Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
17 јануари 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали е возможно да се префрлам од ФЕИТ на ФИНКИ ? И која е процедурата?
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Наместо да решаваат задачи веројатност ке прават апликации. Во моментов во .мк, неколку апликации прикачени на play store, добар github профил, вредат повеќе од било која оценка по веројатност.
Има работи што се учат само со искуство, со ова ке стекнеш мала предност пред другите кандидати.
На крај на денот насоката нема никаква улога, ако сметаш дека можеш да ги спремиш математиките + некој од практичните предмети што бараат вежбање, тоа ти е подобра комбинација. Искуството покажало дека мал е бројот на луѓето што го прават тоа, затоа предложив пет.
Не си во право,
Можда ништо од калкулус и веројатност нема да му треба у работата али ќе биде многу поспретен у пракса за разлика тој од ПЕТ, многу побрзо ќе може да совлада било што и повеќе ќе му биде развиена логиката на размилување при решавање на проблеми,на ПЕТ стварно имаат повеќе време да се фокусираат на програмирањата и слични предмети , но логиката која се стекнува со учење и вежбање математика секогаш ќе го кочи :) Ова сепак е мое мислење има и студенти на ПЕТ што успеале многу повеќе него некој на КНИ но тоа се исклучоци.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062

Се е индивидуално, нема врска дали е математичар или не :)
Сепак, немам уште работно искуство, па најдобро да оставам времето да покаже.
Ако гледаме вака, познавам колеги што со високи оцени положиле Калкулус, Вис, но, ги ставам во сортата на неснаодливи луѓе.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Наместо да решаваат задачи веројатност ке прават апликации. Во моментов во .мк, неколку апликации прикачени на play store, добар github профил, вредат повеќе од било која оценка по веројатност.
Има работи што се учат само со искуство, со ова ке стекнеш мала предност пред другите кандидати.
На крај на денот насоката нема никаква улога, ако сметаш дека можеш да ги спремиш математиките + некој од практичните предмети што бараат вежбање, тоа ти е подобра комбинација. Искуството покажало дека мал е бројот на луѓето што го прават тоа, затоа предложив пет.
:pos: :D Јер се скапаа поставување апликации студентиве. Прати ми ајде баш да ги видам тие апликации, стварно ме интересира.
По таа логика зошо некој воопшто би се запишал на факс кога може сето време да си го посвети на правење апликации :)
Мое мислење и мое искуство, секако тука нема љутиш и никој да не се осети навреден, не дека од ПЕТ не изглегле спремни студенти, ама воглавном сите се запишуваат/префрлуваат на тој смер не поради тоа што ќе имаат повеќе време за да се посветат на правење апликации, туку поради тоа што не можат да ги положат математиките. Излистај и по темава ќе видиш, никој не прашува како оди процедурата за префрлање од кни на пет.
На интервју нормално никој дека не те прашува на кој смер си завршил, барем мене досега не ми се случило, ама ги гледам од моја генерација кај работат грото од студентите на кни/ики/мрежи и кај работат од пет и јасно ми е.
 
Последно уредено:
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515
Вовед у информатика секој дел посебно се полага? Може да полагам само практично од прв колоквиум за повисока оценка?
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
428
Поени од реакции
582
:pos: :D Јер се скапаа поставување апликации студентиве. Прати ми ајде баш да ги видам тие апликации, стварно ме интересира.
По таа логика зошо некој воопшто би се запишал на факс кога може сето време да си го посвети на правење апликации :)
Мое мислење и мое искуство, секако тука нема љутиш и никој да не се осети навреден, не дека од ПЕТ не изглегле спремни студенти, ама воглавном сите се запишуваат/префрлуваат на тој смер не поради тоа што ќе имаат повеќе време за да се посветат на правење апликации, туку поради тоа што не можат да ги положат математиките. Излистај и по темава ќе видиш, никој не прашува како оди процедурата за префрлање од кни на пет.
На интервју нормално никој дека не те прашува на кој смер си завршил, барем мене досега не ми се случило, ама ги гледам од моја генерација кај работат грото од студентите на кни/ики/мрежи и кај работат од пет и јасно ми е.
Каде работат кни/ики/мрежи и кај работат од пет? Како дојде до заклучокот дека кни се подобри?
Според постовите ми изгледа дека ги споредуваш најдобрите од кни со најлошите од пет.
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.020
На интервју нормално никој дека не те прашува на кој смер си завршил, барем мене досега не ми се случило, ама ги гледам од моја генерација кај работат грото од студентите на кни/ики/мрежи и кај работат од пет и јасно ми е.
Немој да ми кажеш дека во Endava работиш :LOL:?
Еве јас ќе ти кажам од сите колеги / колешки кои дипломиравме на ПЕТ (на време!), скоро сите што ги знам се вработивме како програмери (уште пред да дипломираме -- 3-та година) јас имам уште 2 предмети на Мастер студии - софтверско инженерство заедно со 3 други колеги/шки од истиот смер преку кои и паралелно работиме.
Еве ќе те земам тебе за пример и би рекол дека ти имаше многу помали шанси од мене да најдеш работа бидејќи беше ограничена само на јава Spring/EE, додека јас имав направено и спремно портфолио со .NET MVC, Java Spring и PHP Laravel до крајот на 3-та година.
Аплицирав за сите овие технологии и за некоја случајност во истата недела имав можност да бирам да склучам договор кај 2 компании помеѓу PHP Laravel и .NET MVC (+ на финки се работи web forms, имав време да научам и ASP.NET MVC сам!), се удлучив за .NET MVC уште во 3-та година и при тоа ја сменив работата, сега работам со британски програмери за британска компанија со британска плата - remote.
Ова не го кажувам за да го искажам егото, туку дека ПЕТ ќе ти овозможи повеќе слободно време што доколку имаш јасни цели и правилно го искористиш тоа време ќе те донесе поблиску до тие цели, успехот во кариерата најмалку зависи од смерот, затоа не губете го времето залудно во нешто што они (пр. веројатност) го сметаат дека е битно, вложувај те во она што ВИЕ сметате дека ќе ве донесе поблиску до целта.
Значи во кратки црти, смерот не одлучува кај ќе заврши студентот, туку самите вие преку вашите амбиции (Law of attraction) и акции а ПЕТ ви нуди подобри предиспозиции (време!) за тоа.
Ете, баш затоа ПЕТ е подобар од останатите смерови.
Затоа, @Емкаа не се чалами кој-каде завршувал врз база на смер.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
@Have an ice day @KyleXY
Затоа реков грото од студентите и затоа реков да не се навреди никој. :) И јас имам познаници од тој смер за кои не можам да кажам лош збор ниту па да го оспорам нивното знаење. АМА, грото од луѓето кои ги познавам од тој смер ги знам поради тоа што сме учеле заедно, заедно сме правеле проекти итн. Одма се гледа кога на некој му фаќа кликерот или не.

Значи имаш фирма и имаш фирма. Не може фирма во која ги гледам дека 3ца од 5те девелопери во 4та година не знаеа што е тоа контролер да ја рачунаме како сериозна. Седни утре со такви луѓи зборувај за структура на кодот. Не е само да се искуца.

Мојата специјализација кон Java/Spring нема никаква врска со мојот ''недостиг на време'' поради математиките или не знам што. Напротив, мене тоа ме интересира/ше и сакам да станам експерт во тоа поле. Во моментот кога веќе нема да ми претставува предизвик ќе се преориентирам кон нешто друго. Немав проблем да најдам работа, напротив се вработив додека уште студирав. И јас имав понуди од две компании. И јас имам проекти во Spring, Laravel и Android. Да продолжиме?

Можам и јас да почнам да ти набројувам мои колеги од кни кои и покрај математиките нашле време, искуцале исти такви апликации во исто толку јазици како ти, и сега студираат на најдобрите европски универзитети и истовремено работат/одат на пракса.
Моментот кој мислам дека не го сфаќате е дека голем број од студентите на пет не се со таков мајндсет дека еве, ќе се запишам на тој смер за да имам време да куцам апликации.Се запишуваат на тој смер за да поминат полесно/немаат поени за на другите смерови.

На крај на денот секој си знае дали знаењето што го има го исполнува и ги задоволува работните потреби.
 
Член од
10 јуни 2017
Мислења
15
Поени од реакции
0
Здраво дечки, сакам да ве прашам дали е можно сега во 4ти семестар воопшто да не го запишам Вештачка интелигенција, иако е задолжителен. Дали би можело на пример дури во 6ти да го запишам?
Фала ви
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.822
Поени од реакции
10.551
Некој да сподели искуства и тежина на предметите:
-Електронска и мобилна трговија.
-Вградливи компјутерски системи
-Е-влада
-Мобилни апликации
-Интернет технологии

И доколку знаете некој што држи часови по Системи на знаење контактирајте ме во ПП.
 
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.286
Поени од реакции
314
Здраво, дали некој може да ми каже малку повеќе информации за изборните предмети:

- Кориснички интерфејси
- Интернет технологии
- Визуелно програмирање
- Концепти на информатичко општество
- Медиуми и комуникации

Фала ви.
 
Big Bull

ОК
Член од
23 август 2008
Мислења
562
Поени од реакции
393
Кажете некои полесни предмети по можност да бидат со теорија бидејќи се потребни 18 кредити пред дипломирање?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Кажете некои полесни предмети по можност да бидат со теорија бидејќи се потребни 18 кредити пред дипломирање?
Е-влада, маркетинг, вовед во когнитивни науки, учење на далечина, дигитални библиотеки, компјутерски компоненти.
Географски информациони системи нема многу теорија, но лесен предмет е исто.

По некои од овие се изработува и проект
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Здраво, дали некој може да ми каже малку повеќе информации за изборните предмети:

- Кориснички интерфејси
- Интернет технологии
- Визуелно програмирање
- Концепти на информатичко општество
- Медиуми и комуникации

Фала ви.
Предмет без материјали, без содржина на курсес и целата интеракција со професорот се одвива преку фејсбук група. Лесен предмет, но, со два задолжителни проекти (тимски кои носат 50п од вкупната оцена) + имаш поени од активности (ако придонесеш нешто за предметот-10п), есеј (20п) и по два теста (20п). Ако целиш кон повисока оценка, пожелно е да ги следиш предавањата бидејќи немаш никакви материјали. Предметот исто така не е поврзан директно со информатиката, туку се обработуваат општи теми. Бидејќи со групата целевме кон добар проект, да бидам искрен многу време ми одзеде предметот. Професор е Владимир Трајковиќ, фин професор, но понекогаш и арогантен.

Е-влада, маркетинг, вовед во когнитивни науки, учење
на далечина, дигитални библиотеки, компјутерски компоненти.
Географски информациони системи нема многу теорија, но лесен предмет е исто.

По некои од овие се изработува и проект
Ќе може нешто повеќе за ГИС?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom