Со одвзани или заврзани нозе во баражот за СП 2022 ?
Што било во минанатото, дали некој шиткал натпревари, дали се празнеле кладилници по азија, не знаеме и не памтиме, пошто слабо не служи меморијата, нели?
Ама во детал ја знаеме историјата во последните години! Македонија пред 10год. беше nа 150 место на светска ранг листа… Во друштво со квази-држави т.е. села-држави. Темница....ноќ...штама.....
Аме ете, дојде една нова генерација млади играчи и зарѓаната парна локомотива почна полека да ќуфка. Требаше многу време и напор да се врати публиката пред малите екрани, а се вратија брзо. И локомотивата почна да гази.....се што и излезе на патот. Нови играчи се издигнаа високо и испишаа историја Адеми,Барди,Алиоски,Елмас,Муслиу и други. ИМИЊА се тоа!
Се вративме и на стадион, квалификации за ЕП2020, дома со Полска, стадион полн 75% и добра атмосфера од почеток. Ама некако трома беше играта, како да имаа камења во џебовите....магија,уроци можда?....Како и да е, за публиката веќе беше видено, и почна со свирење цел стадион си отидоа многу пред време и не го дочекаа крајот.
Ме фати некоја горчина, што се случи, зашто така? Зошто не можеме, како Хрватска на пример, да имаме црвста кичма?
Не е битно, ајде на втора, против Австрија. Стадионот за чудо пак беше полн, не сите се сомневаа во поразот 0:1 од Полска. Ама овојпат ситуацијата беше ептен очевидна, свири цел стадион, страшно....15мин пред крај беше празен. Кога видов еден наш играч како намерно „кочи„ наш контра-напад ми беше дефинотвно јасно. Нешто је опет труло у држави данкској.......
И ? Телевизија, весници, портали? Ништо, штама. Што е работава, зошто не се известува што е оваа шизофренија? И кога ќе видиш 10 исти наслови и текстови на портали, знаеш дека не се ништо повеќе од дресирани пудлици......
Не се секирајте ќе се пласирами ние преку лига на нации!-беше единствениот одговор. Кај бе со Косово, кај бе се Грузија.... па и они се гладни и изфрустрирани како нас. Ема ете бидна некако со среќа, напор и мотив плус 200%. (од онаа што го покажавме против Полска и Австрија)
Никој никогаш не одговори зошто играа со 50% на главните калификациони натпревари! А снимките не може никој да ги негира и избрише.
А неможе да се негира и играта со која ја поразивме Германија! Тактика, концентрација, мотивација и пожртвуваност подобра и поточна од швајцарски саат.....
МАКЕДОНИЈА МОЖЕ СЕКОЈ ДА ПОБЕДИ! Изговори не држат вода.......
Сега се надзира дежа ву како со Австрија.... Не бе, некој бот би кажал, италијанскиот амбасадор само донел две вреќи трева, 3 кофи креда и четири сијалици во ФФМ за осветлување на стадионот во Свирипичино.
Ма немој ! Многу не ценел као фудбалска нација па да подгурне малце а?
Е баш ме интересира, кој и како ќе „одработи„ сега.
Едит 1. Мрме и покрај послушноста кон ФФМ, бар од времето на Полска-Австрија, останува најуспешен тренер во МКД. Тие бљувотини од порази и дилетанството на ЕП сигурно уште му тежат во ЦВ-то.
Едит 2: Боби може исто како Мрме, и во послушност де. Како беше изјавата пред Лихтеншејн и Германија? За нас најважен и најтежок натпревар е тој со Лихтеншејн! А Германија не ни спомна, демек таа е решена, таа не се игра..Ех жална Македонија, дојде време и пред Лихтенштајн да трепериш. И кој озбилен тренер му се смешка на противничкиот тренер после пораз при ракување? Кој? Демек драго ни беше што можевме да ви ги одработиме 3 трите бода и да закрпиме кариера на Тимо Вернер.
Камењарска работа е тоа бе луѓе.....нема аир. Тртењето никогаш не се наградува, казната ќе стигне кога тогаш.