Јас не би одел, од ова што гледам во моментов на пазарот како прво ти треба да почнеш некаде за да собираш искуство оти без искуство не те ни бараат на интервју поголемиот дел, или втора опција да седнеш самиот и да изработиш во одредена технологија некој посериозен проект, закачи го на гитхаб или направи некоја страна ако си со веб, дигни ја, стави линк во CV и ти гарантирам повеќе ќе привлечиш внимание со тоа отколку со тоа пусулчето од академиите, како и да е и во двата случаеви мораш основите да ги научиш самиот дома.
За програмирање ти треба време и посветеност, имаш милиони курсеви на интернет, почни си со SQL ќе ти треба секако и добар е за почеток за логика, па продолжи со некој курс за основи на алгоритми и архитектура, па основи на објектно ориентирано програмирање, а потоа некој од јазиците кои се најкористени и најбарани: C#, javascript, php,python, java, html, css ако работиш со веб не ти ги ни спомнувам, тие мора да ги научиш, а кој фрејмворк ќе го одбереш тоа е отом потом, прво научи ги основите после лесно се учи фрејмворк и мислам дека во зависност од барањето на проектот ќе се свичнеш од еден на друг и така ги има еден куп.