Уштипци

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
На овој вид прженици ретко кој останува рамнодушен. Дали е блага или солена варијанта на уштипци, секако е вкусна. Што е најважно и брзо се приготвуваат. Рецепти има многу, па затоа еве некои од нив :)

Солени уштипци со сирење

Потребни состојки:
- 230 гр. брашно
- прашок за пециво
- 150 гр. издробено сирење
- 500 мл. јогурт
- 2 јајца
- зејтин за пржење

Подготовка:
Во длабок сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте со помош на лажица за да добиете хомогена смеса. Загрејте го зејтинот за пржење и со помош на две мали лажички кои претходно сте ги потопиле во врел зејтин, вадете од тестото и пржете ги од сите страни додека не добиете златна боја. Вадете ги во сад обложен со кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло.
Уштипци од тиквици

Потребни состојки:
- 3 тиквици
- 4 јајца
- малку сол
- 1 кесичка пециво
- 10 лажици брашно
- 300 гр сирење

Подготовка:
Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Оставете ги малку да отстојат за да ја испуштат водата од нив. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги пецивото, брашното, па додадете ги изренданите исцедени тиквици. На крајот додадете го ситно иситнетото сирење и убаво измешајте. Со помош на лажица ставајте од смесата да се пржи на загреано масло.
Уштипци од мелено месо

Потребни состојки:

- 600 гр. мешано мелено месо
- 4 јајца
- 100 мл. кисела вода
- 4 лажици брашно
- 2 лажици зејтин
- 1/2 пециво
- 1/4 главица кромид
- 2 чешниња лук
- сол,бибер,вегета по вкус
- зејтин за пржење

Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во длабок сад и оставете ја смесата 30 минути во фрижидер. Загрејте го зејтинот за пржење и со помош на две мали лажички кои претходно сте ги потопиле во ладен зејтин вадете од смесата и пржете ги од сите страни уштипците од мелено месо.
Уштипци со мелено месо, шунка и кашкавал

Потребни состојки:
- 800 гр мелено месо
- 200 гр. шунка
- 200 гр кашкавал
- 1 главица кромид
- млад лук
- масло за јадење
- сол, вегета, црн пипер

Подготовка:
Во подлабок сад ставете го меленото месо. Ситно исецкајте ги кромидот и младото лукче и ставете ги во длабокиот сад. Потоа на ситни коцки исецкајте ја шунката и кашкавалот па и нив додајте ги кон смесата во садот. Ставете сол,бибер и вегета и замесете убава смеса од сите состојки. Оставете во фрижидер 2 часа и потоа со рацете формирајте ги уштипците. Скарата убаво намрсете ја и печете ги подготвените уштипци. Доколку немате скара, може и во тава со загреан зејтин да ги пржите на тивок оган.


Брзи уштипци со чоколаден прелив

Потребни состојки:
- 4јајца
- 1 чаша јогурт
- 1 прашак за пециво
- 20 лаж. брашно
- малку сол
- масло за пржење
- шеќер во прав
- чоколаден прелив

Подготовка:
Изматете ги јајцата со миксер и додадете јогурт, а потоа полека ставете брашно помешано со прашак за пециво и малку сол. Кога ќе се изедначи смесата со лажица ги вадите уштипците и пржете ги на загреан зејтин.Готовите уштипци посипете ги со шеќер во прав и чоколаден прелив
8164-brzi-ustipci_zoom.jpg

Дали сте љубители на уштипци и какви? Ги приготвувате често или не? Некој рецепт?
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Исто е ова со тиганици ?
Оваа последната на крофни ми личи..
Како и да е, обожавам вакви ствари ! :love:
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Варијации на тема
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
хмммм некако сум збунет...уштипци не беа некоја верзија на мини увијачи??
Не
Уштипци од мелено се нешто како мини варијанта на шарска :) Ама вкусот е различен
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Ја оставам отворена овде страницава - ја викам жената - и ако утре нема
од ова нешто на масата, тешко неа, море право на железничка во еден правец.
МММММММММММММММММ...................браво,
како е и таа мераклика на МЕСЕЊЕ И ГОТВЕЊЕ, сигурно нема потреба од караници.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Дечки...можеби има 1 милион различни верзии на уштипци..
Ама едно е јасно ко ден...
Уштипец е во суштина кебап обвиен во лист сланина... Да сме начисто ;)

 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
From where I come from ова кулинарско ‘‘чудо‘‘ се вика ‘‘солени или благи прженици‘‘,(во зависност од тоа дали се благи или солени), затоа што смесата се пржи во загреано масло.
Мојот рецепт за универзални прженици е следен:
Потребни состојки
- 1 чаша јогурт
- 3 јајца
- 2 чаши брашно (се мери со истата чаша, од големите за млеко околу 200-250гр)
- 1 пециво
- малку шеќер, малку сол
Подготовка
Со миксер се матат јајцата и јогуртот, потоа се додаваат брашното, пецивото, солта и шеќерот. Се матат додека да се добие хомогена смеса. Веднаш се пржат (не се остава смесата да кисне) во врело загреано масло. Со мала кафена лажичка се зема од смесата и се спушта во врелото масло.
Во блага варијанта може да се сервираат со еурокрем, мармалад, џем, чоколаден прелив, во солена верзија може да се сервираат со шунка, кашкавал, маслинки.
Ќе ве почестам некоја фотка деновиве :icon_mrgr:
 
Член од
10 јануари 2019
Мислења
99
Поени од реакции
7
На овој вид прженици ретко кој останува рамнодушен. Дали е блага или солена варијанта на уштипци, секако е вкусна. Што е најважно и брзо се приготвуваат. Рецепти има многу, па затоа еве некои од нив :)

Солени уштипци со сирење

Потребни состојки:
- 230 гр. брашно
- прашок за пециво
- 150 гр. издробено сирење
- 500 мл. јогурт
- 2 јајца
- зејтин за пржење

Подготовка:
Во длабок сад ставете ги сите состојки и убаво измешајте со помош на лажица за да добиете хомогена смеса. Загрејте го зејтинот за пржење и со помош на две мали лажички кои претходно сте ги потопиле во врел зејтин, вадете од тестото и пржете ги од сите страни додека не добиете златна боја. Вадете ги во сад обложен со кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло.
Уштипци од тиквици

Потребни состојки:
- 3 тиквици
- 4 јајца
- малку сол
- 1 кесичка пециво
- 10 лажици брашно
- 300 гр сирење

Подготовка:
Изрендајте ги тиквиците и посолете ги. Оставете ги малку да отстојат за да ја испуштат водата од нив. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги пецивото, брашното, па додадете ги изренданите исцедени тиквици. На крајот додадете го ситно иситнетото сирење и убаво измешајте. Со помош на лажица ставајте од смесата да се пржи на загреано масло.
Уштипци од мелено месо

Потребни состојки:

- 600 гр. мешано мелено месо
- 4 јајца
- 100 мл. кисела вода
- 4 лажици брашно
- 2 лажици зејтин
- 1/2 пециво
- 1/4 главица кромид
- 2 чешниња лук
- сол,бибер,вегета по вкус
- зејтин за пржење

Подготовка:
Сите состојки измешајте ги во длабок сад и оставете ја смесата 30 минути во фрижидер. Загрејте го зејтинот за пржење и со помош на две мали лажички кои претходно сте ги потопиле во ладен зејтин вадете од смесата и пржете ги од сите страни уштипците од мелено месо.
Уштипци со мелено месо, шунка и кашкавал

Потребни состојки:
- 800 гр мелено месо
- 200 гр. шунка
- 200 гр кашкавал
- 1 главица кромид
- млад лук
- масло за јадење
- сол, вегета, црн пипер

Подготовка:
Во подлабок сад ставете го меленото месо. Ситно исецкајте ги кромидот и младото лукче и ставете ги во длабокиот сад. Потоа на ситни коцки исецкајте ја шунката и кашкавалот па и нив додајте ги кон смесата во садот. Ставете сол,бибер и вегета и замесете убава смеса од сите состојки. Оставете во фрижидер 2 часа и потоа со рацете формирајте ги уштипците. Скарата убаво намрсете ја и печете ги подготвените уштипци. Доколку немате скара, може и во тава со загреан зејтин да ги пржите на тивок оган.


Брзи уштипци со чоколаден прелив

Потребни состојки:
- 4јајца
- 1 чаша јогурт
- 1 прашак за пециво
- 20 лаж. брашно
- малку сол
- масло за пржење
- шеќер во прав
- чоколаден прелив

Подготовка:
Изматете ги јајцата со миксер и додадете јогурт, а потоа полека ставете брашно помешано со прашак за пециво и малку сол. Кога ќе се изедначи смесата со лажица ги вадите уштипците и пржете ги на загреан зејтин.Готовите уштипци посипете ги со шеќер во прав и чоколаден прелив
Прегледај го приврзокот 63499

Дали сте љубители на уштипци и какви? Ги приготвувате често или не? Некој рецепт?

jas najmnogu gi sakam onie shto se polni so meso fntazija.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom