Управа за јавни приходи

  • Креатор на темата Nessa Alcarin
  • Време на започнување
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Не е проблем одењето во УЈП,само не знам кој може тоа да го отпечати.Кој е тој,било кој?
не знам дали се имате пријавено преку страната.
https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam
Кога ќе ги внесете податоците за регистрација, ќе ви излезе пдф документ, ќе го снимите и отпечатите, така пишува.
"Треба да се испечати барањето за регистрација кое ќе се појави по клик на Регистрирај се и да се поднесе во даночна канцеларија на УЈП, лично или преку полномошникот.".
Не сум сигурен до кој чекор сте стигнале.
Ако е за регистрација со полномошно, има опција при регистрацијата да се штиклира таа опција и да се внесат податоци за корисникот и ополномоштеникот.
Ова ќе го отпечатите било кој било каде, како и кој друг фајл кога печатите (во книжарница/копирница, ако немате печатар) и треба да се однесе до УЈП. Не знам дали ова ве интересираше
 
Член од
17 март 2014
Мислења
600
Поени од реакции
1.662
А за тие што не можат сами да си отпечатат?
Кој друг може да го направи тоа?
Мене ми го отпечатија во УЈП и тоа е како документ за регистрација на е-ппд профил за физички лица .
После тоа ќе почекаш некој ден ке ти потврдат од УЈП дека си регистриран/а (преку е-маил) и имаш корисничко име и лозинка за да се логираш тука :
https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152

Фала:)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Кога темава е за УЈП да искористам шанса да прашам.
Каде можам да ги пријавам Македонски Пошти за несоодветно и неправилно работење во поштата спроти Педагошки Факултет во Скопје?
Сигурно има и други како мене...
 
Член од
27 септември 2018
Мислења
46
Поени од реакции
15
Здраво, имам едно прашање во врска со плаќањето персонален данок. Значи имам потпишано договор со една издавачка куќа за преводи, и во договорот ми пишува дека нарачателот на услугата т.е издавачката куќа има обврска да го плати персоналниот данок за услугата. И менаџерот од компанијата ми кажа дека тие треба да го платат персоналниот данок. Прашањето ми е, дали сепак треба да го пријавам приливот на пари на мојата сметка, и покрај тоа што не сум обврзана да го платам персоналецот - тие ќе го платат. Дали сепак имам обврска да го пријавам овој приход? Ви благодарам однапред за одговорот
 
B

Bafra

Гостин

Сега не треба ништо да пријавуваш.
Во Јануари 2019 ќе си побараш потврда од компанијата колку ти исплатиле нето и колку персонален данок платиле во твое име.
Штом исплаќаат преку епдд системот, ујп си им евиденција.
 
Член од
27 септември 2018
Мислења
46
Поени од реакции
15
Сега не треба ништо да пријавуваш.
Во Јануари 2019 ќе си побараш потврда од компанијата колку ти исплатиле нето и колку персонален данок платиле во твое име.
Штом исплаќаат преку епдд системот, ујп си им евиденција.
Ти благодарам, многу ми помогна, мислев да одам деновиве да се консултирам со некој адвокат ама знам дека на форумов има упатени луѓе па да заштедам време тука да прашам... а сакам и уште нешто да прашам, дали треба да пополнам електронска пријава до 31 декември 2018 нели некои нови правила електронски да сум се регистрирала..?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Ти благодарам, многу ми помогна, мислев да одам деновиве да се консултирам со некој адвокат ама знам дека на форумов има упатени луѓе па да заштедам време тука да прашам... а сакам и уште нешто да прашам, дали треба да пополнам електронска пријава до 31 декември 2018 нели некои нови правила електронски да сум се регистрирала..?
треба

што ме потсети и ја да ја однесам :ROFLMAO:
 
Член од
27 септември 2018
Мислења
46
Поени од реакции
15
Хехехе е да, тука сме да се потсетиме, прашував зашто ова со преводите е единствениот приход што ми мине преку македонска сметка. Златен пајонир :)
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Овие нормални ли се, пред неколку дена пробав да однесам во 15: 40 и ми рекоа дека не работат веќе?!

А на телевизија слушам работеле, не само до 16; 30 туку и прекувремено. Да, можеби на хартија. Па како планираат да завршат со овој нивни научнофантастичен проект? Само третина имаат поднесено барања досега, и тоа сосе многу фирми и државни институции. Тоа значи од другите луѓе сами што си пријавуваат, многу малку. Ова нема да им успее ни до Нова година.
 
Тие се нормални. Ние останатите НЕ сме нормални, што дозволуваме да не третираат како робови, за свој труд и свои пари.
Малку ни е ова, можеме и повеќе да истрпиме :D
 
B

Bafra

Гостин
А и не мора, можете и да се иселите и да им покажете :kuracc:
Тука си во право, само има еден зајеб (не заев). И АУС го има фатено тој правец на социјализам т.е. државниот систем се повеќе да конзумира. Само што огромна површина е, опколена со вода па може да издржи. И најважното, сеуште администрација почитува правила и работи за тоа што е платена
Е до кога ќе покаже времето.

А таму времето е ко жена во пмс. Имаше вчера на кајгана, дека на растојание од 500км имало силен ветар, пожари и снег :D
Плус голем % од животинскиот свет таму е смртоносен за човекот :sakasuste:

Ќе си останам со овие животни тука, бар знам како треба со нив :D
 
Член од
30 јуни 2013
Мислења
5
Поени од реакции
1
Здраво може некој да појасни како се уплаќа персонален данок од интернет заработка
Се најавив на е-ппд и однесов испечатено барање вчера за колку време ке ми одобрат да се логирам ???

И сеа откако ке се логирам треба електронски да поднеснам барање за аконтативна пријава за сумата која сум ја примил на 4-ти декември.Откако ке поднесам тоа они треба да ја одобрат така?
"По одобрување на Електронската пресметка (е-ППД) од УЈП, електронски се доделува Фолио број и се издава Рекапитулација за утврдување на аконтација на персоналниот данок на доход со статус „Одобрена“ и Налог за плаќање на персонален данок на доход, односно налози за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход.
Налогот за плаќање на месечни аконтации на персонален данок на доход должни сте да го платите најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец."

Е сеа не ми е јасно како иде плаќањето со уплатница во банка поточно како изгледа таа уплатница(како се потполнува) потполнета и што е тоа фолио број и ова "Рекапитулација за утврдување на аконтација на персоналниот данок "
е сеа вика плаќање на месечни аконтации али тоа нели е коа имаш повекекратни приходи/примања во еден месец но ја иам еднократен сеа само на 4ти декември и сеа кој е рокот за пријавување и плаќање данок на истиот еднократен приход - или тоа се пријавува под тие месечни аконтации

Знам дека е долго и има многу прашања али ако има некој да ми помогне да успеам да се снајдам некако, се јавив во ујп али како и 90% од вработениве во контакт центари во државни институции не се ни малку заинтересирани да ти објаснат.
 
Не сум правел за себе, па не знам баш како иде, ама би требало да е слично, како за другите кога исплаќаш.
Ти сигурно пополнуваш во системот епдд колку пари си добил. Системот сам пресметува колку данок треба да платиш. Кога ќе завршиш со внес на податоците, би требало да има опција "печати рекапитулација. Ќе си ја испечатиш, во нејзе лево би требало да има фолио број, а десно износот (кај тебе данокот кој треба да го платиш).
Тој лист ќе го однесеш во банка, или електронски сам можеш да извршиш плаќање.
Ќе избереш пп53 мислам беше, ќе го препишеш тој бројот на фолиото лево во полето наменето за него, доле ќе препишеш од листот колку налози се (1,2,3....) десно ќе кликнеш превземи од ујп и ќе си извршиш плаќањето.
Значи не треба со уплатница, туку самиот систем ти изготвува рекапитулар со фолио број, кој или го носиш во банка испечатен, или сам ќе си платиш електронски.

Ако ти е еден прилив, тој ќе си го пријавиш. Имаш добро упатство на ујп сајтот за епдд а и во самиот систем епдд, десно горе како нотес.

Да повторам, не сум правел за себе т.е. за приливи од странство, па провери прочитај/прашај друг уште еднаш. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom