Уредување на распоред

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Бидејки од факс ич не се организирани, стално ни го менуваат распоредот.

Ни имаат пратено еден кој што не е точен, и како ќе им текне така си прават професориве, значи 5 до 12 ако им текне ќе го сменат распоредот а тоа на мене, и на другите колеги ни пречи.

Барам од вас препорака, ако знаете сајт и по можност апликација за Android / iOS каде што ќе можеме да го поставиме распоредот, и заедно со колегите и колешките да го менуваме во реално време.

Мислам они дека спомнаа нешто некоја апликација виделе на Microsoft Teams дека имало, ама неможам да се сетам како се викаше.


Јас барав на интернет, ама најдов за календар, а мене ми треба за распоред.


Значи нешто како Excel, да се направи распоред и да може да се менува во реално време. Планираме така ние да си менуваме оти од факултетов никако да се средат, сега во некоја транзиција се и измешано е се.

Вие препорачајте ако знаете, а јас со колегите и колешките ќе се договорам па ќе отидеме и ќе им се пожалиме, друго чаре нема.

Ќе ви кажам после на кој факс сум, и зошто ова се дешава вака.
Автоматски споено мислење:

Еве на пример вакво нешто, ама да можат другите колеги и колешки во реално време (кога сакаат, и кога ќе треба) да направат измени во распоредот.
Screenshot_20201106-164536_Google Play Store.jpg

А вака моментално, еден ќе направи распоред, па ќе го изменат и мора јово на ново да се прави распоред.
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
aSc TimeTables е најдобрата програма за генерирање распореди. Многу школи и факултети ја користат.

Не разбирам баш што ќе ти е на тебе и на колегите програма за менување распоред „во реално време“?
Значи факсот ви пушта распоред. После го менуваат и ви го пуштаат новиот распоред. Ќе ви го сменат пак и ќе ви го пуштат новиот распоред.
Нема никаква потреба ти и колегите да менувате распоред „во реално време“.
Да не сакате вие да им го направите?
Тоа е невозможно, не знаете како/кога/каде се зафатени професорите.

Распоредот најчесто се менува затоа што го прави некој нестручен или има многу професори што никој распоред не им одговара освен оној што самите си го замислиле. Или имаат многу други обврски/одат по други факултети и не се усогласени.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Google Spreadsheets со мал фејслифт би ви бркал работа.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Google Calendar, ги внесуваш предметите како recurring events со времетраење од толку до толку и ќе стои во календарот и повторува секоја недела додека не го смениш/избришеш. Второ ако некој професор ви смени време или датум, може да направиш апдејт на тој евент, и таа измена да важи само за таа недела или за сите(reccuring). Полесно од ова амин, затоа што можеш да направиш share на календарот, можеш отворен да го оставиш секој да менува и сл работи.

Во тимс, мислам дека студентите неможат да додаваат ивенти во календарот и сите да ги гледаат, ама не сум сигурен за ова. Кај нас професорите ставаат meetings во календарот.

Оф топик.
Кај нас на факс беше ваков хаос минатиот семестар, кој како ќе му текне и кога сака си закажува, менува. На крајот на семестарот имавме анкети за секој професор, и највеќе за тоа се буневме. Овој семестар им е наредено исклучиво да се држат до распоредот, и искрено многу полесно е со редовни термини, а не цела недела да незнаеш кога ќе ти биде следното предавање, и дали сабајле или касно вечер ќе биде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom