Може ли некој постар (и така љубезен) колега, ТК или КСИА, да ми одгатне што онака е поважно на прв колоквиум од 2, пошо книгата има 160 страни, а едно прашање (се работи за Електроника 1, а би ценел ако добијам слични информации и за Основи на мерна техника).
Збор два за бруцошите (освен ИНФО):
1.Математика 1: Не се паѓаат скроз истите задачи на колоквиум во сите паралелки. Најчесто има 4 задачи. Очекувајте Математичка индукција (неравенство), Апсолутна вредност (неравенка), Вектори во (но и не мора) комбинација со Аналитичка геометрија, и Низи (мислам за конвергентност). Усното е посебна приказна кај секој професор. Имам разбрано дека кај Боро Пиперевски (т.е. Б паралелка), ако положиш задачи не полагаш усно. Најтешко е веројатно кај Кујумџиева-Николоска (али барем ја нема ученичката нејзина Санева). Гледајте ова на колоквиуми да го положите (иако можеби задачите се полесни на испит), ама па на испит ве чека фаталното усно. Но, како што реков, кај секој професор е различно...
2.Физика 1: Се паѓаат 5 задачи и 5 прашања. Ако ја имате збирката задачи од 3те професорки, бидете сигурни дека една задача од таму ќе се падне на колоквиум (али мислам дека Верка си праи свои задачи за нејзините студенти). Исто така можно е некоја задача за 10 или 15 поени да се падне од оние што се решавани од асистентите на аудиториски вежби. Ако имате среќа Тања да ве чува, на коњ сте
Веројатно ви го спомнале влезниот колоквиум за лаб вежби (ако не го положите, нема да правите лаб вежби, без нив, нема потпис бла бла бла)... Нема такво нешто. Единствено што треба е да си прочитате од практикумот за наредната вежба (иако пред да влезете во лабораторија, ништо нема да ви биде јасно).
3.Основи на електротехника 1: 3 задачи на колоквиум. Можно е една задача да ви се падне од збирката (или слична). Теорија: Гаусов закон, Работа на ел. сили, Потенцијал, Гранични услови (текст, слика и изведување)... Во принцип Кацарска кажува што ќе има од теорија на колоквиум...
4.Структурирано програмирање - 4 задачи, од кои првата е главно if-else (или со switch-case ако ви е полесно), потоа нешто со бројки во стилот: Од тастатура се внесува број, програмата треба да го испечати истиот број, но во обратен редослед на цифрите, плус некоја цифра вметната, итн... Нема теорија...
Непишано правило: Математика и Физика пројдете ги на колоквиум, ОЕТ и СП се проаѓаат и на испит.
Прашања?