Спреј воздух можете да најдете во
Логинг електроникс кај ТЦ Беверли Хилс. Истиот чини околу
300 денари. Што се однесува до термалната паста за процесорот, јас употребив
Cooler Deepcool Z3 од 1,5 гр која чини
180 денари во Анхоч и многу сум задоволен од квалитетот и перформансите кои се испорачуваат
. Доколку сакате уште поквалитетна термална паста. Најтопло Ви ги препорачувам следните две, исто така од Анхоч:
Cooler Deepcool Z5 од 3 гр од
260 денари и
Cooler Deepcool Z9 од 7 гр од
430 денари.
п.с. Добро би било ако првенствено го издувате CPU-ладилникот и останатите ситни компоненти околу процесорот со спреј воздухот, а потоа да преминете со рачно отстранување на прашината. На тој начин темелно ќе ја исчистите прашината, а истовремено ќе постигнете поголем ефект во поглед на испорачување подобри перформанси.