ФАКУЛТЕТ или КУРС за ДОБАР ПРОГРАМЕР?

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Отсекогаш ме интересирале компјутерите, но поради сплет на околности и личниот избор за образование - најблиску до програмирање сум бил во основно и средно со Basic, не ми одеше лошо, но знам дека тоа не значи ништо :)
Од старт, не ми се фрлаат 2.000/3.000 еур за некоја од програмиве по „академииве“, посебно што се изначитав голем број лоши искуства. Не сум очаен да сменам професија, намерата ми е да научам, па после здравје.
Од она што сум истражувал, најмногу ме интересира:
1. Web Development,
2. Мобилни апликации.
Барам совет/препорака за онлајн програма од која најмногу би можел да научам, дали овој курс е доволен за потечник?
Планот ми е следен:
1. HTML+CSS+Javascript со се што следува попратно,
2. Ruby on Rails
---->изготвување на веб апликацијата која ја имам замислено, сето тоа претпоставувам во период од година и пол/две

3. Мобилни апликации (IOS или Android или и двете, немам уште размислувано)

Се надевам дека некој ќе има време, прво да ме прочита, а потоа и да ми одговори. :)
Не ти требаат курсеви, најдобрите работи ги имаш беспари на јутуб. Почни од ХТМЛ и ЦСС, па кога ќе добиеш некоја основа почни со јаваскрипт, ќе ти требаат неколку месеци да ги сфатиш концептите. Ако сакаш курс ги имаш и по торенти некои од тие на удеми за фри.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ќе го напишам моето искуство, иако сега се изменети работите, јас сум од „постарата“ генерација. Имено, студирав факултет за информатика во 1990-те години, секако, она што постоеше тогаш. Тогаш немаше „петпарачки“ факултети и универзитети како денеска. Завршија многумина од моите генерации, се вработи кој како се снајде, но факт е дека, од мои сознанија, малку влегоа во програмерските води, јас сум еден од нив. Некој напиша на форумов, со што се сложувам, факултетот ти дава ем општо образование (не толку поврзано со професијата), ем познавања од професијата. Потенцирам, ПОЗНАВАЊА. Факултетот нема да те направи програмер. За тоа треба да пројавиш желба, мерак, љубов... и да се интересираш и учиш за работи кои не се учат, или се малку начнати на факултет. Факултетот е нешто што трае подолго време, па работите „легнуваат“. Секако, оној кој има мерак, желба, љубов... може да биде програмер и без факултет. Сум имал такви колеги, кај повеќето сум забележал дека по нешто „им недостига“ од „целото“, но не дека не биле добри. Кај некои сум забележал празнини, особено кај базите на податоци. Кога сам учиш, има веројатност дека нешто ќе ти „избега“, додека на факултет е опфатено она што треба.

НО... (големо НО), реалноста стапува на сцена кога се почне со работа. Ако имаш претходно добра подготовка, квалитетот ќе се појави после неколкумесечна работа, а со тек на времето се' ќе си дојде на место, но, пак зависи од упороста, работата, трудот. Плус, за програмирање треба и поголем капацитет на умот, програмерите работат на медицински софтвери, финансиски, за разни дејности.. па сакале-нејќеле, мора да навлезат и во тие проблематики до одредено ниво. Значи, треба да си подготвен на тоа.

И за крај, што е многу важно. Работите пребрзо се менуваат во програмерскиот свет. Кога ќе си стручњак во одредена технологија, мислиш дека се' знаеш, ама за 10 години ќе се променат нештата, па нови алатки, нов начин, нови хоризонти се „измислуваат“, па ќе треба да се „прешалтуваш“. Арно, ама ти си веќе ангажиран на големи проекти во постарите технологии кои не се менуваат лесно, ни најмалку, па мораш да ги одржуваш истите. Плус, веќе си „остарел“.. 35+ години, па веројатно имаш семејство, деца, сопружник... па грижа за деца, па помагање за учење, па сакаат да ги водиш на викенд, на одмор, се разболеле... едноставно, имаш домашни обврски кои порано си ги немал, па не можеш доволно да се посветиш сам себеси за нови учења. Така, јас сега работам на огромен софтвер од светски калибар (како outsourcing) направен во постари програмерски јазици, а за промена (која се прави) ќе треба прилично време, а и тоа ќе треба да се плати, секако.
Делумно се согласувам со постот, а за болдот мислам дека тоа се јавува само кај луѓе кои пробуваат да фатат shortcut при учење на работите, независно дали учеле на факултет (и таму преку комбинации исположија пола од колегите и да ги прашаш нешто што не било на тие 20-30 страни немаат појма ни дека го има во учебникот).
Без разлика што и да се учи мора да се почне од основите и мора да се помине и теоријата (можеби не сите глупости како на факултет, ама барем основните начела на тоа што го учиш). Не може да знае само синтакса за SQL, а да не знае нормализација, релации, ентитети, ограничувања и интегритет, основи на релациона алебра и тн (т.е само да се знае механички дека треба да се направи нешто, а не и зошто се прави истото), или да научи синтакса во некој објектно ориентиран јазик, а да не знае основи на објектно програмирање. Ако пробува само да научи синтакса и со гуглање да прилагоди некој готов код од интернет секогаш и секој ќе има мака, без разлика што има од страна на факултет.
А за последното, за жал информатичкиот свет е толку динамичен и мора да се убиеш од учење после завршување што нема возраст кога ќе престанеш да учиш, секоја година излегуваат еден тон нови работи и како и да е мора да учиш постојано.
Автоматски споено мислење:

Отсекогаш ме интересирале компјутерите, но поради сплет на околности и личниот избор за образование - најблиску до програмирање сум бил во основно и средно со Basic, не ми одеше лошо, но знам дека тоа не значи ништо :)
Од старт, не ми се фрлаат 2.000/3.000 еур за некоја од програмиве по „академииве“, посебно што се изначитав голем број лоши искуства. Не сум очаен да сменам професија, намерата ми е да научам, па после здравје.
Од она што сум истражувал, најмногу ме интересира:
1. Web Development,
2. Мобилни апликации.
Барам совет/препорака за онлајн програма од која најмногу би можел да научам, дали овој курс е доволен за потечник?
Планот ми е следен:
1. HTML+CSS+Javascript со се што следува попратно,
2. Ruby on Rails
---->изготвување на веб апликацијата која ја имам замислено, сето тоа претпоставувам во период од година и пол/две

3. Мобилни апликации (IOS или Android или и двете, немам уште размислувано)

Се надевам дека некој ќе има време, прво да ме прочита, а потоа и да ми одговори. :)
The web development bootcamp od colt steele е супер курс, јас го имам поминато и основниот и следниот напредно ниво и може да го поминеш.
Е сега околу технологиите што се користат и ќе се користат е дискутабилно и може да слушнеш различни мислења.
Според мене ако сакаш најбрзо да најдеш работа во Македонија, оди со .NET технологија, најмногу се користи, комплетен јазик е и не верувам дека ќе изумре во брзо време, можеби ќе ти биде потешко за прв јазик, ама подобро побавна крива на учење отколку да учиш 100 работи. Еве ти курс од Македонец за оваа технологија, бесплатно на јутјуб, барем изгледај некое видео колку да добиеш слика

Другата опција ако сакаш исто да фатиш брза работа за веб ти е фронтенд делот (HTML, CSS, Javascript + REACT JS), првите две ќе ги поминеш за брзо и мораш, а откако ќе ги опипаш основите на Javascript терај со React (Angular е покомплициран од тоа што го имам чепкано и прават многу промени со секоја нова верзија, тежок е за следење).
За бекенд делот во иднина ќе можеш да си научиш Node JS и задолжително бази на податоци.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Исто така научи MVC патерн, мораш да ги разбереш работите како идат па да учиш некои технологии. али прво must хтмл, цсс и јаваскрипт и манипулација со DOM. После обрни на методите за објекти што се, односно учи објектно ориентирано програмирање за јаваскрипт OOP. Најубаво е да си изработуваш CRUD апликации, па ќе сфатиш кој фремворк кога датабаза кој мидлвер идат и како се поврзани,
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Од таму и ги симнувам, ама тешко се наоѓаат со апдејтирани :)
А и да го платиш не боли многу, по 10-20 евра се намалени исто како да си купил некоја книга.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Е баш за тие работи не им се дава пари. :D
Ќе даде 20 евра за небитни работи, а за книга, курс или заби да поправи тешко. Нешто што најмалку сакаат да го платат. :D
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Одлично ме прочита, секоја чест.
Ме интересираше само дали е квалитетен курсот ;)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337

Добри поенти доловува во видеово, човек многу е полесно да учи бекенд него овие досадни фрејмворци кај што нон стоп има нешто ново да учиш. Полесно научив Node.js и Mongo, и цел бекенд сфатив како функционира него овој реакт што го разбрав. Која е поентата кога ќе научиш една технологија да ја преучуваш по сто пати после. Целиот код порано што го пишувавме у класни компоненти сеа се форсира функционални. Катастрофа.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260

Секогаш ќе треба да се надоградуваш во ИТ сектор (тука конкретно за web dev), цело време имаш подобрувања и нови концепти не само во фрејмворци, туку и во цели јазици (Јаваскрипт на пример со ES6 и ES7, па и PHP е доста сменет мислам во последно време). Во врска со React конкретно, во Hooks имаш замена за lifecycle методите како componentDidMount, дури и сега е многу подобро структурирано и јасно се. Или за state и слично. Така што, не е нешто екстремно голема промената како што ја прават некои
Во врска со бекенд, кај нас не верувам дека фирмиве многу често ќе бараат Node со Mongo, освен за некои свои внатрешни проекти, четови, dev околини и слично. Едноставно за покомплексни проекти подобри решенија се други јазици или фрејмворци (Java, Go, Python, PHP, .NET нормално, на нашиов пазар доминира).
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.569
Поени од реакции
17.968

Па и не би рекол дека не бараат, се зависи каков е проектот, ако тоа што треба да го чуваш во база подразбира и захтева релациона база нормално дека нема монго да избереш, ќе избереш node со mysql, ако проектот опфаќа да речеме web scraping од страници кои конзумираат податоци од real-time data feeds и тие податоци ти требаат само како инпут кои понатака можеби ќе ги искористш за разни процесирања тогаш mongo и node ти се совршена комбинација.

Немам некое големо искуство со react али имам поприлично искуство со vue.js и nuxt и можам да кажам дека се доста слични со тоа што синтаксата во vue е по user-friendly, бар по мене, templates > jsx, плус во vue имаш two-way binding и inline директиви кои можеш да ги користиш во темплејтите, во компонентите можеш да регистрираш computed properties каде добиваш кешинг out of the box.

Инаку ако зброиме што е тренд моментално во ит секторот тогаш тоа дефинитивно e python со data-science. Само што луѓето кои се бават со data-science се доста ретки во Македонија барем.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Секогаш ќе треба да се надоградуваш во ИТ сектор (тука конкретно за web dev), цело време имаш подобрувања и нови концепти не само во фрејмворци, туку и во цели јазици (Јаваскрипт на пример со ES6 и ES7, па и PHP е доста сменет мислам во последно време). Во врска со React конкретно, во Hooks имаш замена за lifecycle методите како componentDidMount, дури и сега е многу подобро структурирано и јасно се. Или за state и слично. Така што, не е нешто екстремно голема промената како што ја прават некои
Во врска со бекенд, кај нас не верувам дека фирмиве многу често ќе бараат Node со Mongo, освен за некои свои внатрешни проекти, четови, dev околини и слично. Едноставно за покомплексни проекти подобри решенија се други јазици или фрејмворци (Java, Go, Python, PHP, .NET нормално, на нашиов пазар доминира).
Што знам можда не е барано толку Node но барем ми е интересено да го учам што ми е најбитно, плус и Node е со јаваскрипт синтакса па не мора нов јазик да учам.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.321
Поени од реакции
3.171

Добри поенти доловува во видеово, човек многу е полесно да учи бекенд него овие досадни фрејмворци кај што нон стоп има нешто ново да учиш. Полесно научив Node.js и Mongo, и цел бекенд сфатив како функционира него овој реакт што го разбрав. Која е поентата кога ќе научиш една технологија да ја преучуваш по сто пати после. Целиот код порано што го пишувавме у класни компоненти сеа се форсира функционални. Катастрофа.
Код:
User.save()
User.get()
:aplauz::aplauz::aplauz:
Sedi, petka.
Backend e gola voda vo sporedba so moderen front end.
Ama toa se gleda i vo platite/honorarite poslednive nekolku godini.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516

Добри поенти доловува во видеово, човек многу е полесно да учи бекенд него овие досадни фрејмворци кај што нон стоп има нешто ново да учиш. Полесно научив Node.js и Mongo, и цел бекенд сфатив како функционира него овој реакт што го разбрав. Која е поентата кога ќе научиш една технологија да ја преучуваш по сто пати после. Целиот код порано што го пишувавме у класни компоненти сеа се форсира функционални. Катастрофа.
Знам дека си на почеток, и дека на почеток треба да ја учиш синтаксата. Ама не се преокупирај со тоа. И да, цел живот ќе учиш нешто ново.

Фронт енд фрејмворзите и библиотеките не се досадни, туку се генерични парадигми, што заедницата ги нуди за решавање на проблеми со кои сите се соочувале. И Реакт, и Енгулар и Вју нудат веќе спакувано решение на проблемите со кои би се соочил доколку нешто правиш ванила. Па дури и апдејтите и воведувањето на нови работи не е just for the sake of it, туку е затоа што повторно решаваат некој проблем.

Така да, за да бидеш добар фронт енд девелопер прво што треба да научиш е ванила јаваскрипт. Ако го знаеш тоа, после секоја кастом опција на фрејмворкот не е работа што треба да ја учиш, туку треба да разбереш кој проблем го решава. Синтаксата се гугла.

На бек енд не е ништо поразлично. Тоа што сега го учиш, синтаксата, е само првиот чекор. Повторно, инженерскиот дел иде кога се соочуваш со генерални проблеми. Тогаш си многу среќен доколку решението го најдеш во синтакса. Ама најчесто е невозможно, па решенијата на големите проблеми се решаваат со архитектурни зафати.

Да скратам, имам впечаток дека премногу се преокупираш за тоа што треба да научиш, и дали си направил вистински избор. Џабе ти е маката. Било која фронт или бек енд алатка е добар почеток. Таман да собереш самодоверба и да почнеш да ги разбираш вистинските проблеми, кои се многу повеќе во делот како работи нешто, отколку дали работи.

И, за болдот. Тоа што го учиш не се технологии, туку алатки. И тие се менуваат. Како што добар мајстор е тој што знае да избере кога да користи багер, кога хилт, така добар девелопер е тој што знае да избере која алатка му е најкорисна за проблемот. Технологија не можеш комплетно да научиш никогаш. Не во ИТ.

Ama toa se gleda i vo platite/honorarite poslednive nekolku godini.
Горе доле исти се платите, и за фронт, и за бек, и за фул стек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom