ФФМ - Фудбалска Федерација на Македонија

Кој е главен виновник за последното место на Македонија во квалификациската група?


  • Вкупно гласачи
    178
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Ја отварам оваа тема, со цел да разговараме за нашата ФФМ-Фудбалска Федерација на Македонија. Оваа гарнитура предводена од Илчо Ѓорѓиоски ни го донесе најголемиот „успех„ во историјата-ПОСЛЕДНО МЕСТО ВО КВАЛИФИКАЦИСКА ГРУПА :mad:

Дали сме толку батал? Дали до толку не не бива? Дали овие кои ја водат ФФМ се изгубени? Дали ФФМ ја водат луѓе чиј интерес е развојот на Мак фудбалот?

До пред некое време, не чинеше Хари и сите плукаа по него и велеа дека со него бетер не можело да биди. Ова им е демант-МОЖЕЛО! Не паметам кога во репрезентацијата имало толку раздор, толку големо незадоволство, толку немоќ.

Овие последно 2 натпревари ни го донесоа најголемото разочарување во историјата. Прво загубивме од Велс Б, бевме тотално надиграни, а можевме да изгубиме и повеќе. Со Србија нема да коментирам, затоа што нема што да се кажи, освен БРУКА!

Да не трошам џабе простор, во прилог на ова, додавам една статија превземена од дневниот весник Дневник, па можеме тука да дискутираме.

ФУДБАЛ – НА ПОЛУВРЕМЕТО ВО МАKЕДОНСKАТА СОБЛЕKУВАЛНА

Нова мода со пискотници, пцости и фрлање дресови


Македонија загуби убедливо од Србија (1-5) на гостувањето во Јагодина. Резултатот и не е толку разочарувачки колку што е односот кон играта и кон државниот дрес на репрезентативците, кои уште пред овој последен квалификациски дуел со аманет на стручниот штаб и на ФФМ останаа без капитенот и лидер Горан Пандев.

Без првиот играч, во тимот што го предводеше од клупата, вршителот на должноста селектор Зоран Стратев се соочи со неединство. Почна уште на теренот со препирките меѓу голманот Томе Пачовски и напаѓачот Агим Ибраими, а кулминирае на полувремето во соблекувалната. За само десетина минути македонските фудбалери својата немоќ на теренот ја демонстрирале во вербална расправија. Меѓусебно се навредувале и нагрдувале. За срамот не проговорија ни по преспиената ноќ. Но, пискотниците, пцостите и соблекувањето дресови, поради кои Агим Ибраими на полувремето остана во соблекувалната и не го продолжи натпреварот, не останаа скриени од очите на јавноста.

- Некои играчи не сакаа ниту да играат кога натпреварот резултатски тргна надолу. Бараа да излезат уште во првиот дел - кусо прокоментира по мечот Стратев.

Замената побарана од Ибраими селекторот Стратев ја направи на полувремето. Му даде шанса на Александар Трајковски.

Дека атмосферата во македонската репрезентација е растурена, а меѓусебната доверба загубена потврди и најискусниот што го предводеше македонскиот состав со капитенската лента, Николче Новески.

- Ова веќе не личи на ништо - кусо рече по натпреварот корпулентниот бранител.

ФФМ официјалниот став ќе го каже деновиве. Но, затоа репрезентативецот Дарко Тасевски, кој остана на клупата да го проследи целиот натпревар, на својот фејсбук-профил напиша: „Приватна репрезентација“. Ваквиот негов коментар беше одобрен од повеќе поранешни репрезентативци и фудбалски пријатели.

Неофицијално во фудбалските кругови веќе се шпекулира дека раководството на ФФМ на својата прва седница, која е најавена за утре, ќе преземе и конкретни чекори со пријави и казни за одредени репрезентативци, кои предничеле во кавгите и навредите. Дисциплинците ќе треба да ги расветлат случувањата.

- Не би коментирал. Страстите с` уште се зовриени. Нека легнат работите и со ладни глави с` ќе се расчисти. Отчетот за квалификациите ќе биде на првата седница на УО - рече Златко Андоновски, портпаролот на ФФМ.

И Чедомир Јаневски е дел од неуспехот

Заминувањето на две кола пред крајот на квалификацискиот циклус, кога веќе се наѕираше последното место, иако бевме претпоследни во групата, не го амнестира од неуспехот и ексселекторот Чедомир Јаневски. Тој беше општоприфатен од фудбалската јавност, немаше притисоци, критики, с` со една цел - да го обедини целокупниот потенцијал за Македонија да направи чекор понапред. Наместо тоа, се случи дебакл, од кој не може да побегне и Јаневски, стратег од странство со македонски менталитет. Тој е третиот селектор што побарал да го раскине предвреме договорот со ФФМ.

Пред него оставки поднесоа и двајца од тројцата странци, Слободан Сантрач и Сречко Kатанец.

Зошто странците бегаат предвреме?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.324
Нема опција „сите заедно“?
Доста бараме виновник само во федерацијата (претседателот), само во селекторот или само во одредени играчи...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Реално сите се криви, али коренот секако дека е федерацијата. Али не можеме да се надеваме на никакво поправање. Државата за посериозни работи е навлезена у срања и некои други многу поважни работи првин се на листата на поправање. За да дојдеме до точка кај што ќе се фокусираме на фудбалот... ехехеееее...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сите се криви но најголемата одговорност секако е кај оној со највисока функција а тоа е ФФМ после следи тренерот, па Пандев и на крај останатите фудбалери, но не сите. Сигурен сум дека има и такви кои 102,5 % играа и се обидуваа да направат нешто.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Реално сите се криви, али коренот секако дека е федерацијата. Али не можеме да се надеваме на никакво поправање. Државата за посериозни работи е навлезена у срања и некои други многу поважни работи првин се на листата на поправање. За да дојдеме до точка кај што ќе се фокусираме на фудбалот... ехехеееее...
Федерацијата треба да се фокусира само на фудбалот и ништо повеќе. Државата не ни е до толку батал за да нема фудбал. Мислиш дека Босна како држава е подобра?

ФФМ не е државен орган туку функционира како Здружение на граѓани кое е под закрила на УЕФА. Државата не смее да се меша во ФФМ, затоа што УЕФА одма скока во одбрана на федерацијата. Еднаш излезе МВР со некои најави за кривична пријава заради финансиски малверзации со купување на столчиња за стадиони, па дојде некој од УЕФА, имаше состанок со Јанкуловска и толку од тоа. Го заборавивме.

Во ФФМ годишно доаѓаат многу пари, броени во милиони евра. Тие пари ФФМ ги добива од УЕФА и ФИФА, а не од буџет на РМ. Затоа може да си прават што сакаат со тие пари. Да имавме некој претседател со фудбалски намери, од Ѕинго па навака, со тие пари ќе се направеа 20тина игралишта слични на она кај зградата на ФФМ. Убава трева, монтажна трибина и рефлектори. На македонски прволигаш не му треба ништо повеќе од тоа.
Ама нашиве простаци парите ги трошат на полнење на стомаците и на ситни малограѓански работи како патувања, дневници и живеење на висока нога. Додека се може.
И кога имаш такви ситни души што се одлучувачки фактор во фудбалот, многу лесно е фудбалската мафија да ги држи под контрола. Овие првите се со полн стомак и длабок џеб, а вториве си бркаат работа без некој да им пречи. Кога ќе се надополни сликата со некои ситни менаџерчиња кои фатиле врски во ФФМ и си ја користат секоја шанса за промоција на некој нивни „талент“, тогаш добиваме совршена комбинација за последно место во група.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Немаме добри фудбалери во Македонија, тоа е тоа.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.885
Немаме добри фудбалери во Македонија, тоа е тоа.
Нема услови за да просперираат некои играчи од младинските категории. По 2 утакмици ќе добиеш повреда само од теренот. Доволно е ова да се спомне и понатака нема што да се дискутира јасно е зошто сме последни. Убаво објасни ИДМАК погоре...
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Само едно имам да кажам....
Горан Пандев е светлосни години пред сите играчи во екипава,само тој не смееше да си замине.

Горан, Агим, Томе и можеби Иван Т. требаше да се оние кои ќе ја спојат новата генерација и ќе оформат искуство во новите редови.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Ако треба да има момент кај што ќе се почне од 0, сега е тој момент. Мора од корен да се средат работите ако сакаат да се надеваат дека до Катар 2022 ќе бидеме у поволна положба да имаме поволна група за квалификации. Не сум најдобро запознаен со тоа што точно се дешава во ФФМ пошто од македонскиов фудбал неам некои очекувања, али сега кога нема веќе Харалампие, си отиде Чеде и капитенот се откажа од репрезентацијата, тука е моментот од старт да се почне, со надеж дека ќе тргнат нагоре работите. Тешко али... шо им е работа ебате...
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Според мене е оправдан потегот на Пандев за повлекување од репрезентацијата, капитенски ја презема цела одговорност за лошиоте резултати (иако знаеме дека има најмала вина) , на ред се кловновите од ФФМ да споделат одговорност и да си поднесат оставки.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.698
Поени од реакции
6.619
Да се врати Шумата за капитен :D ќе ги построи тој сите со ред :pos:
 
H

Harry Callahan

Гостин
Гласав во анкетата дека се ФФм виновни но требало да ставите и опција сите се виновни затоа што се сите виновни .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom