Факултет за Графички Дизајн во Македонија или Странство... ?

Член од
14 април 2010
Мислења
75
Поени од реакции
17
Би сакал да се запишам на факултет за графички дизајн, 3D анимација, веб дизајн и мултимедија... Дали има кај нас некој таков факултет(по можност државен да е) или пак во странство ? Единственото што го барам, факултетот да е квалитетен и признаен надвор од државата. Благодарам за сите одговори :eek:lee:

пс: свесен сум дека има 2 слични теми. Но едната е застарена, а другата нема одговори. И плус во ниедна не се спомнува за факултети во странство.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
10.554
Поени од реакции
23.618
Колеж за графички и веб дизајн имаш во Александрија и Семос, Александрија не знам али според цените и тоа што го имам слушнато ваљда се признаени а за Семос ти гарантирам..
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.085
Поени од реакции
156
имаш 3Д графика анимација, мултимедија и нешто за филмски слкики на приватниот факултет есра : )
сега малку помрсна цена е накај 3500е од година 3години се учи така да болји ти се овие курсеви (колеџ) од семос и александрија

исто имаш индустриски дизајн на машински факултет тука ќе научиш аутокад 2Д,3Д, дизајн на производни и анимација нешто


:)
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.672
Поени од реакции
276
Иди во Александрија, не е факс туку збир на курсеви со сертификат, јас тие што ги знам што го завршија сега сите се вработени. За Семос незнам.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
За веб дизајн и графички мислам дека има на Гоце Делчев во Штип, знам едно другарче планира да оди таму, ама на нивниот веб-сајт не можам да најдам некој информации, еве ти линк може да погледнеш. Исто и на ФОН мислам дека има, ама не е исклучиво за графички дизајн... имаш и на рака да црташ и сл. ствари.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
10.554
Поени од реакции
23.618
За веб дизајн и графички мислам дека има на Гоце Делчев во Штип, знам едно другарче планира да оди таму, ама на нивниот веб-сајт не можам да најдам некој информации, еве ти линк може да погледнеш. Исто и на ФОН мислам дека има, ама не е исклучиво за графички дизајн... имаш и на рака да црташ и сл. ствари.
НИКАКО НА ФОН!Ништо посебно не се учи повеќето е мултимедиа и тоа ги учат готови фајлови и само менуваат ова од искуство ти кажувам...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
НИКАКО НА ФОН!Ништо посебно не се учи повеќето е мултимедиа и тоа ги учат готови фајлови и само менуваат ова од искуство ти кажувам...
Не знам како работат таму и каква е наставата, само напоменав дека таму има таква насока, па членот нека се одлучи кај ќе оди.
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
409
Фон и Европски и Грчки факултети за графички назад 100 години...

Запиши се некаде.. Београд..Италија, АНглија , Холандија ако имаш услови барем че искочиш набилдан со знаење и нема да имаш проблем за работа..
 
Член од
10 септември 2010
Мислења
273
Поени од реакции
25
Би сакал да се запишам на факултет за графички дизајн, 3D анимација, веб дизајн и мултимедија... Дали има кај нас некој таков факултет(по можност државен да е) или пак во странство ? Единственото што го барам, факултетот да е квалитетен и признаен надвор од државата. Благодарам за сите одговори :eek:lee:

пс: свесен сум дека има 2 слични теми. Но едната е застарена, а другата нема одговори. И плус во ниедна не се спомнува за факултети во странство.
Alexandria... курс со 1 година подобро него фон европски и другите приватни
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
Nemoj da se zeznes so Semos, vikaat deka trae godina dena, a efektivno e edvaj 6 meseci... Vreme za koe ne mozes da stanes ni graficki ni web dizajner realno. Ne se uci mnogu, a cini okolu 2000 evra. Drugar mi zavrsi tamu i ic ne e zadovolen, a kolku sto kazuva i celata grupa negova sto se zapisani go delat mislenjeto. Za Aleksandrija ne znam. A ima i na Balkanski Univerzitet kaj MSU, na FON i na Evropski. Ali site koi jas gi znam se zalat, zasto se privatni site i sekogas ima deca zapisani sto imale vishok pari vo dzeb i ne im se uci, a kaj privatnite koledzi najslabite i najbavnite go diktiraat tempoto na chasovite. Ke ucis sekoj chas isto, duri oni ne reshat da sednat i da go naucat, zasto ako ne go naucat ne moze da se prodolzi so materijalot. Jas bi ti preporachala sam da si ucis
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
се’, се’ само немој на Технички- графички дизајн во Битола !!!!!!!!!!!
Катасрофа е благо кажано, онака 100 пати ублажено, жими мајка . . нема ни кадар, на па програма, ужас - каков што неможеш да замилиш . .
Досега од колеги кои завршиле и гледам дека имаат знаење и наоѓаат работа ( конкурентни се) завршиле кој Александрија, кој Семос - за другиве немам црвсти информации . .барем не за графички дизајн, за web дизајн знам дека луѓе од Фон и Европски се презапишуваат во Александија и Семос, за да научат нешто . . . Ама намногу зависи од тебе друже, зашто како што спомна некој погоре во групата секогаш ќе има некои кои го кочат часот . . . најмногу што можеш да направиш за себе си, е да учиш паралелно и континуирано на школа (каде што ќе се запишеш) и дома - континуитетот е многу битен, верувај ми - за успешни да ти се студиите - еднаш ќе ги слушаш - не ќе имаш прилика некои работи да ти се повторат :):):) поздрав и среќно, па се надевам ќе ти биде среќа да заминеш странство во некоја добра школа, зашто најдобро образование на ова поле можеш да стекнеш надвор од нашиве граници, тоа за најдобро. А солидно и прилично фино за овдешните потреби, може и овдешните капацитети да те едуцираат :)
 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
бумп

некој со некое друго искуство?
 

marjov

Про
Член од
27 јуни 2011
Мислења
133
Поени од реакции
79
бумп

некој со некое друго искуство?
За СЕМОС можам да ти гарантирам дека во една година се осознава многу за графичкиот дизајн и одлични се предавањата, и се што не ти е јасно можеш да прашаш, и истото да ти е објаснето. Јас завршив таму, и сум презадоволен од предавањата. Единствено ако планираш да се запишеш би ти предложил од зимскиот рок (септ-окт) затоа што така правиш пауза месец и пол(јан+ пола фев), а ако се запишеш од февруари ќе имаш пауза јуни-пола септември, а за тоа време ќе ти изветрее навиката на секојдневно креирање нови работи. :) Поздрав
 
Член од
20 ноември 2005
Мислења
613
Поени од реакции
64
Normalno deka vo stranstvo osobeno ako sakas svetsko nivo na rabota i visok profesionalizam.

No poznavajki go mentalitetot na 90 % od Mak rabotodavci ( improvizacija ) se ke zavrshi rabota.

A za priznaen nadvor od drzavata zavisi koja drzava ama skoro site ne gi fermaat 2 posto so faks od mak vo strnstvo si srednista
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Мое лично искуство после контакти со професори на разни факултети и курсеви за дизајн - разочаран сум. Не велам дека не знаат знаењето да го пренесат на учениците, туку едноставно нивното знаење не е на доволно високо ниво. Предавачи во форма на елоквентни просечни корисници ... се сомневам дека е тоа доволно за да извадат добар кадар. Добри ќе бидат оние кои и без нив можеле да научат, и на кои верувам повеќе им бил потребен некаков сертификат отколку извор на знаење.
Не сакам да ги омаловажувам наведените институции, но мој совет за секој кој сака да заплива во тие води е да се обиде на уметност, режија и сл, а не на тесно насочени студии од тип на компјутерски (2Д, 3Д, веб, графички и сл.) дизајн.
Ако сакате суштински да ги научите работите е едно, но ако ви е потребно само пемпеле тогаш терајте на веб дизајн. Лесно е, ќе имате хартија, многу потрошено време, (премногу), за малку знаење (и тоа најчесто веќе прегазено од времето), мал избор за работа, многу прашалници (од тип завршив и што сега?), и т.н.
Конечно, да не должам ... наведените се институции кои нудат знаење за употреба на алатки. Мое мислење е дека треба да стекнете знаење, кое нема да биде просторно и временски ограничено (како што наведените го нудат), а алатките потоа се најмал проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom