Здраво колеги, прашањево го пишувам тука зошто стварно не знам каде да го поставам. Исто зошто и мислам дека финкашите би имале највеќе вакво искуство.
Во втора година се вработив фул тајм, тоа вклучуваше "отпишување" од редовен студент во вонреден (бидејќи на ФИНКИ нема вонредовни студенти ништо не се смени, само во агенцијата за вработување требаше да однесам документи).
После две години се враќам назад на факултет, но веќе не сум студент. Претпоставувам не би можел пак да се заведам како студент? (најголем проблем околу ова ми е здраственото осигурување).
Дали некој има искуство со ова? Прашав во студентски прашања и не добив никаков одговор, а не можам да добијам никој од агенцијата за вработување.