Еден мал апдејт, ако некого го интересираше:
- Во купатилото, сменети се старите метални цевки со пластични. Решено е да се стават новите врз старите плочки, пошто стариве се ептен прејако наместени, со цименто биле лепени и сега не се вадат нормално, туку цели парчиња со се цименто, малтер од ѕидот и големи дупки остануваат. Така ќе одело многу лепак, а да не го заборавиме бесконечното ѓубре и прашина што ќе остане по кршењето. Истово важи и за кујната. И таму исто имаше интервенција на цевката за одвод, ставена е нова и изведено е приклучок за струја и вода за машина за садови ако некогаш се одлучиме да ставиме.
- Електричната инсталација исто доживеа реконструкција. Се изведоа нови штекери и прекинувачи според новите потреби. Ќе се смени цела табла со осигурачи, со нови автоматски и со фид-склопка за заштита на целата инсталација.
- Дупките околу прозорците кои остануваат по монтажата се веќе затворени, а на местото на старите ролетни пошто е огромна дупка, во кнауфот внатре сега има тервол.
- Истовремено се работи на ѕидовите, се крпи тоа што ископа електричарот, се ставаат лајсни на сите ивици и се припремаат ѕидовите за глетовање.
Мајсторите работат одлично и си одржуваат чисто околу, под плакари редовно се мети и брише, се чека прописно што треба да се исуши па да се работи следно итн. Не сме за брзање ни ние ни тие, проценката е дека до крајот на месецов, ќе биде се топ средено.
Сликиве се од пред една недела, така да моментално во уште понапредна фаза е работата.
Прегледај го приврзокот 128326
Прегледај го приврзокот 128327
Прегледај го приврзокот 128328