Од минатиот конкурс, 40% од влезените се упатени кон ЕБР, а 20% кон ЕСЗ. Има нешто и во АЛФА, останатите по станици. Во единиците ќе бидат подложени на дополнителни тестирања, кои ако ги поминат ќе останат во единиците. Ако не, ќе ги распоредат по станиците.
Потребни се физичките тестови, за подоцна во единицата да не се губи време на банални работи како општа физичка подготвеност. Некој ако е дебил и легач, и не може да направи ни 20 склекови или да претрча 500 метра, инструкторите во специјална ќе треба да го спремаат со месеци-години, и да се фокусираат на тоа, оставајќи ги другите многу побитни работи во позадина. Тоа е губење време. Вака битно е дечките да имаат добра физичка подогтвеност, за да одговорат на тестовите го специјална, а и полесно да ги надградат своите способности. За џандар што ќе патролира може да биде секој, ама за во единициве треба да си спремен, го знаеш и ти тоа.
Среќно штом си пријавен. Јас ја пропуштив мојата шанса ради немарност и неинформираност (ги спремив документите, и пред искачање во 21.30 отидов во станица карпош да поднесам, на последниот ден
мислев дека станицата работи 24/7, исто и конкурсот.. идиот), иначе ме чекаше место во ЕСЗ