Учесници во сообраќај или камикази

Член од
1 февруари 2006
Мислења
380
Поени од реакции
17
Нема да поверувате ама три дена по ред на истово место ја гледам оваа слика.Денес решив да сликам и да споделам со вас.Не викам дека сите возачи на автомобили се со путер на глава ама ова децава стварно претеруваат.....шетаат од лента во лента,влагаат во маказици мегу возила и можеби најлошото ...... возат во спротивна лента секогаш кога има колона на семафор.Од таква ситуација се денешните слики........
 

Attachments

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Децата претеруваат, ама и од мое искуство како учесник во сообраќај со мотор, слободно можам да кажам дека има многу гомна од возачи кои ги загрозуваат моторциклистите, многумина од нив и намерно ("кој те ебе бе, ќе ми се правиш фраер на мотор" психологија). Абе какви ситуации има, Господ да те чува само.

Сепак, кој не внимава и глуми лудило има поголеми шанси да наебе, иако некогаш не зависи од тебе, твојата сообраќајна култура и вниманието, туку на друга будала.
 
Член од
1 февруари 2006
Мислења
380
Поени од реакции
17
Мислам дека проблемот кај тие возачи е дека не ги гледаат моторциклистите како рамноправни учесници во сообраќајот.......има побајаги такви
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
("кој те ебе бе, ќе ми се правиш фраер на мотор" психологија)
Кога некој стварно се „прави фраер“, завршува како оној погоре на сликата, а кога некој вози мотор според прописи културно како што впрочем и треба, нема што некој да му вика дека се прави фраер...

Јас пред месец дена каков шамар му залепив на еден копиљ кај мене, излета од споредна улица без да гледа ни лево ни десно и да не го избегнев, ќе ми го оставеше мозокот на хауба....ама сигурен сум дека ќе го памти шамарот и нема да му текне уште еднаш да тргне а да не се сврти околу себе...
 
Член од
1 февруари 2006
Мислења
380
Поени од реакции
17
e pa druze.....
izgleda deka toa e edinstveniot nacin
da pazime namesto niv i da delime vospitni samari posle toa
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Кога некој стварно се „прави фраер“, завршува како оној погоре на сликата, а кога некој вози мотор според прописи културно како што впрочем и треба, нема што некој да му вика дека се прави фраер...
Aj бе не заебавај, не си возел да видиш какви сероњи има. Еден ненормален ме има намерно притискано до ивица од тротоар у вожња, буквално ко на филм. Се врти десно, гледа у мене и демек сеа ќе те газам. Психо. Застанав, продужи, стигање на семафор, се излажа прозор да отвори и ги виде ѕвездите.


Пред некој ден баш, еден во кола збори на мобилен свртен на другата страна со главата, искача од тротоар, ми сече улица попреку и се префрла на другиот тротоар. Ќе му влезев низ врата, среќа 40 возев. Застанав, и уште збори на мобилен и "дечко извини, извини"...шо извини ебате копукот. И да му ја пукнеш една по нос џабе.
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Мене ми е многу глупаво ова со моторчињава што се пикаат меѓу коли (демек мало е ќе се мотнам). Можеби немаш ретровизор на десната страна...(ако се работи за постаро возило) нема да го видиш ќе свртиш десно (пример да се паркираш) и ќе нае**те двата.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Aj бе не заебавај, не си возел да видиш какви сероњи има. Еден ненормален ме има намерно притискано до ивица од тротоар у вожња, буквално ко на филм. Се врти десно, гледа у мене и демек сеа ќе те газам. Психо. Застанав, продужи, стигање на семафор, се излажа прозор да отвори и ги виде ѕвездите.


Пред некој ден баш, еден во кола збори на мобилен свртен на другата страна со главата, искача од тротоар, ми сече улица попреку и се префрла на другиот тротоар. Ќе му влезев низ врата, среќа 40 возев. Застанав, и уште збори на мобилен и "дечко извини, извини"...шо извини ебате копукот. И да му ја пукнеш една по нос џабе.
Не викам дека ги нема и такви, од таквите страдаат не само моторџиите, туку и автомобилите. Ама што да се прави кога дозволи се даваат на секого....мора да се воведе психо тест за полагање возачки од сите категории, ама некој апла тежок.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ај возачи веспаџии да ве прашам како е правилно да се вози мотор ...каде на улицата ?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Сета дечурлана во Струмица 13+ години изнакупуваа скутери и најчеста пиздарија која ја праат е поминување на црвено на семафор, слалом меѓу возила и општо непочитување на правила.
Пред некој ден оставав мишелинки на асфалтот на раскрсница со семафор за да не носам на совест едно недоделкано...
Инаку, ги почитувам моторџиите во сообраќајот, велосипедистите, пешаците... Има културни моторџии, обично оние кои возат огромнио машини, постари, поискусни, кои сосема културно се однесуваат во сообраќајот.
Напротив, има некои вжештени глави, кои се однесуваат самоубиствено, а во комбинација со некоја силна машина е еднакво на возење во смрт.
И за нас, воачите на автомобили важи истото. Нокои возат културно, почитуваат моторџии и др. учесници во сообраќајот, а има и други кои не ги сметаат таквите за луѓе, и како што погоре имаше примери, им загрозуваат и животот дури.
Па, мамата...не ми паднала круната од глава кога на потегот Демир Капија - Удово културно намалив на 70-80, вклучив десен трепкач, отидов подесно, и пропуштив колона мотори, со најразлични регистарски табли, наместо да им се курчам.
Дури ми маваа луѓето раце и отпоздравуваа. :)
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ако си возите на средина од улицата ке немате гајле ...нека свират они тоа е правилно возење
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ај возачи веспаџии да ве прашам како е правилно да се вози мотор ...каде на улицата ?
На средина се вози, нормално. Ако возиш од страна на коловозот може да наебеш, да те поткачи некој од невнимание. Башка, незгодно е да возиш додека ти профучуваат коли од страна... Ако си пред нив, ќе мора да те поминат прописно - по другата лента од левата страна.

А дека има идиоти возачи - има. И моторџии, и возачи на автомобили. Никогаш не сум возел слалом меѓу коли, ниту поминал на црвено. А гледам еден куп други моторџии како го прават тоа.

Највеќе ме нервираат идиотите што ти свират и ти се лепат од позади, наместо да те поминат од другата лента (иако постои). Конкретно, на Партизанска повеќе пати ми се случило некој да ми свири од позади, а левата лента да му е празна...
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Проблемот со моторџивчињата :) (возачите на скутери) во СК е тоа што во СК брзината е поголема (дозволената) од максималната брзина што можат 50цц моторчиња да достигнат (45км/ч), па оттаму и нервозата, како и лошата репутација на „несмасни“ возачи кои се уклучуваат каде сакаат, кога сакаат, како сакаат...

Искрено многу по релаксиран сум кога ќе видам пред мене некој моторџија со поголема машина бидејки знам знае како да вози, (се разбира има исклучоци ама тие никогаш нема да возат пред тебе со 40-50км/ч туку ќе јурат 100+км/ч).
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па би рекол додека возеш мотор треба да ти се отворени двете четири. Сака внимавање и пазење многу, носење кацига и не да се праиш курназ. Најмногу од се треба моторот да биде технички исправен т.е. кочниците да кочат. Сум се нашол во 5-6 ситуации каде што ако малку ми потфрлеле кочниците... а тоа не по моја вина, туку по вина на почетници кои прво излегуваат па потоа гледаат дали има кола или мотор што врви по главната улица.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Возачи има будали ама ко скутерџии будали копиљаци па ја да видам некој така да ми вози да ми се бута со тоа веспичето има да го збумбарам од кутек ...море полиција да ги тепа до посерување да се изгласа закон за такви

У Шпанија најмногу гинат такви баш дечурлана и кај нас така ке биде...море удри мавај тоа и родителите кои им дале веспи ако ги фатат неправилно да возат

Кај на 2 тркала уште се курчат... ем е непрегледно ем ке го лежам будала копиљ некој

А за возачи кои не почитуваат правила се знае 200 евра казна на лице место или одземи му возило па да видиш дисциплина после
 

Kajgana Shop

На врв Bottom