Учење на инфузија

  • Креатор на темата Bibo
  • Време на започнување

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
Со цел да имаат „повеќе енергија“ за учењето додека се подготвуваат за упис на факултет, матурантите од едно кинеско средно училиште учеа приклучени на инфузија.


„Течноста во инфузиите содржи аминокиселини кои служат да им дадат повеќе енергија на нашите ученици. Самите ги бараа“, изјавија неименувани претставници на училиштето, кои додаваат дека за време на подготвителните часови било премногу топло, па учениците сакале инфузија и поради оваа причина.

Училишната амбуланта немала доволно место, па ги примиле инфузиите во училниците.
Сепак, докторите предупредуваат на негативните ефекти:

„Инфузијата со аминокиселини воопшто не им е потребна на здравите луѓе, а претераниот внес може да ги оптерети бубрезите и да доведе до губење на калциумот. Доколку сакаат повеќе енергија, би требало да имаат подобра исхрана“, вели Гао Хуиџинг, доктор од кинеското здружение за исхрана.

Многу кинески ученици преку интернет порачаа дека целосно ги разбираат своите колеги од провинцијата Хубеи, бидејќи приемниот испит може да одлучи како ќе изгледа нивниот живот во иднина.

Професорите кои ги поддржале учениците одбиле да зборуваат за China Daily.

http://kajgana.com/uchenje-na-infuzija
 

BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.205
Поени од реакции
1.238
Учење на гинекологија.

ауу ќе учам ите како
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
Што се чудите, кај нас е скоро исто по студентскиве. Спијат по болнички кревети, да имаш греалица у соба е многу редок луксуз.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Ова не е ништо бе. Кај нас не ни одат на факултет. Од средно право на хирушко... Касапат само таму :facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom