Факултет за Бизнис економија (Неоком)

Член од
10 декември 2008
Мислења
27
Поени од реакции
1
Знам дека има веќе ваква тема ама постара е па сакав да наметнам повторно дискусија.


Јас сум вонреден студент на Економски факултет - Скопје... и да ви кажам веќе ми е прилично смачено. Не можам да ги поднесам оние глупости.
Имам уште неколку испити до крај ама сите се скоро или некакви скрипти кои се кажани ама недокажани, па кај оние кај што има задачи треба да се гата за да се види што сакал да каже авторот, "професорите" воопшто немаат намера да објаснат нешто на консултации, тие што имаат асистент станува збор за ист искомплексиран случај (иако се помлади)...
Кај што има некаква книга станува збор за наплескан материјал кој очигледно го преведувале студенти од некои странски извори, нема никаква логика напишаното, милијарда нафрлени набројувања кои мора да се учат на памет оти немаат никаква логичка смисла со остатокот...
За да ги спремам испитите со задачи треба да барам и да плаќам некаде приватни часови, оти ни асистент нити па професор те ферма....

Преку глава ми е дојден целиот тој трулеж одамна, ама немам баш пари за да одам на приватните факултети, освен на Факултет за бизнис и економија (на Неоком). Според најновата Шангајска листа од оваа година е на 8 место.

Многу ме интересира дали некој има лично искуство таму за да пренесе дали се исплаќа да се префрлам таму или да продолжам со агонијата на она дувло што глуми некаков економски факултет.....
Ќе ве замолам да пренесете лични искуства, избегнувајте паушални оценки.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само едно прашање имам, ти предава Михаил Петковски и како он објаснува?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
27
Поени од реакции
1
Михаил Петковски е еден од ретките добри професори. Јас сум вонреден и одамна немам одено на предавања. Добри се предавањата колку што сум бил... ама и тој нема асолна книга за секој негов предмет, на пример Меѓународни финансии се комбинира од некоја скрипта, па слајдови, па од предавања, па комбинации... мачно.

Јас би ти рекол бегај од тоа дувло. Ако имаш пари оди учи економија во странство во асолни капиталистички држави овде комуњарата наша нема многу да те научи економија...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
Михаил Петковски е еден од ретките добри професори. Јас сум вонреден и одамна немам одено на предавања. Добри се предавањата колку што сум бил... ама и тој нема асолна книга за секој негов предмет, на пример Меѓународни финансии се комбинира од некоја скрипта, па слајдови, па од предавања, па комбинации... мачно.

Јас би ти рекол бегај од тоа дувло. Ако имаш пари оди учи економија во странство во асолни капиталистички држави овде комуњарата наша нема многу да те научи економија...
Напротив ФПИ и Јавни Финансии ( иако тој не е автор) се многу добро напишани... а и чудно ми е твоево мислење , ако седнеш здраво да вежбаш , нема потреба приватни професори да плаќаш , очигледно дека ти си исфрустриран од тоа што повеќето професори се комуњари како јас што можам да заклучам.
Сигурно подобро нема да ти биде на Неоком( уствари кој е тој факултет) ... и за крај ако ти останале уште неколку испити до крај зар вреди да се откажеш сега и да си имаш диплома од државен отколку да прекинеш со студии.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Те советувам неговите предавања да не ги пропушташ и монетарните анализи на Љубе Трпески. Ако од Михаил не научиш финансии од никој на светот нема да научиш. Човекот е перфекција, логичар и неговото знаење трае со години. Не ти треба книга кај него, секако испитот ти е задачи, а материјалот за учење е теорија. Доста интересна комбинација или си го сфатил материјалот или откажи се од економија. Сашо Арсов да не го заборавам и Горан Петрески, одлични предавачи.
Инаку не планирам веќе да учам досега сите образовни фази ги поминав.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Сестра ми е на факултетов...и топ и е...вади добри оцени..и задоволна е...друго незнам што да ти кажам :D
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Јас сум на ФБЕ,еве годинава сум апсолвент....претходно бев на Економски државниот...и тоа во државна квота.

Но на Економски заглавив еден предмет...и на тој испит,претходно колегите,ако не знаеја некои од прашањата,пишуваа нешто што знаат,но до перфекција....т.е да покажеш дека си го учел матријалот.

И кога ги објавија резултатите,на листата со ѕвездичка пишуваше,студентот(јас) да се качи во канцеларијата на разговор.

И горе професоркава,ми се здаде "кој ти кажа да пишуваш други прашања"....и упорно ме тераше да признаам....а јас и се колнев дека апсолутно на своја војла го направив тоа.....и ми вика "колега случајов ќе го однесам на дисциплинска".

И знаев дека више никогаш кај таа жена нема да положам.....фаќање документите под рака,и право на ФБЕ(Неоком)...и верувај овде сега владее друг свет.

Имаш љубезни професори и асистенти,кои ако сакаш можеш и по телефон да ги замараш што се вели.


Само да знаеш дека не е лесно како на ФОН или Европски....овде да знаеш дека не попуштаат бодчиња,незнаење или сл.....има студенти кои заглавија по цела година.

Но овде за разлика од државниот,овде не ги трпиш тортурите,изживувањата и суетите на професорите.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
27
Поени од реакции
1
@Overcloker
Темава ја отворив за ФБЕ и имам убаво напишано зошто е отворена. Нити знаеш кој е тој факултет нити имаш искуство за него, нити можеш да помогнеш очигледно. Не ме анализирај мене, или ако сакаш да дебатираш за Михаил и сл... повели отвори тема.

Значи јас не сакам да завршам факултет без учење или да платам за диплома или сл... само ми е смачено од искуства како она на @Македонец, смачено ми е од скрипта во која не е содржано се што е потребно за испит (па јас треба да трчам по копирниците во Мавровка и да барам нешто од претходни генерации), па да дремам пред кабинети на некој асистент (кај што ги има) за на крај да ми каже прашај ги тие што одат на предавања и вежби (јас не сум вонреден за џабе) и слични глупости...

Би ве замолил сите што сакате да се вклучите во дискусија да се задржите на темата. Не е предмет на дебата каков е Михаил или Љубе на државниот економски. Туку за искуство на ФБЕ. Дали станува збор за солиден факултет кај што може да се заврши достоинствено со нормален однос студент - професор и на крај сепак да се добие диплома и титула дипломиран економист.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
^ Не ми беше намерата да те навредам што ти пишав за Неоком кој е тој факултет , туку во споредба со Државниот мислев , бидејќи од моја гледна точка неможат да се споредуваат.
Како и да е нека ти е со среќа и на Неоком , а и денес не е ни битно кај си завршил , горе доле најбитно е да имаш партиска книшка ... Поздрав :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.074
Поени од реакции
581
Леандра само ти кажа како вистински стојат работите на економски државен, дека ти во воведниот пост едно 95 % плукаше по истиот, а само во последната реченица праша за некој факултет, за кој искрено првпат слушам. Така да барем послушај што ти кажуваат пообразовани од тебе. Второ и јас сум на економски државен, па слободно можам да кажам дека факултетот располага со високо квалитетн кадар, иако постојат исклучоци. А, овие приватниве и сл. се според мене колатерална штета во образовниот систем, дека токму поради нив, сите на економски се во денешно време потценети.

П.С. Кој од овде сака да отвориме економски факултет, гледам дека е тренд во денешницата.
 
Член од
24 ноември 2018
Мислења
4
Поени од реакции
0
Zdravo,

Dali nekoj mozhe da spodeli neshto vo vrska so fakultetov poslednive godini? Planiram da se zapisham t.e od Ekonomski da idam tuka. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom