Управно право и постапки

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Врз основа на Законот за општа управна постапка и посебните формални закони по кои работат некои државни органи функционира извршната власт.
Колку колеги правници обрнувате внимание на тоа? Колку обрнувате внимание на тие закони? Сепак, битни се.
Има разлика во однос на граѓанската постапка, а некои наши колеги на пр. пишуваат поднесоци (молби, жалби) до државни органи базирани токму на граѓанско-правни институти, кои изгледаат смешно.
Знам дека повеќето од нас внимаваат најмногу на граѓанскиот дел...но, има случаи и кога се занимаваме со државната администрација, нели?
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Ова го учам сеа во средно.Се поднесува Барање до одредена државна институција за одредена работа и така започнува целата Управна постапка.
 
Или, државната институција ја започнува постапката по службена должност...
Сега, со најновите измени, т.н. молчење на администрацијата ,во рок од 30 дена, се смета за позитивно решавање на барањето.

Понатаму?
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Или, државната институција ја започнува постапката по службена должност...
Сега, со најновите измени, т.н. молчење на администрацијата ,во рок од 30 дена, се смета за позитивно решавање на барањето.

Понатаму?
Хаха ова ми личи ко испрашување:icon_lol:

Во текот на постапката органот на Управата ги превзема сите процесни дејствија преку кои ќе може да донесе Решение во кое ја има конкретната одлука по Барањето или Замолницата.По Решението на странките им е дозволена Жалба во рок од 8 или 15 дена пред Второстепен орган.Доколку Жалбата како редовен правен лек не е уважена, странката како Вонреден правен лек може да поведе Тужба пред Управен Суд.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
140
Поени од реакции
11
Врз основа на Законот за општа управна постапка и посебните формални закони по кои работат некои државни органи функционира извршната власт.
Колку колеги правници обрнувате внимание на тоа? Колку обрнувате внимание на тие закони? Сепак, битни се.
Има разлика во однос на граѓанската постапка, а некои наши колеги на пр. пишуваат поднесоци (молби, жалби) до државни органи базирани токму на граѓанско-правни институти, кои изгледаат смешно.
Знам дека повеќето од нас внимаваат најмногу на граѓанскиот дел...но, има случаи и кога се занимаваме со државната администрација, нели?
па да ти кажам најискрено во адвокатската канцеларија кај што сум јас доста имаме вакви управни предмети.така да несватливо ми е како може некој кој е адвокат да не ја знае оваа постапка и да ја меша со граѓанската.има доста разлики меѓу тие две постапки.според мене треба да се обрне внимание на сите постапки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom