Децата жртви на политиката
Веќе неколку дена трае протестот на родителите албанци во Аеродром , кои бараат од градоначалникот да ја повлече одлуката со која учениците албанци од различни возрасти учат во заеднички паралелки.
Иако на пример во четврто оделение учат 17 ученици албанци , тие се принудени да учат во еден клас со тие од трето или пето оделение.
Од друга страна , според родителите , македонските паралелки бројат и по 16 ученици , но тие не се мешани , туку сите учат одвоено.
Откако од општина Аеродром не сакаат да слушнат за барањата на родителите албанци , денеска градоначалникот на Чаир им даде наредба на директорите во својата општина да ги измешат паралелките каде учат македонци , првиот чекор ќе биде превземен во училиштето Имри Елези , каде учениците од прво оделение и тие од трето ќе учат во еден клас. Затоа што според Меџити , тие бројат само 6 ученици , а досега учеа во посебни класа.
Меџити вели дека досега имале добра волја и дозволиле да опстојуваат македонските паралелки иако немало доволен број ученици , на штета на општина Чаир.
И сега оваа забрана не е по наша волја , но немаме друг меканизам како да ги одбраниме учениците албанци во општина Аеродром и Карпош , каде што се укинија албанските паралелки.
И во Општина Тетово , на македонците им е дозволено да учат во паралелки со по 3 , а верувале или не и со по 1 ученик.
На штета на учениците албанци , кои заради немање на простор учат во смени и во полни училници.
Но затоа оптина Аеродром не ги дозволува паралелките на албанците со по 17 ученици.