Фактори за изградување на личност

Член од
15 август 2019
Мислења
79
Поени од реакции
30
Размислував на една тема за тоа кој фактори најмногу влијаат на изградбата на една квалитетна, морална , интелектуална личност, па затоа сакам да ја споделам овде како нова тема за секој да си кажи свое мислење, да се дискутира и продлабочи повеќе оваа тема.Што според вас е клучно во текот на раното детство, адолесценцијата и постадолесценцијата да е темел на една личност за таа во иднина да израсне во цврста, самодоверлива, морална, самостојна и зрела личност.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263

Упорност, желба за своја надградба и отвореност на ум.

Отвореност(open-mind) мислам дека е потребен за човекот да ги прифаќа промените на светот полесно и аналогно на тоа да се приспособи и да реагира во зависност од дадената ситуација, без никаков отпор наместо упорно да се обидува да ги кочи промените(кои не ретко се напредок, на луѓе или општество) зошто нему тоа му е чудно и ново.

Желба за личен напредок - Под претпоставка дека индивидуата прифатила дека светот околу него е таков каков е, со добри и лоши особини, со желба за личен напредок нема никакви граници што можат да ја сопрат индивидуата, бидејки гледа напред и континуирано да се надогради.Амбицијата е страшно оружје.

Упорност - без ова нема јаки карактери и успешни луѓе.Животот кога би го опишал на кратко, би го опишал како постојана борба, во која има сопка на секој чекор(можеби аналогија видео игра со постојани предизвици е подобар пример, зошто има многу убави моменти во животот и не звучи екстремистички).Животот знае да е суров, но не треба тоа да не кочи да живееме и да се бориме за она што се залагаме.Мое мислење дека не треба да се потклекне на билокаков предизвик.Личност која поминала низ повеќе тешкотии успешно е практично непобедлива.

Комбинација од овие три евентуално би резултирала со наведените карактеристики.Можеби би додал и доза на скептичност, но не сум сигурен дали би имало конфликт со отвреноста на индивидуата, во секој случај не треба да се наивен.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931
Животот е како лего коцки се ставал лево десно, си се забавуваш понекогаш имаш цел понекогаш немаш цел...важно ти е убаво и да си среќен.
 
Член од
15 август 2019
Мислења
79
Поени од реакции
30
Генетика, домашна средина, друштвото и читањето книги.
Се согласувам со тебе дека генетиката влијае на каква е личноста, но сепак наголемиот дел на влијание на една личност мислам дека е општеството кое го опкружува, а посебно семејството.А како фактори кои мислам дека се пред твоите споменати друштво и читањето би го сметал како во целина образование.Сепак сите споменати фактори играат дали помала или поголема улога во влијанието на една личност.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сложен е развојот на личноста иако најмногу е до генетиката.
Има биолошки и социјални фактори, а свесната активност на личноста. Биолошките се наследни, после тоа социјалните, осносно средината околу детето и активноста се сите задачи и цели што свесно ги решава и постигнува.

Семејство, училиште, деца на негова возраст, најблиски роднини со кои почесто е во контакт, место на живеење, материјална состојба, занимање на родителите.
Генетски е и способноста, упорноста, темпераментот, стрпливоста.

Клучни се сите фази на развој од новороденче, детство, адолесценција, па до зрелост која е од 25+
Настанатите проблеми во раните фази се рефлектираат во подоцнежните фази од развојот.

Целосно зрел не е никој затоа што личноста созрева е до кај 60 години, а после старее. Некој дали е зрел се гледа највеќе по животното искуство и затоа некој созрева порано, а некој покасно, а некој никогаш. :Д

Го чуваш дома на 30 години, го издржуваш и сакаш да биде самостојна личност, а ова најмногу влијае врз созревањето.
Па и кога ќе има своја фамилија не го оставаш сам. Никакво искуство и цел живот зелен.
 
Се согласувам со тебе за напишаното ,особено за зрелоста која и тоа како влијае од начинот на постапување и строгост на родителите, но сепак зрелоста не мора да значи дека мора да е на 25+, бидејќи зрелоста е збир на премногу карактеристики, особини, процеси.Кога ќе ги поделиме тие особини на зрелоста, секоја од нив се развива индивидуално, некои особини можеби се развиле на 20 , некои на 25 , некои на 30 години , затоа точно да се определи зрелоста како поим е тешко.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
А како фактори кои мислам дека се пред твоите споменати друштво и читањето би го сметал како во целина образование.
Точно, го заборавив.
Малку е иронично тоа што го заборавив образованието... xD
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Се согласувам со тебе за напишаното ,особено за зрелоста која и тоа како влијае од начинот на постапување и строгост на родителите, но сепак зрелоста не мора да значи дека мора да е на 25+, бидејќи зрелоста е збир на премногу карактеристики, особини, процеси.Кога ќе ги поделиме тие особини на зрелоста, секоја од нив се развива индивидуално, некои особини можеби се развиле на 20 , некои на 25 , некои на 30 години , затоа точно да се определи зрелоста како поим е тешко.
Има исклучок кај оние понапредните кои уште од мали собрале искуство, поминале се и сешто до полнолетство, но најчесто почнува од тие години и нели е најдолгиот период во животот.

Возраст за која се смета дека почнува зрелоста. Завршено образование, најдена каква таква работа и веќе си способен да сакаш и друга личност, а не самиот себе, да живееш самостојно, да ја превземеш главната улога, да учиш од оние поискусните, знаеш да поднесеш емоционална болка, загуба, а не само среќа.
Немаш страв, не бегаш од проблемите и смирено ги решаваш без да знае цел град, можеш да се контролираш и не беснееш како некој од 16 години.

Се повеќе среќавам личности кои на 30+ па и 40+ кои не знаат смирено да решат некој проблем, немаат никаква одговорност, чекаат од други, не се самостојни, не поднесуваат пораз, не слушаат некој поискусен, не размислуваат свесно, научени се само кога победуваат и кога се среќни.
И најмал проблем не знаат да го решат, трчаат кај родителите и обвинуваат други наместо самите себе ако нешто не им оди како што се научени.
Тешко е на почеток, ама колку порано толку поубаво.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Го чуваш дома на 30 години, го издржуваш и сакаш да биде самостојна личност, а ова најмногу влијае врз созревањето.
Па и кога ќе има своја фамилија не го оставаш сам. Никакво искуство и цел живот зелен.
Ти да не си му комшија/другар на братучед ми? o_O
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337
Многу комплексна работа е ова, милион фактори има што влијаат. Но сепак мислам дека најбитна е емотивната интелигенција и способноста на личноста да се анализира себеси и своите грешки, и да учи врз база на тоа како да напредува низ животот. Околината е втор најбитен фактор.
Но сепак и дефиницијата за личност за секого е различна, за некој личност претставува некој што станал буџованче и направил некоја пара, или некој мрднат кариерист што успеал завршил све што може да се заврши и сеа ја работи работата од соништата на колеџот Беркли, или некој што се оженил на 18, а за некој па нешто друго. За мене пример стабилна личност е секој што има здрав разум и може сам да донесува одлуки врз база на своите размислувања, да разликува добро од лошо, да не е криминогена особа, да не е порочен тип, да има интереси према најразлични полиња. Да следи некои морални принципи и да не забегува настрана. Отприлика тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom