Здраво банда, дојде време да се подновувам со комплет ново пц. Буџетот ми беше околу 40к, али сакал-нејќел, билдот што го склопив од сет искочи 46к. Овој буџет е без монитор, мониторот ќе го земам накнадно, за него предвидов 7к. Не сум озбилен гејмер, немам мрднато од цс 1.6 и ред алерт бог знае од кога. Би играл CSGO, GTA5, Red dead redemption 2 и CoD Warzone. Ама ако ми се засвиѓа некој AAA наслов, не би се двоумел. Во глобала, би ги играл само овие игри. Ова е битно во изборот на графичка.
Како слика доле го прикачив тоа што го составив. Што би смениле? Што би извадиле, а што додале?
- На почеток ме плашеше процесорот, мислев дека слаб, ама што читав на нет, истиов доаѓа како стандард за многу пциња во тој ценовен ранг.
- Немам испланирано кулер, ептен ќе забега со цената. Процесорот оди со кулер, мислам дека ќе заврши работа. Једино би разгледал куќишта околу 2к со вграден кулер.
- Плочата мислам дека е стандард, гледам и тука многу ја користите. B450ка.
- Напојувањето, има и поевтини верзии да се земат, ама мене ми кажаа да гледам Bronze од 600W.
- Рамот е мислам таман, 2x 8gb, и тука гледам често користено.
- На мислење сум со графичката. Колку што разгледав по интернет, 1660ка е екстра во поглед на перфоманси сооднос цена. Ги лизга сите игри на 1080п, за нешто повеќе, не ни замислувам. Поготово ако го гледам што игри би играл. Е сега, се мислев за 2060ката, ама мислам дека би фрлил повеќе пари, а дудук како мене нема да примети некоја разлика. Прашањето ми е, дали е добра 1660кава? Дали би ги задоволила моите потреби? И колку е future proof?
- Друга ствар што ме мучи е распределувањето на меморија. Како што гледате на сликата, сум се одлучил за скоро 1tb SSD кој кошта 7700 од сет и без HDD. Ама полека се предомислувам. Сега мислам да ставам 256гб SSD со 2тб HDD - вака комплет ќе кошта 6600 денари. Дури се мислам да идам на 256гб ССД со 1тб ХДД, ќе испадне и нешто поевтино. И трета опција ми е 500гб ССД со 1тб ХДД - што ќе искочи 6600 денари. Да напоменам, дома имам празен 1тб екстерен, можам и тој да го вклучам во игра. На ссд би ги ставил warzone, gta5 и оперативниот. Се остало иде во ХДД, слики, филмови, незахтевни игри и други тракатанци. Како би изиграле вие?
Океј е билдов за парите?