Управа за јавни приходи

  • Креатор на темата Nessa Alcarin
  • Време на започнување
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ај малце помош, зошто навистина незнам што треба да направам. Минатата недела ми стигна писмо Годишен извештај за исплата на приходи на физички лица, со една ставка која содржи Нето исплатени средства, Уплатен персонален данок, Бруто исплатен износ. Писмото е од фирма за која бев дистрибутер пред една година, но што е проблемот. Јас не земав никаков процент од нив, значи не ми исплатија никакви средства, само си купував производи и си ги плаќав на фактура. После зборење со нив ми кажаа дека они платиле се што треба јас само да се пријавам во УЈП. Викам а за што плативте, ми кажаа бидејќи сум ги земала производите по големопродажна цена и сум имала заработка?? Каква црна заработка, жити се, јас денар не задржав за мене.
Сега прашањето ми е. Дали е можно тоа што тврдеа дека имав 10% попуст како дистрибутер, да го сметаат како заработка?
Доколку некој се разбира и сака да ми објасни нека ми пише ПП, па ќе му кажам за која фирма станува збор.
Ви благодарам
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.615
Поени од реакции
10.869
Мора да одиш во ујп и да пријавиш приход за претходната година, плаќаш нешто ситно и тоа е тоа. Како и да е регистрирани се приходи на твоја сметка и мораш да ги регулираш. Во спротивно се соочуваш со санкција.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Мора да одиш во ујп и да пријавиш приход за претходната година, плаќаш нешто ситно и тоа е тоа. Како и да е регистрирани се приходи на твоја сметка и мораш да ги регулираш. Во спротивно се соочуваш со санкција.
Не плаќаш ништо, јас пред некој ден бев да пријавам, само ти даваат формулар да пополниш и тоа е се.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Неса, како и да е мораш годишната даночна пријава да ја доставиш до 15.03.2012

Ќе си земеш образец за Годишна даночна пријава (можеш да ја превземеш од страната на управа за јавни приходи и ќе ја испечатиш) за утврдување на персонален данок на доход. Ќе ја пополниш со истите податоци што ти ги имаат пратено во писмото, и ќе ја доставиш.

Е сега само ќе требаш да ги исконтактираш да видиш на кое бројче (ред) од пријавата да пополнуваш (тие сигурно знаат ќе ти кажат, за полесно да ти е)

Тука е убаво објаснето во видеото (превземи го видеото за водич за пополнување на Годишна даночна пријава)
годишна даночна пријава
Ако имаш прашања прати ми пп.

И не се плаќа ништо.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Фала ви, сега знам што треба да направам. Но јас не се најдов во ни една од групите наброени во видеото, значи ако требало да ми исплатат досега не ми исплатиле ништо. И уште нешто, тоа е остварување за 2010, а сега се пријавува за 2011.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Провери на писмото кој датум ти го пратиле, не ваљда каснат една година.
Мора да е за 2011.

Може нешто пресметувале оваа година. Исконтактирај ги најубаво ќе ти објаснат.
Вака само можеме да погодуваме.

Ќе ти кажат и кое бројче ќе поплниш.
Се најдобро.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Ај малце помош, зошто навистина незнам што треба да направам. Минатата недела ми стигна писмо Годишен извештај за исплата на приходи на физички лица, со една ставка која содржи Нето исплатени средства, Уплатен персонален данок, Бруто исплатен износ. Писмото е од фирма за која бев дистрибутер пред една година, но што е проблемот. Јас не земав никаков процент од нив, значи не ми исплатија никакви средства, само си купував производи и си ги плаќав на фактура. После зборење со нив ми кажаа дека они платиле се што треба јас само да се пријавам во УЈП. Викам а за што плативте, ми кажаа бидејќи сум ги земала производите по големопродажна цена и сум имала заработка?? Каква црна заработка, жити се, јас денар не задржав за мене.
Сега прашањето ми е. Дали е можно тоа што тврдеа дека имав 10% попуст како дистрибутер, да го сметаат како заработка?
Доколку некој се разбира и сака да ми објасни нека ми пише ПП, па ќе му кажам за која фирма станува збор.
Ви благодарам
Дали си го примил нето износот наведен во известувањето, односно дали фирмата ти има исплатено пари на твоја сметка или на рака при што си потпишал прием на парите? Дали имаш склучено договор за извршената работа? Во секој случај, побарај подетални информации од фирмата која тврди дека ти исплатила пари и врз основа на што го сторила тоа. Тоа дали си заработил или не не е битно, битно е дали ти исплатиле или не. Без разлика дали е грешка или не, пополни ја пријавата и поднеси ја, а потоа терај ја правдината (ако немаш примено пари пријави во УЈП на пример).
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Чим фирмата те навела на годишен извештај, и во УЈП те имаат дека си примила пари (барем фиктивно) и затоа поднеси си Годишна даночна пријава.
А, бидејќи не си примила реално пари, пријави го тоа во УЈП.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Вчера пријавив данок врз основа на писмото што го добив. Ништо не платив само пополнив формулар. Девојките беа учтиви па ми означија кои полиња се потребни за пополнување. Сето тоа траеше 10 мин.
Е сега дилемата што ја имав со износот на средства кои треба да ги пријавам. Најверојатно тоа се пари кои ми беа дадени како попуст од страна на фирмата, бидејќи нели сум дистрибутер. Иако се како да кажам „фиктивни пари“, значи никој не ги добива ни ги плаќа, сепак мора да се пријават како приход и да се плати данок за нив. А вториот случај е, јас не сум добила никаков попуст, продуктите сум ги платила со целосна цена, а тие од фирмата ја задржале разликата како попуст, всушност таа заработувачка која требало да ми припадне мене тие си ја задржиле за себе. Е уште да ми текне сега по колку пари ги плаќав јас продуктите (дали по малопродажна или по големопродажна цена) :D
 
Член од
17 октомври 2010
Мислења
52
Поени од реакции
3
Ме интересира дали се плаќа данок за средства кои сте ги добиле преку Western Union , односно при овозможен таканарачен Money Trasfer
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Дали треба да се пријават средства коишто се примени преку moneybookers (заработени преку сајтови за кликање реклами и слично) и уште една работа, при една зделка (продавање на одредени житни култури) парите беа уплатени на мојата трансакциска сметка, дали треба и тие пари да ги пријавам ?
 
Да треба да ги пријавиш парите кои си ги добил преку moneybookers
А за зделката, ако не биле твои пари дали другиот ги пријавил. Ако не ги пријавил тогаш ќе треба ти да ги пријавиш, бидејќи мислам дека имаат можност да ги следат трансакциите од банка
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Да треба да ги пријавиш парите кои си ги добил преку moneybookers
А за зделката, ако не биле твои пари дали другиот ги пријавил. Ако не ги пријавил тогаш ќе треба ти да ги пријавиш, бидејќи мислам дека имаат можност да ги следат трансакциите од банка
Во полето „Опис“ пишува: безготовинско плаќање ХХХ ДООЕЛ, а дали може да се пријави онлине ?
 
Член од
17 октомври 2010
Мислења
52
Поени од реакции
3
Дали некој со сигурност може да одговори дали парите што си ги добил преку Western Union од физичко лице треба да се пријават ? Во различни теми наидувам на различни одговори
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Имам приходи од орочени средства во банка за кои секој месец добивам камата. Дали тоа треба да се пријави?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom