Фабрикување на вести (VNRs), најнова во Париз.

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Едно е да го научиш да ја рецитираш конвенцијата на еден поим, нешто сосема друго е да го разбираш суштинското значење на тој... поим.
:facepalm: ок, како што претходно му признав на корисникот "Шкорпион", сега и на тебе ти признавам: ги вадам работите од контекст, не го разбирам суштинското значење, насловот на темата ми е тапа, егото не ми дозолува да (про)гледам дека настаните се сосема реални и вистински... задоволен? Let's move on.
Тоа би објаснило многу работи, но е прилично нелогична можност. Затоа што во тој случај би немало никаква потреба од ова што се случува... Освен ако целта не е нешто како MAD. Што е повторно нелогично, пошто некој со тоа ниво на контрола може многу (по)едноставно и побрзо да ја донесе работата до MAD.
OK, "нелогична можност", повторно ти признавам, логиката ти е јака страна, сепак моето его не успева да јо разбере твојата дедукција. Самото спомнување на MAD ме потсетува на http://www.big-lies.org/NUKE-LIES/www.nukelies.com/forum/

Него, да си се навратам јас на темата која според тебе не ја разбирам, и да си постирам еден видео клип:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.403
Задоволен?
Се разбира не. Не успевам да ти помогнам да стенеш свесен за тоа дека од дрвата не ја гледаш шумата, што е жално - пошто оваквите теми би требало да промовираат будење на свесноста кај луѓето.
Уште еднаш: не е воопшто важно дали настаните се реални или се вешто филмувана продукција. Не е важно дали ти ќе кажеш, дали тие настани се или не се вистински. Сето тоа е неважно и споредно.
Тоа што е важно, се причините за тие настани. Се разбира, и последиците.

Ти тоа не го разбираш.
Затоа што си се фатил во замката на криење на вистината наочиглед на јавноста. Поинаку и дерогативно наречена: „теорија на заговор„. Да дообјаснам, се запнуваш и се замараш за небитни ситници од видот - „дали на видеото навистина го убиваат полицаецот„. Или „дали Сноуден е измислена личност„.

Пак ќе повторам, од дрвата не ја гледаш шумата.



П.С. Ништо кохерентно не слушнав во видеото што си го постирал. Можеби ќе сакаш да објасниш?
П.П.С. Што побогу, сакаш да кажеш со линкот до некој си таму форум? Можеби очекуваш детална рецензија за содржината на сите дискусии на рандом членови во тој форум??
Самото спомнување на MAD ме потсетува на http://www.big-lies.org/NUKE-LIES/www.nukelies.com/forum/
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.403
Патем, налетав на едно интервју каде се зборува за whistle-blowing генерално и се спомнува наградата што пред година и нешто ја доби Соноуден.
Таму Сноуден е во друштво со повеќе луѓе (неимислени луѓе, со име и презиме и документи), и сите тие луѓе МОРААТ да се вклучени во „заверата„ на создавање на измислениот Сноуден (за да сето тоа функционира).
Со оглед на тоа дека во повеќе наврати Сноуден е во друштво на разни луѓе... излегува дека ако неговото постоење е резултат на завера (Сноуден демек не постои), тогаш тоа мора да е во соработка на САД и Русија! Пошто САД нели јавно и активно го бараат и тоа јавно го кажуваат на вести и прес-конференции. Воедно Русија исто јавно изјавува дека Сноуден е на руска територија и под нивна заштота.

Значи според оваа „теорија„ САД и Русија заедно прават заговор да го „измислат„ Сноуден.
ОК, дури и со (нај)отворен ум не можам да се сетам за ниту една причина, или да видам ниедна последица која отишла во корист на САД и Русија затоа што заедно го измислиле Сноуден. Значи прашањето Cui Bono нема одговор, немаме мотив, немаме дело. Имаме само глупава теорија, велам глупава затоа што освен што нема никави докази, нема ни логика ни причинско-послединечен ланец... ма не е ни теорија, туку само рандом нафрлена мисла. Таквите мисли кога се изнесуваат без да се размислат претходно, ги нарекуваат мозочни прдежи - пошто еднакво интелектуално значење имаат со гасовите кои излегуваат повремено од дебелото црево. :)


Можеби @Gorco знае повеќе од мене. Можеби, но всушност повеќе од веројатно е дека не знае ништо повеќе, ама многу интересно му звучи целата работа па ете малку да си попишува на форум.
 
Последно уредено:

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Можеби @Gorco знае повеќе од мене. Можеби, но всушност повеќе од веројатно е дека не знае ништо повеќе, ама многу интересно му звучи целата работа па ете малку да си попишува на форум.
Да, знам мнооооогу повеќе од тебе, но, твоите размислувања и (посебно) приодот на темата, за мене се под минимум квалитет за да продолжам дискусија со тебе. Ако сакаш, слободно продолжи го твојот монолог на темата.

Во врска со моето пишување на форумот, види од кога сум член, што и колку до сега имам пишувано, па после спореди со твојата статистика т.е. барем твојата форумска активност во последните две недели.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.524
Поени од реакции
26.013
ОК, дури и со (нај)отворен ум не можам да се сетам за ниту една причина, или да видам ниедна последица која отишла во корист на САД и Русија затоа што заедно го измислиле Сноуден.
Без да навлагам во шумата и лисјата.....

одма можам да најдам причина, а тоа е воскреснување на противник достоен за трка за вооружување. Враќање на златните времиња од студената војна за воената индустрија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.403
@jamajka
Муабетот беше зошто САД и Русија ЗАЕДНО би го измислувале Сноуден?

Пошто ОК - на САД им треба страшило со кои ќе го плашат светот (и НАТО партнерите), страшило со кое ќе го „оправдуваат„ својот интервенционализам.
Ама што ќе им е сето тоа на Руската Федерација, кои така може само многу да изгубат и ништо да добијат. Освен, пак да го повторам тоа од мојата (веќе зажалена) преписка со ОП, - освен ако една иста инстанца не ги контролира и САД и РФ, a целта е нешто како MAD или нешто друго.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.524
Поени од реакции
26.013
@jamajka
Муабетот беше зошто САД и Русија ЗАЕДНО би го измислувале Сноуден?

Пошто ОК - на САД им треба страшило со кои ќе го плашат светот (и НАТО партнерите), страшило со кое ќе го „оправдуваат„ својот интервенционализам.
Ама што ќе им е сето тоа на Руската Федерација, кои така може само многу да изгубат и ништо да добијат. Освен, пак да го повторам тоа од мојата (веќе зажалена) преписка со ОП, - освен ако една иста инстанца не ги контролира и САД и РФ, a целта е нешто како MAD или нешто друго.
Еве ми текна уште една причина...
Воспоставување на апсолутна контрола.

И пак уште една причина, да ја каже приказната дека сите се прислушкувани и дека све се следи и дека ништо неможе да промакне...
The God Effect....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.403
Во врска со моето пишување на форумот, види од кога сум член, што и колку до сега имам пишувано, па после спореди со твојата статистика т.е. барем твојата форумска активност во последните две недели.
Душичка една напатена.... :D
Биди сигурен дека сега веднаш ќе земам да ја проучувам „твојата статистика и твојата форумска активност„. Со нетрпение и голем интерес желно ќе се нафрлам на изучување на твојот светол лик и дело! :rolleyes:


Иначе што би бил прикладен наслов за цитираново: „Фабрикување измет, и расфрлање со имагинарен авторитет - сето тоа прошарано со патетични ад хоминем напади на соговорникот„.
Нејсе. Ај продужи терај си со „жолта штампа„ муабетите, пошто подалеку од тоа - не дофрлаш.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.403
Еве ми текна уште една причина...
Воспоставување на апсолутна контрола.

И пак уште една причина, да ја каже приказната дека сите се прислушкувани и дека све се следи и дека ништо неможе да промакне...
The God Effect....
Можеби ти избега суштината на тезата на ОП: Сноуден е измислен/фиктивен лик кој во реалниот свет (надвор од „фабрикуваните вести„) не постои.

На тоа моето размислување беше „зошто САД и Русија ЗАЕДНО би го измислувале Сноуден?„ (Сноуден е сега во Русија)
Од тој аспект не ти ги разбирам можностите за причини, што ги предлагаш. Како што реков, на САД можеби им одговара наводното измислување на Сноуден... но што тоа Русија добива од подржување на целата таа шарада со играње на играта (лажирани снимки од „измислениот„ Сноуден, изјави од Путин и други функционери на РФ, врбување на луѓе да го потврдуваат неговито постоење, да му даваат награди, итн).

Човекот секако постои. Затоа што без разлика кој и за какви цели го користи, секако многу поедноставно е да се искористи жива, реална, и фактичка личност (отколку да се измислува фиктивен лик).
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.524
Поени од реакции
26.013
Можеби ти избега суштината на тезата на ОП: Сноуден е измислен/фиктивен лик кој во реалниот свет (надвор од „фабрикуваните вести„) не постои.

На тоа моето размислување беше „зошто САД и Русија ЗАЕДНО би го измислувале Сноуден?„ (Сноуден е сега во Русија)
Од тој аспект не ти ги разбирам можностите за причини, што ги предлагаш. Како што реков, на САД можеби им одговара наводното измислување на Сноуден... но што тоа Русија добива од подржување на целата таа шарада со играње на играта (лажирани снимки од „измислениот„ Сноуден, изјави од Путин и други функционери на РФ, врбување на луѓе да го потврдуваат неговито постоење, да му даваат награди, итн).

Човекот секако постои. Затоа што без разлика кој и за какви цели го користи, секако многу поедноставно е да се искористи жива, реална, и фактичка личност (отколку да се измислува фиктивен лик).
Не е прашањето дали постои или не, дефакто е дека постои. Како што сум кажал претходно многупати, прво јас не верувам дека конспиративните игри се прецизно планирани настани кои одат глатко и исклучиво според планот. И втото, уште помалку верувам дека сами ги режираат терористичките акти. И трето, најмалку верувам дека измислуваат настани и личности, попут убиствата на карикатуристите или постоењето на Сноуден.

Јас ти реков, без да навлагам во шумата и дрвата, хипотетички ти кажувам причина која доколку Сноуден е измислен, зошто тој би бил измислен. Така на некој начин ти ја пресликувам последицата на аферата Сноуден. Најголемата причина за ваквите афери кои се намерно напумпани, е кај народот да се добие автоцензура и автоконтрола. Буквално The God Effect. Значи се изнесуваат информации, дека секој човек е прислушкуван, следен итн. Се изнесуваат информации дека никој неможе да отиде никаде или да направи нешто, без тоа да го дознае големиот брат.

А што има Русија од сета таа игра на студена војна? Враќање на светската сцена на голема врата можеби?

Студената војна е меч со две острици и ситуација која е тешко да се контролира. И не верувам дека некој над тие две држави ќе го оркестрира ова. Меѓутоа во дадениов момент, тоа е ситуација која и одговара на некои сили во САД, па и на самата држава. Зошто?
1. Загарантиран висок воен буџет.
2. Страшило за народот вредно за почит.
3. Воспоставување на контрола врз народот.
4. Воспоставување на полесна контрола на марионетските држави.
......

Русија има слична ситуација, така да имаме вин-вин ситуација. Оваа теза ја застапувам веќе 3 години. И тврдам дека Македонија како држава ќе има најголем бенефит ако се постигне интеретнички договор, но и надворешно-политички договор(со светските сили и балканските држави) и постанеме неутрална држава попут Швајцарија. Секое друго сценарио сметам дека ќе не воведе во обид за контролиран конфликт кој тешко дека ќе може да остане контролиран.

Сценариото за дестабилизација е веќе почнато....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.403
...
Сценариото за дестабилизација е веќе почнато....
Точно, дестабилизацијата е веќе почната. Тотално се согласувам за потребата од неутралност. На краткорочен план приклонување кон алијанси изгледа привлечно, но на долгорочен план неутралноста е најдобра опција.

Нејсе. Муабетот со ОП беше за самото постоење на Сноуден, те разбирам во кој контекст се вклучи ти - но морав да ти нагласам дека таа „искривена„ логика беше специфично употребана во контекстот на замислената ситуација на ОП.
Во друг контекст, друг е и муабетот.


САД се стремат кон нов светски поредок според кој тие се доминантна светска сила. РФ имаат своја агенда, која од наш аспект е малку поприфатлива пошто наместо униполарен прави мултиполарен свет. Во секој случај неутралните би требало најдобро да поминат, и тоа е тоа кон што Македонија би требало да се стреми.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Нови моменти поврзани со темата:

 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Темава би требало да носи поднаслов "Јаки сценарија за филм".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom