Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
65
Здраво дечки, моментално сум прва година на финки на КНИ смер. Од септември планирам да се префрлам на е-технологии смерот главно поради калкулусите и ВИС. Ме интересира како оди процесот на префрлање и дали ке ми бидат признаени сите положени предмети кои ги има и на КНИ и на е-технологии.
И кажете збор два општо за е-технологии како смер.. предмети, тежина, ценетост итн.. :)
Приватна квота паѓаш, минус два предмети си( ама и не е проблем то пошто по 6 предмети во семестар дозволува да запишиш па би надохнадил) , и се плаќа мислам некоја сума за префрлањето.. над 1000 мислам беше ама незнам точно. Инаку признаени ти се сите предмети, а разликата е во Калкулусите и ВиС. Ако сметаш дека никош нема да ги совладаш овие предмети префрли се, досега колку шо знам нема дипломирани на Е-Технологии и КНИ од ФИНКИ така да тешко некој да ти кажи за ценетоста.. инаку негде погоре прочитав, инжинер без математика (Калкулус) не е инжинер па сега види си ти шо сакаш да бидиш.
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Нема врска со преполагање на предмети, ќе си ги полага само тие што ги нема слушано, односно 1-2 предмети кои ги има само на ПЕТ.
Инаку, со префрлувањето паѓаш во приватна, ама постои финта. Може да се запишеш на ново, така што ќе добиеш нов индекс, ќе ти ги признаат положените предмети и ќе си бидеш во државна... нормално, тоа ако влезеш во таа квота, се зависи од кандидатите кои ќе се упишуваат оваа година.
Па на тоа и мислев кога реков дека ќе преполага предмет т.е. ако полагал Калкулус што не е дел од ПЕТ, ќе се поништи и на негово место ќе треба да полага предмет од таа насока што е. Брее, сеирџии.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Па на тоа и мислев кога реков дека ќе преполага предмет т.е. ако полагал Калкулус што не е дел од ПЕТ, ќе се поништи и на негово место ќе треба да полага предмет од таа насока што е. Брее, сеирџии.
Не знам каде виде сеир у мојот пост, ама нема везе. И има разлика помеѓу полагање и преполагање. Hе може да преполагаш предмет што воопшто го немаш полагано :D
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
172
Поени од реакции
27
Не знам каде виде сеир у мојот пост, ама нема везе. И има разлика помеѓу полагање и преполагање. Hе може да преполагаш предмет што воопшто го немаш полагано :D
Под преполага се мисли на преполагање на предмет од пра година, само не е Калкулус туку некој од Пет -.-
 
Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
3.885
Поени од реакции
8.004
Ако се запишува од почеток се плаќа по 400 денари за секој признаен предмет.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.072
Поени од реакции
938
Па брзаме да опоменеме, затоа што како што ти кажав, нема да добиеш решение. И да не треба да ти ја решиме задачата, треба да седнам да земам да ја прочитам цела, па да се потсетам што како беше (една година не сум решавал кола, а постарите колеги можеби и повеќе) за на крај да седнам и сепак да го испишам решението до кое сум дошол. Како што ти рековме, за тоа постојат консултациите каде што можеш убаво и на широко да ти помогнат во врска со нејасните прашања. Инаку има еден куп луѓе што одат на консултации за лаб-задачи, иако секако прво треба да побараш помош од демонстраторите (да отидеш прво на лаб, а не да бараш да ти ја решат задачата уште пред да се има лаб). Само, како што ти кажаа погоре неможеш да очекуваш да појдеш на консултации и да речеш, ајде сега реши ми ја задачата. Прво треба да седнеш и да се потрудиш, да дојдеш до некаде и да заглавиш. Така ќе покажеш дека стварно си посветил време на проблемот. Па дури и тука да напишеше некое си свое размислување или решение ќе имаше поголема веројатност да добиеш одговор.
 
Член од
6 декември 2013
Мислења
33
Поени од реакции
9
Има некој тука шо слуша Теорија на Информации ?
 
Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Кога спомна веќе Теорија на Информации , да парашам дали има некој тетратка со решени задачи по веројатност и статистика
или Теорија на Информации за делот каде што се исти предавањата со Веројатност и Статистика
На задачи, мислам на задачи од збирки и испитни задачи од претходните години.
Ако има некој навистина добра колекција, нека ми пише, ке да му платам за трудот што го има вложено.

За збирката ВиС од машински ја знам, но таа некако не ја сакаат асистентите, не знам зошто.
 
Јас имам решавано ама не сум ставила ни бројка на задача ни нишо, сега ни јас не можам да се снајдам. Ај ако има некоја добра душа и јас се приклучувам до барањево.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.625
Поени од реакции
5.711
Се знае точна дата кога завршуваат вторите колоквиуми?
 
На врв Bottom