Успешно изведена првата трансплантација на срце во Македонија

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Искрено не сум знаела дека постои таква опција да се донира орган од мртво тело а сега се мислам и чудам зашто е ова реткост да се практикува и зашто некој не би сакал да донира органи откако ќе умре живо ме интересира, секоја чест за тимот и за донаторот вакви гестови влеваат надеж во хуманоста.
Досега немаше законска можност за кадаверична транплантација. Донори можеа да бидат само живи. Затоа се пресадуваа само бубрези и коскена срцевина.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
jas sam se prijavuvam,se da mi izvadat sto im treba na zdravstvoto ako dojde do takov moment,KADE DA POTPISAM.
Оди кај матичниот, ќе си потпишеш.
Автоматски споено мислење:

Имате видео од срцето како чука кај примателот на органот, одете на ФБ кај специјализантот. Не мислев дека ќе дочекам нешто вакво убаво да се случи кај нас :cuc:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Жена со машко срце, жално на каков начин го загубила животот.

Моментот кога нејзината фамилијата ќе се сретне со примачот не може
да се опише.
Ти заминува некој и после тоа најобична ситница те потсеќа на таа личност, a не пак кога ќе знаеш дека срцето повторно чука кај друг.
Тешка одлука и за двете фамилии, едните да донираат, а за другите да прифатат ваква операција која значи живот или смрт знаејќи дека да си првиот пациент.

И ваков ден не може без негативни коментари. Не ми е јасно како успеваат некои луѓе да бидат големи гадови.
 
T

Torchyrus

Гостин
Ја имам честа лично да познавам и да бидам многу добар пријател со еден од докторите во тимот кој учествуваше во овој историски зафат.
Едноставно инзвореден човек, ретко се раѓаат такви.
Верувам дека и сите останати инволвирани во ова се со неприкосновен квалитет.
Наклон за сите доктори и фамилиите :cuc:
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.033
Поени од реакции
34.440
Секоја чест за госпоѓата Емилија и нејзиното семејство. Во такви тешки моменти, се одлучиле да спасат три животи.
Секоја чест и за докторите кои ја извршиле оваа операција, што само потврдува дека имаме одличен медицински персонал, во многу лош здравствен систем. Штета што овие личности не излегуваат повеќе во јавност, па глупостите од типот на Цаца им го црнат образот и нив.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Интервју со доктор Сашко Јовев, лидерот на тимот доктори кои ја направија првата трансплантација на срце.

Голем чекор за нашата медицина, браво за сите што учествуваа во овој подвиг.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Секоја чест за докторите,низок поклон до под!
Мислам дека,пресадување на срце,и бели дробови е врв на медицината досега.
Конечно розева вест,во ова корона сивило.
Ама многу,многу се напнувам и нервирам затоа што и ова дело го бројат со политички бои!
Лично познавам девојка од Москва која доби,срце од "донор" од Индија.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Анестезиологов Мојсова два пати го враќаше откај Св. Петар еден мој комшија, неговите по свеќи беа тргнати, одличен интензивист е, не ме чуди што е главен координатор на програмата за дарителство, башка татко и е вардарова легенда :D Шуќур нешто да е изведено од почеток до крај како што треба, се надевам во иднина и по Венко нема идиоти да се докопаат до оваа сфера.

Туку отворете си еден Notepad документ и ctrl c, ctrl v на имињата кои ги постирав на првата страна, ако ви притреба лекар од оваа гранка, бирајте термини кај нив.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Татко ми пред 7/8 месеци ќе го испуштевме од раце да не беше доктор Николиќ кој исто така му изведе доста сложена операција на срцето. И не само тоа,грижата во болницата беше супер, татко ми беше скоро месец под интензивен надзор. Сега е супер а беше скоро парализиран.
Браво за докториве и целиот стручен тим.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Многу се експонира случајов,се руши приватноста на семејствата.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Многу се експонира случајов,се руши приватноста на семејствата.
Семејствата се согласиле на ова. И фала богу ќе се експонира, не го прочита воведниот пост?
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Семејствата се согласиле на ова. И фала богу ќе се експонира, не го прочита воведниот пост?
Не знаеме.Можеби не се согласиле сите членови на семејствата.Тоа нема да го кажат пред камери.
Не мораше медиумиве да им ги објавуваат идентитетите,можеа само иницијали да кажат и пишат.
И двете семејства трпат болки.Едните загубиле сопруга и мајка,а другите стравувале дека ќе загубат сопруг и татко,кој фала Богу се спаси.И семејствата на оние кои ги добиле нејзините бубрези стравувале за нивните сакани.
И на сета нивна болка,новинариве им викаат да раскажат пред камери што било.Многу зрело...
Листата на луѓе на кои им е потребна трансплантација на срце е долга.
Зошто до сега медиумиве не се занимаваа со тоа на колку луѓе во државава им е потребно „ново“ срце?
Каде беа лани докторчињава кога луѓе ги тражеа по ходници?
Ако веќе се откриваат имиња...
Каде беа до сега докторчињава да кажат дека на тој човек му е потребно срце,дека и на други им е потребно?
Зошто не инсистираа порано да се направеше ваква трансплантација?
Да им речеа на политичариве аман,обезбедете средства,изменете закони за да им помогнеме на луѓето...
До пред неколку дена немало услови и оп одеднаш има баш во период пред избори.
И зошто до сега немаше интерес од политичариве за луѓе со срцеви проблеми?
Семејствата се искористени.Објавувањево е мачкање очи,типичен предизборен трик.
 
Последно уредено:

Ok
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Тоа што го направи семејството на Емилија Динева е право херојство, продолжи три животи во оваа земја каде што се е црно. Да се надеваме дека целиот процес ќе биде успешен на долг рок.
Еве размислувам на темава и не знам дали јас би бил подготвен на такво нешто, веројатно не треба и да ни дадат избор, едноставно да се донесе закон по default да се донираат органите, ама нормално - ќе биде кршење на човекови права.
Можам да пишувам уште долго на темава, ама никој не чита долги постови.
Сакам да кажам и за нешто што мене многу лично ми смета (што не значи дека сум во право)... докториве се потепаа од интервјуа, некои заслужено, некои незаслужено, но што е со позирањето за време на операцијата?
Уште па и наместени за фотографирање, мене тоа ми е како непочитување на семејството Диневи. Јас разбирам да се снима операцијата, но оваа приказна треба да има само една фотографија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom