- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.531
- Поени од реакции
- 34.685
...штом на ингвар му отвориле тема само од еден кометар со видео линк, а мојата тема со иста тематика тотално е избришана, а „не ја затвориле“ без никаков пардон за мојот труд, ќе се префрлам со тема на друга проблематика во врска со претпоставките за катастрофалните земјотреси што самите сеизмолози укажуваат дека се необични и несвојствени, а тоа сето можеби поврзано како причина со успорување (застанување) на јадрото во центарот на нашата планета Земја.
...постои корелацијата помеѓу движењето на тектониката на плочите на површината на Земјата, протокот на обвивката над јадрото на Земјата и брзината на пресврт на магнетното поле на Земјата, а магнетното поле се генерира длабоко во Земјата во флуидно надворешно јадро од железо и други елементи кои создаваат електрични струи, кои пак произведуваат магнетни полиња. Јадрото е опкружено со обвивка со дебелина од речиси 3.000 km, која иако е направена од цврста карпа, тече многу бавно (mm годишно), а обвивката произведува струи на конвекција кои се силно поврзани со движењето на тектонските плочи, но исто така влијаат на јадрото менувајќи ја количината на топлина што се пренесува преку границата јадро-мантија, сега следи прашањето, дали промените во магнетното поле во близина на местата 24ч до 72ч пред катастрофалните земјотреси, се причина за истите, пропратени со чудни видливи физички промени како што било невремето со грмотевици сега во фебруарскиот период кога се случиле катастрофалните земјотреси во Сирија и Турција се всушност природни појави или некои со нешто го предизвикува тоа, да речеме со HAARP !!?
... структурата на нашата планета се состои од три главни дела, кора, обвивка и јадро кое е жешко и длабоко во центарот на Земјата и е под толку голем притисок што, иако е многу, многу жешко, тоа е цврста метална топка одвоена од остатокот од Земјата со надворешно јадро од течен метал, што значи дека може да се врти независно и не мора да биде синхронизирано со остатокот од планетата.
... големи земјотреси се случуваат на површината на Земјата и испраќаат енергија до крај длабоко низ земјата и повторно назад, така да со следење на овие сеизмички бранови низ Земјата, научниците открија дека имало „мали промени во текот на изминатата деценија“ т.е. внатрешното јадро на Земјата можеби престанало да ротира побрзо од обвивката - делот помеѓу внатрешното јадро и Земјината кора.
... промените во јадрото на Земјата имаат влијание врз луѓето кои живеат на површината на планетата, менувајќи ги работите како навигацијата, па дури и должината на денот, овие движења создаваат магнетна сила која ја опкружува Земјата наречена магнетно поле кое не штити од сончевото зрачење како познатите небесни осветлувања т.н. северна и јужна светлина кои се предизвикани од енергијата од сонцето што го напаѓа магнетното поле на Земјата.
...Земјата, која е како џиновски магнет има и магнетен северен и јужен пол чиј магнетните полови на Земјата се движат, така да 1832 година, северниот магнетен пол се префрлил од северна Канада кон Сибир во Русија, но во последниве години уште побрзо, што морало да се направат измени за навигација за воени и комерцијални авиони, како и за операциите за пребарување и спасување кои оперираат околу Северниот пол.
... Земјиното магнетно поле е исто така одговорно за контрола на тоа колку брзо или бавно Земјата се врти околу својата оска или со други зборови, колку се долги нашите денови, кога деновите се забавуваат, тоа е само за дел од милисекунда, но доволно е што, слично како престапна година, потребни се околу 27 престапни секунди од 1970-тите за да го одржиме точното време, па се смета дека брзината што Земјата ротира околу својата оска постојано се менувала низ историјата, сето тоа поради промената на вртењето на внатрешното јадро.
... се мисли дека внатрешното јадро се врти побрзо од остатокот на планетата, но од изминатата деценија очигледно престанала да го прави тоа, самата улога на внатрешното јадро во одржувањето на магнетното поле на планетата и во влијанието на брзината на ротацијата на целата планета, а со тоа и на должината на еден ден, но внатрешното јадро на Земјата можеби престана да се врти во однос на површината или забавувањето на ротацијата на јадрото прави да изгледа дека се движи наназад во однос на површината!!??
Но што значи тоа?
Останува да видиме!!