
Автоматски споено мислење:

Со 87 поени дали би можела да поминам во државна квота на СИИС?
СИИС на с.македонски избра или на англиски?
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
211
Поени од реакции
95
Комплициран е одговорот :D
Познато е дека ФИНКИ нема своја зграда. Предавањата ги држат во просториите на Технолошко металуршки факултет и Електро/Машински (заедно со бараките нивни, црвената стрелка).
Деканатот на ФИНКИ е наспроти зградата на ТМФ. Студентската служба е во ТМФ на приземје.

Прегледај го приврзокот 304653

Ние сме си скитници во академскиот свет :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom