Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.046
- Поени од реакции
- 17.712
http://www.soccermagazine.it/serie-a/fifa-dalla-prossima-stagione-cambiano-le-regole-sul-fuorigioco-122469/
Ова е линкот каде може (на италјански) да прочитате за промената која ќе се воведе следната сезона во врска со пасивниот офсајд.
Имено, во линкот се вели дека од сезоната 2013/2014 нема да постои пасивниот офсајд. Сега малку и кај мене се јавува една дилема. Досега пасивниот офсајд не се сигнализираше, а овде вели дека нема да постои од следната сезона. Малку е нејасно што сакат да кажат со тоа. Подолу во болдираното се вели дека "ако еден напаѓач е во предност пред противничките играчи после одбиена топка или несреќно одбивање на топката од дефанзивен играч ќе биде во офсајд и нема да може, како што досега беше, да учествува во акцијата така што пасивниот офсајд ќе биде сигнализиран од страна на судиите и асистентите".
Зарем досега еден играч можеше да учествува во една акција ако е во офсајд после одбиена топка? Искрено малку е збунувачки објаснето (а и италјанскиот не ми е перфектен) во врска со тоа што всушност ќе се казнува, така да кога ќе излезе информација за тоа на некој англиски сајт, нека ја постира некој веднаш...