ФОН-прв приватен универзитет во РМ

Член од
22 декември 2008
Мислења
54
Поени од реакции
2
ха ха ха лага,превара и живи глупости!
делл лаптоп што стипендистите си го плаќаат 600 евра а уствари треба да биде бесплатен,индекси што уште не сме ги добиле и ред други работи што несакам да ги спомнувам за да не дојде до кофликти :D

Dangerous..едно прашање до тебе...како поминавте на тоа специјалното физичко,лесно или тешко...јас :toe: уште сме немале час :pos2:
Јас сум поминал супер, ама сум бил редовен на час, интересно е многу, професор вие Златко Кецковски ( јак е многу ) , ке вежбате ЈuJutsu , така да ти препорачувам да си одиш редовно , не за оценка туку да учиш нешто за тебе... затоа ке ти треба многу за да спасиш себеси... поздрав .... ;)

не се секирај за индексот ке го добиеш.. и онака не ти треба сега ... ;)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
хаха се надевам дека ќе биде така...а индексот не дека ми треба туку онака...
ај ако не ти е тешко кажи ми како се оценува спорт?
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
54
Поени од реакции
2
хаха се надевам дека ќе биде така...а индексот не дека ми треба туку онака...
ај ако не ти е тешко кажи ми како се оценува спорт?
имаш два колоквиуми по 35 поени... и редовноста 30 , на пример имате 15 поени за редовноста во првиот колоквиум значи по секој час што ке одиш да вежбаш ке добиеш по еден поен за редовност, исто така тие и за вториот колоквиум....

70 маx ( колоквиуми )
30 - редовност --- ( колку ке бидеш редовен толку поени ке имаш )
___
100 поени.... ти посакувам успех и да стигнеш барем до 91 поени за да добиеш 10_ка .... мислам дека бев јасен ... поздрав
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
544
Поени од реакции
18
Јас разбрав дека Маркетинг фора е тоа со лаптопите, за да се придобијат поголем број на нови студенти, пошо лани кога го запишував брат ми, и според тие информации што ги добив од некој кадри таму, бројот на запишани студени лани бил катастрофално мал, и исто уште една информација дека од некој си * смешни * уплатници и плаќање дека студентите ќе бидат ослободени - врска нема, Јас сум и до некаде разочаран од тоа што јас го замислував а не е , И нормално треба да си малце инает персона за да ги придобиеш тие некој од таму кој безрезервно помагаат :vozbud:. Мене тие на шалтер многу ме сакаат
Катастрофа е тоа со лап топ-ите. Единствен начин да се дојде до лап топ е да се аплицира по електронски пат, а сепак на 80% од студентите акаунтите им се блокирани :vozbud:. Партиципациите се со екстра високи цени, а нудат ништо повеќе од она што го нудат државните универзитети. Единствено нешо шо е „подобро“ за студентите е материјалот за учење од 10 прашања за испит или нешо слично. ЕКТС го нема никаде. УЖАС.
Единствен приватен универзитет кој што не го оспорува квалитетот и кој во целост функционира по теркот на болоњската декларација е Универзитетот на Југоисточна Европа - Штулов.
Предностите се тоа што ЕКТС е во целост вграден, индексите се сведени на една картичка со ИД број преку која имаш пристап до елекртронската мрежа на целиот универзитет за сите потреби. Било да сакаш да седнеш во компјутерскиот центар, било од дома исто е, само го внесуваш ид бројот и пасвордот кој ти е даден од администрација. Распоред може да се креира од дома. Оценките исто така во секое време ти се на е-сервис софтверот и си ги глеаш од дома. Материјалот солиден за високообразовна установа, предавањата со висока технологија, кампусот отворете слики и видете, свршавање. Едино нешо шо е мана е шо ако учите на македонски, тоа не е и мајчин јазик на професорите и некои од нив имаат проблем при предавањето на материјалот, меѓутоа повеќето се ок, а и кој сака да учи не се секира толку за предавањето. Добро е и тоа шо не ти даваат уплатница за секој колоквиум/испит, т.е. тие не се плаќаат, туку си влегуваат во уплатената партиципација. Нема плаќање казни за секој испит, тоа е торбешка работа :). Туку само по завршувањето на 3те, предвидени со програма ,години (на пр. крај на трета година јуни2009) ти даваат една бесплатна сесија во август, а после ако не исчистиш, има сесија следна у ноември и плаќаш само оној износ за заостанатите кредити. 180 кредити се потребни да дипломираш. Лееее реклама еј, чекам надомест од штул за ова..хаха :vozbud:.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
претпоставувам дека не студираш на ФОН па така да неможеш ни да збориш...јас имам 350 страни за колоквиум и немам ниту едно прашање..така да тоа мислење ти паѓа во вода....а за Штулов...те молам не ме терај да се смеам...почнав да плачам од смеење...освен ако не студираш таму и го рекламираш универзитетот те молам не кажувај смешни работи...братучетка ми е таму и вика помалку никогаш во живот не сум учела..што е тоа бе 100 стр за колоквиум?!?ЕКТС има на ФОН и сега веќе сегде е со 180 ектс дипломирањето...зарем ФОН нема убав кампус?...демек Штуловиот е еко кампус па е подобар???има повеќе работи од што има ФОН?
и на крај...има професори албанци што всушност предаваат на сите без разлика дали студентите учат на албански или на македонски..а на ФОН се знае..едни предаваат само на албански други на македонски..и нема неразбирање...на ФОН професорите и асистентите ти даваат бр. на телефон и до 10 навечер можеш да ѕвониш да прашаш што и да те интересира,можеш да им тропнеш секое време на врата и да добиеш одговор на било што и ред други работи што ако почнам тука да ги кажувам нема да има место...тоа за лаптопите не е маркетинг трик,туку сите што се запишаа прва год. добија лаптопи бесплатно..ние стипендистите си плативме некоја цена,ама не е задолжителен...а што се однесува на слаб одзив лани...нема врска..има повеќе студенти што некој може да претпостави
 
Член од
23 октомври 2009
Мислења
22
Поени од реакции
2
е значи се изначитав глупости.. Јас сум студент во прва година правни науки на фон универзитет. за 2 недели имам колоквиумска. 10те прашања се поим да ги добиеш во фон. се полагат на 3,4,5(зависит од професорот) прашања со раскажување... па шо ке напрајш то... Што се однесува до ЕКТС системот си функционират беспрекорно и што е реалност само на фон се применуват по сите правила и прописи. Иначе бев присутен на испит по предмет во скопје. Полагаја 160 студенти а положија само 3.(кој е студент на фон, можит да ги видит резултатите од испитот вовед во право, казнено, казнено-прицесно и разузнавање од казнената сесија) така да... сите што не знаете, не зборувајте безвеза вака е така е.. дојдете, запишетесе па видете колку е лесно.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
е значи се изначитав глупости.. Јас сум студент во прва година правни науки на фон универзитет. за 2 недели имам колоквиумска. 10те прашања се поим да ги добиеш во фон. се полагат на 3,4,5(зависит од професорот) прашања со раскажување... па шо ке напрајш то... Што се однесува до ЕКТС системот си функционират беспрекорно и што е реалност само на фон се применуват по сите правила и прописи. Иначе бев присутен на испит по предмет во скопје. Полагаја 160 студенти а положија само 3.(кој е студент на фон, можит да ги видит резултатите од испитот вовед во право, казнено, казнено-прицесно и разузнавање од казнената сесија) така да... сите што не знаете, не зборувајте безвеза вака е така е.. дојдете, запишете се па видете колку е лесно.
дарко јас сум на фон ама на детективи...и нас ни рекоа дека нема да ни дадат прашања за вовед во право...да не имаш случајно некое прашање слушнато од негде???јас наслушнав само едно..:pos2:
инаку што имаш изборна...ај ако имаш криминалистика да свртиме еден муабет:pos2:...позз колега
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Иначе бев присутен на испит по предмет во скопје. Полагаја 160 студенти а положија само 3.(кој е студент на фон, можит да ги видит резултатите од испитот вовед во право, казнено, казнено-прицесно и разузнавање од казнената сесија) така да... сите што не знаете, не зборувајте безвеза вака е така е.. дојдете, запишетесе па видете колку е лесно.
Нема лабаво со Буџакоски :намигнува:.
 
Член од
23 октомври 2009
Мислења
22
Поени од реакции
2
дарко јас сум на фон ама на детективи...и нас ни рекоа дека нема да ни дадат прашања за вовед во право...да не имаш случајно некое прашање слушнато од негде???јас наслушнав само едно..:pos2:
инаку што имаш изборна...ај ако имаш криминалистика да свртиме еден муабет:pos2:...позз колега
Да колега, имам криминалистика, пишими на пвт порака, мејл, мсн скајп, шо имаш, па мојме да свртиме муабет.
а шо се однесува до прашањата по право... Земи бате учи, Буџакоски го скрати материјалот, и не се надевај на прашања зш господ немојт да ги докопат неговите.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Кај Буџаковски ако поминат 20% од студентите значи е успешен колоквиумот/испитот :icon_lol:
Ако ве фати да препишувате ќе ве памти цел живот, ќе наебете и на останатите предмети од кај него.
Седнете учете, друго чаре нема. Со Буџаковски нема играње.

Иако голема штета што Бендевски се пензионира, не знам кој ви предава сега Право на Еу и Меѓународно приватно? Бендевски е еден од најдобрите професори, иако и тој буткаше премногу и мои колеги 4 години ги маткаше за Право на ЕУ, додека не седнеш и од А до Ш не му научиш нема положување.

И не се замарајте со рекла казала. Седнете си учете си за ваше добро пред се. Љубоморни и лица со предрасуди има еден куп. Нема потреба да се замарате со нив, не вреди.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
ме преплашивте бе:nesvest:...јас го учев ова што го учам по право во средно..најверојатно ќе поминам...ај бе - неможе да биде тооолку лош па само 20% да пушти...а и материјалот не е толку тежок,ако е голем :(
 
Член од
23 октомври 2009
Мислења
22
Поени од реакции
2
ме преплашивте бе:nesvest:...јас го учев ова што го учам по право во средно..најверојатно ќе поминам...ај бе - неможе да биде тооолку лош па само 20% да пушти...а и материјалот не е толку тежок,ако е голем :(
Мацуфке... Најди колкав процент е 5 од 150 и се ке ти е јасно... Фатисија сериозно работата зш... незнам...
 

Kopites

You'll Never Walk Alone
Член од
25 август 2008
Мислења
760
Поени од реакции
10
Да да, кај Буџаковски е ептен тешко, ја Вовед у право после 3-4 полагања успеав да положам и тоа некако се смилува пошо сум на Јазици и не ми треба толку предметот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Има од тука некој што е на Економски на ФОН? Не ми треба за упис, совети, бла бла, само да прашам нешто.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Мацуфке... Најди колкав процент е 5 од 150 и се ке ти е јасно... Фатисија сериозно работата зш... незнам...
Казнено право кај нас од правници и детективи од 170сетина луѓе 12 положивме. Подобри сме :icon_lol:

А инаку прашања даваше Душко Стојановски. По 200 на колоквиум (тогаш имавме 3 колоквиуми значи 600 вкупно), сите за раскажување. Ептен ни беше тоа од помош. :)))

Бидете редовски на предавања да ве научат професорите и асистентите тоа е многу битно. Ако сте редовни имате огромен плус. Учете за ваше добро и правете им семинарски и правете проекти и предавајте лекции на часови. Ќе немате никаков проблем. Сето тоа е новиот ЕКТС систем. Повеќе ослонување на редовност и проекти и поредовно учење а не наеднаш во сесија испит со 100 поени и то е то. И 99% од професорите го почитуваат ЕКТС системот комплетно така да по 10 бодови присутност, активност и семинарска си добивате и си имате успешни студии, а они 70 бодови ќе си ги научите :coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom