Уставниот суд плачи за промена

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Додека уставните судии, избрани на оваа функција од „државните органи и институции“, по одржаната подготвителна седница на Уставниот суд, размислуваат дали да го поништат (целосни или делумно) Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција (во јавноста познат како Закон за лустрација), решив да се огласам со оваа колумна од повеќе причини: Прво, и пред и по одржувањето на јавната подготвителна седница многумина мои блиски колеги, пријатели и роднини ми го поставуваа прашањето: Зошто ги браниш кодошите, зар заборави дека заслуженото место во правосудните органи го добиваа твоите (не)лустрирани противкандидати! Зар сакаш и на други да им се случува тоа што ти го правеа на тебе! Да бидам искрен, истиот проблем ги имам и со мојата сопруга дипломиран економист, мојата ќерка штотуку дипломиран лекар и мојот син иден адвокат. Парадоксот да биде уште поголем, еден ден пред подготвителната седница, бев гост на програмата на Радио Штип, и кога ете ти го мојот пријател, доајенот на штипското и македонското новинарство Кирил Манев со директно прашање: Зашто ги штитиш кодошите, да не си ја ишкаш мувата од капата? Има ли кодоши меѓу иницијаторите? Мојот одговор беше јасен и недвосмислен, истото го повторив и на седница на Уставниот суд: И јас и Стамен Филипов, како нејекспонирани членови на штипската секција за уставно право, со поднесените иницијативи го браниме Уставот, како највисок правен акт, а не ги браниме кодошите - тие безлични удбашки фарисеи, кои не ги цени, како што би рекол Цезар, ниту непријателот за кого шпионираат. Низ етерот на Радио Штип јавно изјавив дека и јас сакам да се обелоденат имињата на тие мои колеги, кои по „некоја случајност“ добиваат кривични предмети додека нивните богати клиенти се обработуваат во полицијата, имињата на тие судии и обвинители што не го слушаат пледоајето на бранителот, ама затоа, пак, имаат мошне развиен слух кога на мобилката ќе и се јави персоната „икс“, „ипсилон“ и ќе им шепне каква пресуда да донесат. А, за тоа, дали некој од иницијаторите е кодош и дали некој не се крие зад името „Отворено општество“, финансирано од Сорос, реков дека тоа веќе не е тајна со оглед на пишувањето во печатените медиуми. Имено, во 1997 година посетував курс по англиски јазик, кога излезе конкурс за директор на Институтот „Отворено општество“, со барање кандидатите да имаат завршено високо образование, да се политички изградени, филантропи. Еден од курсистите повеќе на мајтап, отколку сериозно, хорски поддржан од другите, рече: Панче ова е само за тебе, еве денес ќе добиеш уверение за англиски јазик и треба да конкурираш. Речено - сторено. На самиот час ја направив молбата и мојата биографија и ја доставив до институцијата на Сорос. Не помина долго време, кога гледам коментар со дискриминаторска содржина во тогашна „ Нова Македонија“ уредувана од Ерол Ризаов. Колку што се сеќавам, во весникот беа извадени реченици од контекст на мојата биографија и на биографијата на другиот противкандидат Слободан Чашуле, со кои бевме срамнети до земја, човек да не помисли друг пат да конкурира. Иритиран веднаш отидов во Сорос, тогаш беше на Партизанска, и го прашав тогашниот и сегашниот директор: Кој ги даде биографиите на весникот „Нова Македонија“ од мене и од Слободан Чашуле?! Зошто сме оцрнети во весникот? Каде конкурирав, во Сорос или во весникот „Нова Македонија“?! „Вечниот“ директор на Сорос поцрвени, ги крена рамената, ми се извини, и во дипломатски стил ми одговори дека ќе ја испита работата, најверојатно некој зад грб му работел на наша дискриминација. Тогаш, како што ме создал Господ, му реков: „Брат, оваа држава не ја бива од кодоши! Нека ти е со среќа изборот!“ „Ти ќе бидеш вечен директор на оваа институција!“ Оттогаш поминаа повеќе од 12 години, а „незаменливиот“ се уште е директор на Сорос. Го гледам нонстоп на ТВ-екранот, како со неговата екипа крстари по нашите градовите и држи предавање за заштита на човековите слободи и права, за развој на демократијата во нашата држава... Сакам да кажам дека ми е мошне непријатно што сум во друштво со кодош што за да опстане на директорско место не избираше средства и методи да ме избламира во јавноста, но, од друга страна, нема причини да го оспорувам демократското право секое лице и институција да има право да поднесува иницијатива за оспорување на уставноста на закони и прописи, кое нешто го овозможува либералниот Деловник на Уставниот суд. Со ова педигре, сакам на пошироката јавност, преку својот личен пример, како што кажаа на подготвителната седница, ценетите професори Ферид Мухиќ и Љубомир Цуцулевски, да и дадам до знаење на пошироката македонска јавност дека немам ама баш никаква намера да ги бранам кодошите, туку со поднесената иницијатива единствена цел ми беше да го бранам владеењето на правото, уставноста и законитоста во нашата држава. Второ, гледано од правен аспект, Законот за лустрација е најлошиот закон изгласан во историјата на македонското собрание: противуставен, конфузен, исполитизаран, со широк опфат на лустрација. Јас се уште сум во дилема дали државата навистина сака лустрација?! Ако овој закон, навистина, бил во агендата за исполнување на условот за прием на РМ во ЕУ, законот требаше да го направи и предложи Владата на РМ, на чијшто платен список се наоѓаат стотици правници со регистарски и докторски титули, а не да се исчекува да го прави пензиониран политичар кој згора на тоа не е правник, туку економист. Дури и го сожалував човекот во години г. Стојан Андов, како сам непоткрепен од никого, се обидуваше пред уставните судии да ја оправда потребата од опстојување на законот. Не слушнав изјава од ниту еден политичар, поранешен или актуелен, да ја поддржува лустрацијата, освен некои медиуми што континуирано се залагаат имињата на кодошите, па макар и селектирани, да излезат во јавноста. Но, што е, тука е. Факт е дека сите четворица иницијатори се повикуваме на забраната на повратното-ретроактивното дејство на Законот за лустрација. Не еднаш кажав дека закон со повратно дејство е зло за државата, дека закон со ретроактивно дејство не е закон, бидејќи ја уништува идејата за правичност и врши насилство врз индивидуата. Впрочем, повратното дејство на оспорениот закон е главната дилема на Уставниот суд. Ако Уставниот суд констатира дека законот може да има повратно дејство, бидејќи е поповолен за граѓаните, тој ќе остане во правна сила, и обратно. Другите дилеми посочени во рефератот на Уставниот суд се од акцесорна природа. Причина за дилемата не е во нашите иницијативи, туку во можноста Уставниот суд слободно да ја толкува уставната одредба од член 52. став 4 од Уставот, која гласи: „ Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните“. А, тоа е фактичко прашање кое судиите слободно ќе го оценуваат, бидејќи таква можност им даваат уставните норми. Проблемот доаѓа оттаму што нашиот Устав е единствен во светот кој предвидува повратно дејство на сите закони ако е тоа поповолно за граѓаните. Овој голем дефект и на така руинираниот највисок правен акт, кој дава можност „ исклучокот“ да биде „ правило“ е единствениот вентил врз основа на кој Уставниот суд може да ги одбие нашите иницијативи, друга можност не гледам. Во ингеренциите на слободното судско решавање, сепак, никој нема право да се меша, а одлуките на оваа институција по правило и не се коментираат. Друго е прашањето што ваквото уставно решение отстапува од меѓународните стандарди за човекови права и од уставот на сите земји во светот, затоа што ваквиот начин на нормирање предизвикува последици врз принципот на правната сигурност. Меѓународните стандарди за дозволеноста на повратното дејство се ограничени само на кривичната сфера, во која институтот „ поблага казна“ како содржина на законот што бил донесен по извршување на казнивото дело. Што би рекол народот - повратното дејство на законите важи само за криминалците, ама кај нас важи за се и сешто, па и за лустрацијата. За разлика од меѓународните стандарди кај нас дозволеност на повратно дејство на законите имаат не само законите со кои се утврдуваат кривичните дела и казните за нив, туку апсолутно секој закон и секој друг пропис. Исто така, како што нагласив и на седницата во Уставниот суд, оваа уставна одредба воопшто не го дефинира поимот „поволност за граѓаните“, иако може да се насети дека зад таквата идеја се уредуваат односи меѓу граѓаните и јавната власт, повратното дејство да биде инструмент во обезбедувањето на привилегии за граѓаните во однос на државата. Во конкретниот случај дилемата е поголема кога имаме граѓани што биле соработници и информатори на службата за државна безбедност и кои од 1944 година, па се до денес работеле врз основа на закон и во рамките на законот, а не како слободни стрелци и самоиницијативно. Не помал правен проблем предизвика поимот „ граѓани“ како носители на поволноста кој не еднозначен, па тоа што е поволно за една категорија граѓани е неповолно за друга категорија граѓани. Уставниот суд ќе се исправи и пред дилемата: Дали интересот на државата, опредметен преку консензусот на сите политички партии за донесување на Законот за лустрација, е израз на општиот интерес од кој една категорија граѓани ќе имаат штета како поединци, но истовремено може да има поволности за сите граѓани на нашата државата? Со еден збор, критериумот „поволност за граѓаните“ е мошне опасен поради неговата неопределеност, која може да биде основа за безброј толкувања, па и злоупотреби, особено од тие субјекти што ги донесуваат и толкуваат законите, што е голем удар за принципот на правната сигурност, што во крајна линија е предмет на заштита со гарантирање на принципот на забрана на повратното дејство. Оттука, Уставниот суд, кој секаде во светот претставува света институција - олицетворение на моралниот лик на државата, треба мошне внимателно и без оние импутирани дистинкции промовирани од „уставотворецот“ на подготвителната седница (да се лустрира комунизмот, а не и капитализмот, не знам што би рекле борците за нивниот претседателски кандидат), за жал, прифатени и од уставните судии како дилема, да ја донесат вистинската одлука што со нетрпение се очекува во јавноста. Најголема грешка Уставниот суд ќе направи ако лустрацијата не го опфати и периодот по 1991 година затоа што божем немало уставно оправданост. Таквата одлука ќе биде полевање масло на оган, затоа што народот се уште со носталгија зборува за социјализмот како најдобро општество за живеење, па дури и сега да се распише референдум со прашање дали сакате социјализам или капитализам, резултатот ќе биде како оној на референдумот за независност. Трето, и оваа иницијатива ги откри сите аномалии на нашиот Устав. Ја иницира потребата од донесување нов Устав, Устав за 21 век, кој ќе ги штити човековите слободи и права и кој нема да има недоречени и двосмислени норми како онаа која овозможува „исклучокот“ за повратно дејство на законите да може да стане „правило“. Устав со кој ќе се изврши интернационализација на нашето законодавство и кој ќе му даде можност на Уставниот суд да ги толкува уставните одредби, а на граѓаните ќе им овозможува со уставни тужби да ги остваруваат своите права. И за крај, место пост скриптум, му забележувам на Уставниот суд што на подготвителната јавна седница ги покани „уставотворците“ проф. д-р Љубомир Фрчкоски и проф. Владо Поповски, на кои штипската секција за уставно прави во изминатите години на транзиција им укина најмногу закони пред Уставниот суд, поради непознавање на уставните начела и норми што самите ги пишувале или препишувале, а не најде дека е потребно да покани ниту еден професор по уставно право од државните и од приватните факултети во Скопје и во внатрешноста. Од „лажни правни величини“ и самонаречени „експерти по уставно право“ имаме Устав што ни донесе војна во 2001 година, економска, политичка и духовна криза. Устав што не дефинира што е јавна функција, што е јавна давачка, што значи темелната определба дека во Македонија е слободно се што со Устав и со закон не е забрането итн. Ако Стамен Филипов е светски шампион по бројот на соборени закони пред уставниот суд, тоа значи дека и Македонија е светски шампион по непочитување на сопствениот Устав, а никој не размислува дека, можеби, недореченоста на законот над законите е причина за анархичната состојба во законодавството.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Сепак, каков таков, законот за лустрација е донесен, државата го исполни барањето на Брисел, а тоа што се поднесени иницијативи за негово поништување е одраз на високиот степен на демократичност во нашата држава. Да не заборавиме дека Македонија не беше реалсоцијалистичка- сталинистичка држава и дека лустрацијата никаде доследно не се спроведе на бившите југословенски простори, а со неа не можат да се пофалат ниту земјите на Варшавскиот пакт, ако некој не верува има интернет, па нека се увери. Ја завршувам колумната гледајќи ТВ-дневник кога анимираниот Стојан Андов даде изјава која толку многу ме насмеа што ќе морам ретроактивно да се смеам секогаш кога на неа ќе се потсетам, цитирам: „Ако законите не можат да имаат ретроактивно дејство, како што мислат иницијаторите, тогаш немаше да има судење и на нацистите во Нирнберг !“ Е, правна државо, што дочека, Андов да ни држи лекции по уставно и кривично право?! Коментарот го оставам на бруцошите на правни науки.

Панче Докузов ,авторот е претседател на штипска секција за уставно право
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Комплет смена на цел судски систем да се оштрафи се, си донесоа закони да се судии и обвинители доживотно, непотизам невиден татко судија син јавен обвинител кај го има тоа?

Друго прочитав некаде истражување дека 85 проценти од граѓаните на Р.М. немаат доверба во судството. Поразителна бројка и никој не е засегнат од тоа ниту министер за правда ниту претседател на судски совет мува не ги лази.
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
22
Поени од реакции
3
Јас не знам дали законот за лустрација е добар или не , но едно знам дека оној кој е шпиун цел живот ке биде, и не земајки ја мојата политичка определба и политички набој во постовите како погоре напишаните , јас би рекла дека кој бил шпион не треба да ни ја води државата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
дилемата е поголема кога имаме граѓани што биле соработници и информатори на службата за државна безбедност и кои од 1944 година, па се до денес работеле врз основа на закон и во рамките на законот, а не како слободни стрелци и самоиницијативно. Не помал правен проблем предизвика поимот „ граѓани“ како носители на поволноста...
Навистина непотребен закон, што ќе се добие со негова примена на пример? Лошо за безбедноста на државата која (како и сите држави) во спречување на криминал и дејства против државниот поредок, во голема мера се ослонува на вакви лица. Непотребна работа освен можеби периодот на разидување со сталинизмот, национализацијата и колективизацијата (евентуално од ракав-до 60-та година) кога, покрај добар број оправдани, лежеле уште поголем број неоправдани случаи и невини лица.
Дување во празно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom