Објаснив неодамна, ПИТ е како наследник на ПЕТ, но има ист број на математики со КИ (КНИ по старо). На ПИТ се учи дискретна математика (споени ДМ1 и ДМ2 во едно), а на КИ се учи Калкулус (К1 и К2 во едно), а не се учи воопшто ДМ. Останува на студентите да одлучат дали ДМ ќе биде потешка од Калкулус, меѓутоа не прави многу разлика. Како што разбрав, на ПИТ додале предмет сличен на Веројатност, со тоа што го направија можеби и потежок од ПЕТ (стариот смер).
Да не комплицирам, тежината на смеровите е изедначена според новите програми, барем по мое видување. Нека споделат искуства и бруцошите со наведените предмети.
Бруцош сум иначе.
ПИТ има Дискретна и Бизнис Статистика.
СИИС има Дискретна , Калкулус и Веројатност и Статистика.(На СИИС сум)
КН има Дискретна 1-2 , Калкулус 1-2 , Веројатност и Линеарна Алгебра
КИ Калкулус 1-2 , Дискретна , Веројатност и Линеарна..
ИМБ има Дискретна , Калкулус и Теорија на информации(нели ова како Веројатност било).
Така да ако ги ставаме по категории на КН/КИ се учат најмногу математики , после тоа се СИИС и ИМБ па ПИТ.
Така да не бев грешка што реков дека на ПИТ има најмалку математики , да ПЕТ најверојатно бил полесен од ПИТ , ама сепак по сегашната програма по мое ПИТ треба да е полесен од другиве наведени.
Од мое искуство Калкулус не беше нешто толку страшно колку што ми викаа дека е , со оглед на тоа што бев дупка математика со повеќе учење успеав да го положам без проблем.За Дискретна незнам што да кажам , не е тешка како Калкулус но има многу двосмислености многу од работите не се поврзани(недообјаснати) и барем мене ми изгледа многу пообемен матријалот(најверојатно поради тоа што не е сврзани темите како на Калкулус).