Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Ако мислите да водиме продуктивни дискусии на темава - веројатно ќе продолжам да реплицирам ... ако мислите да ме убедувате во глупости без аргументи понатаму не дискутирам иако како влијателна личност на форумов сакам да се вклучувам во вакви дискусии ...
Не е се гупосити, тоа што го напишав јас го имам осетено на гола кожа.

Ти го кажуваш ова "иначе колку што знам на колоквиуми се собираат пријави, а и секако морате да ја земете оценката лично од професор бидејки тоа е така предвидено во закон."
а мене за предметот АОК ми велат на кога ке земате оценка можите да донесите пријава, а професорот Антовски никогаш не објави термин за оценки земање.
И сега ние студентите треба да го потсетиме, му пишуваме така лубезни маилови за кои не добиваме никаков одговор, и пак професорот не му текнува да го направи тоа што му е предвидено со закон. Асистентите не сакаат да слушнат за проблемот, и нормално пренасочуваат кај професорот, зошто тие да го решаваат неговиот проблем. Ете аргумент кога веќе сакате.

Можеби некои членови на форумов знаат кои сте, јас не ве знам, но не верувам дека вие можите така како поединец да измените нешто во врска со факултетот. Тоа што сакав да кажам е дека не ја прикажувате ситуацијата во вистинско светло, дека не сте реални.

Дискусиите на форумов не верувам дека многу ќе помогнат во решавање на проблемите. За реално решение на овие проблеми треба посилен, посериозен и повлијателен механизам. Некој или некоја организација што е над сите професори, каде прфосеорите во детали ке мора да ги почитуваат наредбите . Деканот, незнам дали би можел навистина да го направи тоа, а Студентски Парламент неможе ни да се спореди дека воопшто може да направи такво нешто. Студентски Парламент може да реши некој мал проблем но најважно им е ,на поглавните членови таму, да си изградат добри односи со професорите.
Останува стуендите да се обединат од сите факултети,затоа што вакви проблеми има на повеќе факултети, и да се изборат за креирање на комисија или организација која ќе собира факти од работењето на факултетите и доколку не работат како што треба професорите а воопшто и факултетите да им се изречат соодветни значителни казни.
Единствено во обединување на студентите е спас од "Дивиот запад по факултетиве"
но тоа е како mission impossible. Дури и тие студенти што имаат таква инцијатива немаат време заради тоа што имаат премногу материјал да совладаат за на факултет со 1000 сопки по пат.
Затоа не препорачувам да дискутираме длабоко на оваа тема затоа што нема да има некој ефект, тој што чуствува неправда нека си каже нека се олесни и тоа е тоа.
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
336
Поени од реакции
88
Повторно си одговарате како мислите дека треба и не сте во право - мојот коментар за гужвата беше бас за они кои не ги полагаа овие најтечки предмети според вас туку за студенти кои и немаат многу изборни предмети (да не речам само 1 изборен за 2 семестар)...

За пријавите, дали конечно ќе сватите дека тоа е законска обврска и дека само хартиената пријава уредно заведена од вашиот професор е валидна. Обидот да ви го олесниме административниот процес со воведување на iKnow e искрена намера кога законите ќе го дозволат тоа целосно да се премине на електронски пријави ... иначе колку што знам на колоквиуми се собираат пријави, а и секако морате да ја земете оценката лично од професор бидејки тоа е така предвидено во закон.

За буткањето немаше воопшто да дискутиравме ако навистина сите правилно го прочитаа упаството за пријавување/заверување и ако дадените денови согласно некоја културна распределба предизвукување они студенти кои веќе завршиле со испити (а да ве потсетам дека испитите од парниот семестар беа во првата декада на сесијата) дојдеа да поднесат документи навреме... пазете кога дискутираме бројки тоа се бројки на студенти кои воопшто не ни почнале порцес на упис во iknow - дали треба да ве оправдам со учење бидејки секако тоа се прави од компјутер ....

За тоа селекција при упис - пак неможете да забележувате повторно законот е тој што ги определува овие работи. За КРС или ти СП по ново извинете ама на испит ви беше дадено да пресметате главна и споредна дијагонала на матрица ... нејкам да дискутирам повеќе...

Совет за во иднина - користете ги механизмите кои ги имате за да наредниот пат имате подобар распоред на испити/колоквиуми и бидете агилни - само така ќе имате подобри услови... колку и да сака факултетот да ви излезе во пресрет морате да си ги сватите работите сериозно, а не само да копирате решенија по лабораториски и после да се жалите дека не сте можеле да положите одреден предмет преку коликвиуми и плус 3 шанси на испит. Викате 10 предмети во 1 година биле - ама тоа е 5 предмети по семестар и групо тоа доага вака (пример за зимски семестар): 2 предмети положуваш на колоквиуми, 1 февруари, 1 јуни, 1 септември .... истото по обратен редослед може за летен ...

Совет број 2 за во иднина - не им се нафрлајте на луѓето кои безрезевно се борат за вас студентите - не се такви многу на факултетот ама сепак се доволно доколку малце со својата агилност им дадете шанса ... само како пример: се пријавувате на ангета 30 стуендти за некој испит и некој вложува напори за да ви состави квалитетни и јасни задачи за да потоа на испит дојдете само 1/30. Што мислите после 3 пати ваква случка како ќе реагираат тие луѓе на вашите забелешки дека само вие сте го трошеле времето на глупости ???

Ако мислите да водиме продуктивни дискусии на темава - веројатно ќе продолжам да реплицирам ... ако мислите да ме убедувате во глупости без аргументи понатаму не дискутирам иако како влијателна личност на форумов сакам да се вклучувам во вакви дискусии ...


Ne sum student na finki. Studiram na drug fakultet isto pod UKIM. Vie sigurno ste demostrator,asistent ili profesor. Se soglasuvam so vas deka brojot na predmeti e dovolen za da se polozeni predmetite vo rok od edna godina. Se soglasuvam i so ostanatite raboti koi gi navedovte. Mene licno mi preci samo edna rabota i nisto poveke od toa. Mi preci toa sto profesorite nikogas ne se dostapni za konsultacii , so cest na isklucoci koi se preretki. Mi preci koga profesorite si gi brkaat privatnite biznisi za smetka na studentite. Zarem ne treba profesorot da si bide na rabota kako i sekoj drug Makedonec koj raboti vo drzavna institucija od 8 do 3 ( od 9 do 4 ) ? Razbiram da go nema profesorot i po 2-3 saati,ali nema smisla nekogo da go nema po cel den,a da si doaga samo ako mu e dosadno u negovata firma. Tolku imam da kazam. Drugoto se soglasuvam vo potpolnost. Blagodaram
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241
На ова горново само да се надоврзам, див запад ќе има се дури ко што рече maxmaster не се ограничат професорите. 80% од професорите си имаат сопствени бизниси надвор од факултетот, па не се редовни, немаат консултации, немат термини за оценки, за пријави. Заради тоа што се преангажирани сиот товар паѓа на асистентите, а жално е што има професори кои доаѓаат неспремни на часови, не се многу, ама ги има. Срамота е професор да не знае да објасни нешто што му било предвидено во презентациите.

Како што ги ограничија полицајците, како што ги ограничија цариниците, како што ги ограничија докторите и повеќете останати буџетари, ред е мислам да воведат ред и во образованието.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Можеби некои членови на форумов знаат кои сте, јас не ве знам.
Влези на сајтот на Финки, во "административен кадар", единствениот кој нема слика. :D
Систем инженер. А и форумов го држеше порано, незнам за сеа.

Иначе тоа за законот и професорот Гушев го збореше на предавања пред една година, според законот таков тип на податоци мора да се чуваат и на хартиена форма.

Само не знам која е ситуацијата со индексот... Коа може Гушев да го игнорира, зашто другите професори се замараат? Оценките се на пријавите, потписите се подразбираат иначе нема да ти внесе оценка...тогаш која е поентата од традиционалниот индекс? За барање работа? Листа на положени испити ќе заврши работа. Само за идентификација? И лична карта ќе заврши работа.

Сфаќам дека веројатно и индексов е задолжителен според некој антички закон, али толку ли неможе да се притисне од факултетиве за промена? Или и нив им одговара вака?
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Влези на сајтот на Финки, во "административен кадар", единствениот кој нема слика. :D
Систем инженер. А и форумов го држеше порано, незнам за сеа.



Овде бев, сум и ќе бидам уште некое време во улога на сервер гуру.

На ФИНКИ сум запишан на пост-дипломски студии, а како дел од моите истражувања сум вклучен во некои проекти (што би дошло дека имам титула научник - англиски researcher, но и тоа не го предвидува нашиот закон).

Иначе тоа за законот и професорот Гушев го збореше на предавања пред една година, според законот таков тип на податоци мора да се чуваат и на хартиена форма.

Само не знам која е ситуацијата со индексот... Коа може Гушев да го игнорира, зашто другите професори се замараат? Оценките се на пријавите, потписите се подразбираат иначе нема да ти внесе оценка...тогаш која е поентата од традиционалниот индекс? За барање работа? Листа на положени испити ќе заврши работа. Само за идентификација? И лична карта ќе заврши работа.

Сфаќам дека веројатно и индексов е задолжителен според некој антички закон, али толку ли неможе да се притисне од факултетиве за промена? Или и нив им одговара вака?

Индексот е единствениот документ до кој се потврдува статусот на студентот односно дали истиот го има уредно запишано тековниот семестар (со што и го потврдува нековиот статус на студент). Студентската картичка (или легитимација) е друго средство за идентификација на личност односно поврзува име и презиме, слика и број на индекс (не не кажува дали студентот има активен статус бидејќи законот дозволува ставање на студии во мирување).
Доколку студентот ги нема овие документи алтернативно законот дозволува идентификација со друг официјален документ за идентификација (издаден од МВР).
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Разбирам дека е единствен документ, но не е единствен начин за потврда, пошо статусот на студентот е (ако не е, треба да биде) видлив на iknow, како некој вид на електронски индекс.
Како и да е, нема везе, во законот е проблемот очигледно.

Него, ако ми текнува добро имаше ти и некое предавање пред година-две на Етика (или Софтверско Инженерство?) кај Катерина Здравкова, нешо за заштита. Со оглед на тоа колку беше досаден предметот, предавањето ти беше одлично. :)
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
. само како пример: се пријавувате на ангета 30 стуендти за некој испит и некој вложува напори за да ви состави квалитетни и јасни задачи за да потоа на испит дојдете само 1/30. Што мислите после 3 пати ваква случка како ќе реагираат тие луѓе на вашите забелешки дека само вие сте го трошеле времето на глупости ???
...
Добро,испаѓа дека ни една забелешка не ни е на место и факултетот функционира перфектно.
За пријавите,како да внесам кога еве конкретно АОК резултатите излегоа околу 20ти јануари оценката во системот беше внесена на 28-29? НРС резултатите од АВГУСТ уште излезени за една група без пресметани поени од лаб.вежби ( пошо демонстраторот ги заборавил ) не беа внесени до пред некој ден?АСП потписот уште не ми е внесен.
За разлика од другите факултети можам да кажам дека достапноста на професорите и асистентите е во рамки на нормала, со исклучок на одредени професори. На Економски термин за консултации не ни постои, ниту пак некој студент успеал да оди на увид после колоквиум/испит. Исто со courses,другарки од други факултети ми се чудат кога ќе им кажам дека се е електронски. На Економски најдалеку со технологија стигнале до zephyr.
Мене искрено најмногу што ми смета на факултетов се ситници кои од време на време се собираат. Логиката со предметите ти е супер, само што не работи во пракса. 2 предмети во сесија е супер ама ако имаш време да ги спремиш, а не лани на 8 јуни ни заврши колоквиумска а на 10ти започна испитна. Не по наша кривица, тука факултетот одговара. За мене и за уште многу други студенти кои не се од Скопје тоа се непланирани трошоци за уште еден месец. Ноември/декември на електро немаше парно,имавме вежби во тие предавалните со искршени прозорци. Дочекав и чистачка од електро да ми забрани да земам столче од друга предавална пошо не била наша? Зарем личи на сите реклами,промоции кои ги имате за факултетот наставата да се одржува во вакви услови? И уште секоја година се трупаат студенти, нема да ме зачуди до година ако имаме дел од предавањата на пмф пошо и сега не не собира а не пак од септември кога сигурно ќе се примат уште 1000 студенти.
За болдов, која е разликата ако на испит се појават 10 или 200 студенти?Па на асистентите/професорите тоа им е работа,нели испитот треба да е ист без разлика дали го полагаат 1 или 1000 студенти.
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
@Bidikov
ме разочара факултетов во однос на организација. Ми се свиѓа тоа што се учи од странска литература (дури и немора да е преведена, истата е апстрахирана на презентациите, ми одговара така).
И нема да пишувам реферати, само очекувам одговор на ова:
500 евра имаат асистентите ако не се лажам? Работа, или цигари до гуша?

Викаш неможе да се сменат работите во врска со електронските пријави/индекси, така е законот. Па вие и натаму седете си, викајте си се доктори на науки/инжењери/гуруа и незнам што, кога не се залагате законот да се измени.
Си викате - „добро, ја кога бев студент стопати полошо поминав“.
  • Али дали е суштината и другите генерации после вас лошо да си поминат?
  • Да „патат“ како вие што „патевте“?
  • Дали си се нарекувате доктори, па имате свои бизниси, а факултетот ви е онака колку за чалам „ја предавам на факултет“.?
СП ФИНКИ и натаму го игнорира проблемот, па затоа организира некои предавања/работилници/шо ти ја знам. Ако вие не се залагате нешто да се измени во законот, притоа правејќи најфлексибилни компензации за било што (ел. индекси, ел. пријави), не очекувајте и ние тоа да го правиме.
И немојте да отварам уста за тоа што плаќаме 200/400 евра годишно (што кога ќе се види не е голема сума во однос на расходите на факултетот, али сепак не е ни мала).

Ако дојде „крај на светот“, македонецот првиот ќе се изеде меѓу себе.

p.s. И како не им е срам на студентски прашања, работно време од 9 до 12, а работат од 8 до 16. Ај да работат, туку ми се кезат меѓу себе и не отвараат ако си закаснил 5 минути.
Следниот пат има видео да направам, а колегиве нека се прават мутави и нека викаат дека ништо не се случило.
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 15:52 ---
p.p.s - ве мрзи да правите измени, но не ве мрзи да пишувате реферати и да го кривите петко/станко/трајко.
И уште еднаш ќе кажам - доктори на науки, во факултет кој има катастрофа организација.
И НЕМОЈ ДА КРИВИТЕ КОЛЕГИ, кога се жалат 80% од вкупниот број на студенти.
Зошто не се жалат другите? Бидејќи самите незнаат за себе да кажат, знам дека е тоа така бидејќи и јас бев едно време таков.
Доста е веќе!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ај прашање - имав 170 кредити без дипломска (180 потребни) и сеа отворив iknow да видам да не случајно ми е внесена дипломската пошо пројдоа 2 месеца и кусур (нормално не е) ама па сеа иам 169.5 кредити -.-


њтф...
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 16:21 ---
Ај прашање - имав 170 кредити без дипломска (180 потребни) и сеа отворив iknow да видам да не случајно ми е внесена дипломската пошо пројдоа 2 месеца и кусур (нормално не е) ама па сеа иам 169.5 кредити -.-


њтф...

едит: БКМ ми е 5.5 внесен а кога го упишав беше 6 ....
 
Член од
14 август 2012
Мислења
9
Поени од реакции
4
Некој да го дешифрира распоредов :) ? Што е работата со групите (во прв семестар имаше само А и Б а сега има А1 А2 Б1 Б2) ?

http://prntscr.com/2qc7er
 

DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Дали некој знае што предмет е Компјутерски Архитектури (викаат нема допирна точка со АОК па затоа не ги мешајте), дали ќе се учат логички кола и тука или само архитектурата на компјутерите?

http://finki.ukim.mk/Content/contentFiles/studies_menustructure/Predmeti/Dodiplomski/finki2.0/Kompjuterski_arhitekturi.pdf

Мислам дека е истиот,барем колку што гледав од испитните задачи кога вежбав за АОК. Задачите сигурно ќе се исти,за теоријата не знам :)
 

DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
Мислам дека е истиот,барем колку што гледав од испитните задачи кога вежбав за АОК. Задачите сигурно ќе се исти,за теоријата не знам :)
фала на одговорот и какви задачи од прилика би имало по овој предмет?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.312
Некој да го дешифрира распоредов :) ? Што е работата со групите (во прв семестар имаше само А и Б а сега има А1 А2 Б1 Б2) ?

http://prntscr.com/2qc7er
Затоа што прв семестар не бевме поделени во групи, на структурно во 315 мораа некои да стојат на предавањата :D
За да се намали бројот на студентите не поделиле во повеќе групи (2 групи за предавањата и 4 за аудиториските)
--- надополнето: 7 февруари 2014 во 18:45 ---
Некој да ми ги прати материјалите по мрежно програмирање ?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
фала на одговорот и какви задачи од прилика би имало по овој предмет?
Па исти како АОК,барем делот со колата беше ист,ние првиот колоквиум го полагавме на етест,се состоеше од бројни системи,кодови за откривање/поправање грешки итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom