Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Дискусија во форумот 'Образование' започната од ASimov, 31 јануари 2011.

  1. Гард

    Гард

    Член од:
    27 септември 2010
    Мислења:
    3.472
    Допаѓања:
    4.724
    Не ми предавал Мишев по мрежи, ама според друг предмет е океј. Не идеален, ама знае да пренесе разбирливо. Е-тест не ти препорачувам иако е полесно. Вреди предметот да го научиш како што треба, интересен е. Од е-тест ама баш ништо нема да научиш и следниот месец се ќе ти биде заборавено.
    За АПС не знам што да ти одговорам, не сум слушал ни кај двајцата. Само знам дека и двајцата се фини луѓе :D
     
    На Shteff Mathers му/ѝ се допаѓа ова.
  2. unitro

    unitro

    Член од:
    14 август 2018
    Мислења:
    4
    Допаѓања:
    0
    Мислење за Ласко калкулус и Дејан структурно?
     
  3. Yolo

    Yolo

    Член од:
    14 јануари 2016
    Мислења:
    35
    Допаѓања:
    13
    Мислење за Коста Митрески?
     
  4. NoraNora

    NoraNora

    Член од:
    10 јуни 2017
    Мислења:
    13
    Допаѓања:
    0
    Здраво дечки, сакам да прашам која е разликата во предавањата и вежбите за Бази кај Триводалиев и Велинов и дали би имала проблем при полагање ако предметот го слушам кај Кире а полагам кај Велинов.
     
  5. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    2.922
    Допаѓања:
    6.690
    На повеќето предмети што ги предава пушта списоци за присуство за бонус поени, на кои можеш да потпишеш уште 5 души без проблем, не прегледува особено ако сте повеќе луѓе. Е сега, одењето на часови кај него е чисто мачење и губење време. Прво збори претивко и ако седиш од трета клупа наназад треба да си експерт во читање на усни за да сфатиш што предава, друго се чита од слајдови и никаква поента нема одењето на предавања.
    За Ласко не знам, не сум слушал калкулус. Ама Дејан структурно е просечен професор, мој совет е да одиш кај Ана ако држи или најдобро Маџаров, сите други се океј, ама седењето на часови знае да биде многу досадно, и поконструктивно е ако посетиш некој од другиве двајца. Побрзо минува времето и подинамичен е начинот на предавање, Ана константно прашува ученици, дури и ако не дигаш рака, те тера да се вклучиш во дискусија и објаснува на најпрост начин, Маџаров решава примери пред тебе и особено ако имаш некоја појма што станува збор и учиш редовно, ти е чист погодок.

    П.С. Ваљда мислиш на Дејан Ѓорѓевиќ, ако мислеше на Дејан Спасов, кажувај кога имаш предавање, тоа мора да се посети
     
  6. TheHobbitMKD

    TheHobbitMKD

    Член од:
    29 декември 2013
    Мислења:
    9
    Допаѓања:
    3
    Здраво колеги

    Дали може некој да ми ги прати материјалите по напредно програмирање?
     
  7. advanced

    advanced

    Член од:
    18 април 2014
    Мислења:
    35
    Допаѓања:
    1
    Кај Кире, Слободан и Георгина се полага на хартија, кај Велинов различно се полага, на компјутер е кај него и кај Вангел исто.
     
  8. Sukhoi

    Sukhoi

    Член од:
    1 септември 2016
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    10
    Амфитеатар на машински каде се наоѓа?
     
  9. Dani

    Dani 1 + 1 = 10

    Член од:
    22 јуни 2010
    Мислења:
    19.486
    Допаѓања:
    40.200
    На приземје после бифето, на крај од ходникот
     
  10. Yolo

    Yolo

    Член од:
    14 јануари 2016
    Мислења:
    35
    Допаѓања:
    13
    А во однос на оценување? Прашувам за Вовед во КН (ВВИ по старо).
     
  11. FilipMKD007

    FilipMKD007

    Член од:
    8 јануари 2013
    Мислења:
    2.922
    Допаѓања:
    6.690
    Коста нулти фактор е во целото оценување. Лабараториските ти се смешки, ти ги оценува демонстратор некој, некој студент постар батко или евентуално ако немаат, некој од Тенев, Бојана ќе стават. Колоквиумите ти ги оценува асистентот по тој предмет. Професорот само оценка ќе ти пише и ќе внесе бонус поени ако имаш од присуство, највеќе гледај кој ти е асистент. Ако е Иван, на бел коњ си
     
  12. advanced

    advanced

    Член од:
    18 април 2014
    Мислења:
    35
    Допаѓања:
    1
    За Дискретна математика 1, подобро е кај Милош Јовановиќ или Весна Димитриевска Ристовска во однос на оценувањето најмногу прашувам?
     
  13. Aria31

    Aria31

    Член од:
    27 август 2016
    Мислења:
    49
    Допаѓања:
    8
    По мене Весна за оценување, Милош за објаснување.

    Георгина на бази бара присуство ?
     
  14. Shteff Mathers

    Shteff Mathers

    Член од:
    10 декември 2010
    Мислења:
    3.123
    Допаѓања:
    2.325
    Некој што положил Веројатност, да даде совет за учење и положување(дали учел од предавања и дополнителна литература итн итн).
     
  15. JoeyTribbiani 74

    JoeyTribbiani 74

    Член од:
    13 јануари 2016
    Мислења:
    47
    Допаѓања:
    36
    едно прашање
    дали е призната дипломата од финки во англија?истово прашање важи и за феит
    позз
     

Сподели преку: